Национално народно собрание

врховен законодавен орган на НР Кина

Националното народно собрание (кинески: 全国人民代表大会; пинјин: Quánguó Rénmín Dàibiǎo Dàhuì), скратено: ННС (人大; Rén-Dà) — еднодомниот законодавен дом (парламент) на НР Кина. Заседава во Големата народна сала во Пекинг и има 2.987 пратенички места. Со тоа е најголемиот парламент во светот.[1] ННС заседава секоја година заедно со Народното политичко советодавно собрание (НПСС), чии членови претставуваат разни општествени групи. Овие две тела заедно се нарекуваат „лиангхуј“ (две средби) и играат клучна улога во политичкиот живот на земјата.

Национално народно собрание

全国人民代表大会

Чуенгуо женмин дајбјао дахуј
XII Национално народно собрание
I пленарна седница
Coat of arms or logo
Тип
Тип
Водство
Џанг Деѓанг, КПК
од 14 март 2013
I Потпретседател
Ли Џенгуо
Генерален секретар
Ванг Чен
Состав
Места2.987
Политички групи
  •      КПК (2.157)
  •      Обединет фронт (830)
Избори
Последни избори
5–17 март 2013
Зборно место
Голема народна сала, Пекинг
Мрежно место
npc.gov.cn
Народна Република Кина

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Кина



Големата народна сала навечер

Во теорија, ННС е највисокиот државен орган во земјата со големи уставно-пропишани законодавни надлежности. Од 1990-тите наваму ННС претставува форум за расправање и усогласување на разликите помеѓу разните делови на партијата, владата и општествените групи. Меѓутоа, и покрај ова, извесни надворешни аналитичари сè уште го сметаат за „партиски апарат за дигање раце“.[2]

Надлежности и должности

ННС има низа надлежности и должности, меѓу кои се избирањето на претседателот на државата и одобрување на назначениот премиерот на Државниот совет и работните извештаи на државниот врв. Согласно уставот, секојдневната работа на установата ја врши Постојаниот комитет.

Избирање на пратениците

Собранието има околу 3.000 пратеници, кои се бираат за мандат од пет години преку повеќестепен застапнички изборен систем. Пратениците се бираат на покраинските собранија, чиј состав пак се бира на собранија од понизок ранг, и така сè до собранијата што се избираат непосредно од гласачкото тело.

Постојат ограничувања на бројот на претставници. На државно ниво, тоа се 110 кандидати за 100 места, а на покраинско ниво соодносот е 120 кандидати за 100 места. Овој сооднос се зголемува во секој нареден степен assemblies, сè до најдолниот (селска заедница) каде нема ограничувања. Официјалниот став е дека бројот на кандидати треба да е поголем за 20% до 50% од бројот на пратенички места.

Пратеници на досегашните заседанија[3][4][5]

ЗаседаниеГодинаПратенициБрој
на жени
%
жени
Малцински
пратеници
%
малцински
I195412261471217814,5
II1959122615012,217914,6
III1964304054217,837212,2
IV1975288565322,62709,4
V1978349774221,238110,9
VI1983297863221,240313,5
VII1988297863421,344514,9
VIII199329786262143914,8
IX1998297965021,842814,4
X2003298560420,241413,9
XI2008298763721,341113,8
XII2013298769923,4

Президиум

Президиумот на ННС е тело на ННС со 178 члена.[6] Се состои од виши функционери на Комунистичката партија (КПК), државата, некомунистичките партии (Обединет фронт) и Секинескиот индустриско-трговски сојуз (中华全国工商业联合会), независни членови, началници на државните служби и народните организации, најистакнати членови на сите 35 делегации на заседанијата на ННС (вкл. оние од Хонгконг и Макао) и војската (Народна ослободителна армија).[6] Овој орган ги предлага претседателот и потпретседателот на државата, претседателот, потпретседателот и генералниот секретар на Постојан комитет на ННС, претседателот на Централниот воен комитет и претседателот на Врховниот народен суд. Сите предложени лица потоа одат на гласање пред ННС.[7] Функциите на телото се пропишани во Органскиот закон на ННС, но не и неговиот состав.[7]

Постојан комитет

Постојаниот комитет на ННС е траен орган со состав избран од пратениците и се состои од следниве функционери:[8]

  • претседател
  • потпретседател
  • генерален секретар

Досегашни претседатели на собранието

  • Лиу Шаочи 1956-1959
  • Џу Де 1959-1976
  • Сунг Чинглинг 1976-1978
  • Је Џенјинг 1978-1983
  • Пенг Џен 1983-1988
  • Ван Ли 1988-1993
  • Чао Ше 1993-1998
  • Ли Пенг 1998-2003
  • Ву Банггуо 2003-2013
  • Џанг Деѓанг 2013–

Поврзано

Наводи

Надворешни врски



39°54′12″N 116°23′15″E / 39.90333° СГШ; 116.38750° ИГД / 39.90333; 116.38750

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица