Комунистичка партија на Кина

Комунистичка партија на Кина или КПК (кинески: 中国共产党; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng) — државотворна и владејачка партија во Народна Република Кина. Иако формално владее во коалиција со Обединетиот фронт на други партии,[4] во практика, КПК раководи со земјата во еднопартиски систем,[5] запазувајќи ја унитарноста на управата и централизмот на државата, војската и медиумите.[6] Правото на владеење на партијата е втемелено во уставот на државата, и истата е поставена над законот, што се должи на нејзините ленинистички корени.[6][7] Тековен партиски водач е Си Ѓинпинг,[1] кој е на функцијата Генерален секретар на Централниот комитет.

Комунистичка партија на Кина
中国共产党
кинески name中国共产党
Генерален секретарСи Ѓинпинг[1]
Постојан комитет на политбиротоСи Ѓинпинг
Ли Кеќанг
Џанг Деѓанг
Ји Џенгшенг
Љу Јуеншан
Ванг Чишан
Џанг Гаоли
Основана1 јули 1921 (1921-07-01)
ШтабЏунгнанхај, Пекинг
МладинаСојуз на комунистичката младина на Кина
Млади пионери на Кина
Членови  (крај на 2012)85.127.000[2]
Идеологијамаоизам,
марксизам-ленинизам,
денгизам,
три претстави,
научен развој[3]
Меѓународна припадностКоминтерна (порано)
Меѓународна средба на комунистички и работнички партии
Национално народно собрание
2.099 / 2.987
Мрежно место
cpc.people.com.cn
Знаме
Политика на НР Кина
Политички партии
Избори
Народна Република Кина

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Кина



Податотека:XVII Congress CPC (foto 3).JPG
XVII собрание на КПК во 2007 г

Во текот на нејзината историја како владејачка партија, покрај официјалниот марксизам-ленинизам, во партијата постојат и неоформални табори со олигархиски карактер што застапуваат потрошувачки и неолиберални гледишта, како и левичарски табори што ѝ го оспоруваат правото на партијата и другите табори.[8]

Партијата е основана во јули 1921 г. во Шангај.[9][10][11] По долготрајната граѓанска војна, КПК извојувала победа над Куоминтангот и во 1949 г. завладеала со цела континентална Кина.[12] Куоминтангот се повлекол на островот Тајван, со кој владее и денес.

Историјата на партијата пред и по основањето на НР Кина бележи разни борби за превласт на идеологиите, од кои најдраматична е деструктивната Културна револуција. Во прво време партијата членувала во Коминтерната, но во 1960-тите дошло до идеолошко разидување со Комунистичката партија на СССР и раскинување на меѓусебните врски. Во следниот период, партиската идеологија доживеала преобразба под водство на Денг Сјаопинг, усвојувајќи го моделот на пазарна економија, што овозможил силен и долготраен економски раст и развој.[13]

КПК е најголемата политичка партија на светот,[14] со повеќе од 80 милиони членови[15] кон крајот на 2010 г. или 6,0% од населението. Речиси сите функционери и чиновници во државната и воената управа се членови на партијата.[16] Почнувајќи од 1978 г., партијата настојува да ги институционализира сите политички промени, обраќајќи големо внимание на целовитоста на структурата. Денес таа полага особено значење на единството во партијата, избегнува секакви јавни судири и функционира по пат на отворен демократски централизам.

Организација

Организациската структура на партијата доживеала колапс за време на Културната револуција, пред да биде повторно изградена од Денг Сјаопинг, кој го вратил државниот апарат во рацете на партијата.

Во теорија, највисокиот орган на партијата е Националниот конгрес на КПК, кое се состанува барем еднаш на пет години. Најважни органи уредени со уставот на партијата се:

Организации во надлежност на Централниот комитет

Други централни организации во непосредна надлежност на Централниот комитет на партијата се:

  • Општа служба[17]
  • Централно организациско одделение;
  • Централно одделение за пропаганда;
  • Централно одделение за меѓународни врски;
  • Централно одделение за работа со Обединетиот фронт;
  • Централна служба за политичко истражување;
  • Централна служба за работа со Тајван;
  • Централна служба за односи со јавноста;
  • Централна безбедносна служба;
  • Централно партиско училиште;
  • Народен дневник“ (партиско гласило);
  • „До вистината преку фактите“;
  • Центар за истражување на историјата на партијата;
  • Партиски центар за истражување;
  • Централна служба за составување и превод

Покрај ова, постојат разни одбори и предводни групи со партиска и државна надлежност. Во нив членуваат повисоките државни функционери заклучно со претседателот и премиерот. Најважни се:

  • Комисија за политички и законодавни работи на ЦК на КПК;
  • Централна предводна комисија градење на духовна цивилизација (пропагандна комисија);
  • Централен одбор за опфатно раководење со општествениот поредок;
  • Државен одбор за реформи во јавниот сектор;
  • Централна предводна група за финансови работи;
  • Централна предводна група за финансово-економски работи;
  • Централна предводна група за тајвански работи;
  • Централна предводна група за надворешни работи;
  • Централна предводна група за државна безбедност;
  • Централна предводна група за рурални работи;
  • Централна предводна група за градење на партијата;
  • Централна предводна група за пропагандно-идеолошки работи;
  • Централна предводна група за борба против порнографијата и протизаконските изданија;
  • Централна предводна група за спречување на и справување со отстапничките организации (особено Фалун гунг);
  • Централна предводна група за запазување на стабилноста;
  • Централна предводна група за системски реформи во културата;
  • Централна предводна група за хонгконшки и макајски работи;
  • Централна предводна група за борба против митото;
  • Централна предводна група за заштита на партиските тајни;
  • Централна предводна група за унапредување на партиската организација меѓу народот и обука на партиските членови;
  • Централна предводна група за работа со Тибет;
  • Централна предводна група за работа со Синѓанг;
  • Централна предводна група за противкорупциско воспитување.

Секои пет години партијата свикува Национален конгрес со две формални функции: да разгледува и усвојува измени во уставот на партијата и да избира Централен комитет со околу 300 члена. Централниот комитет пак, ги избира членовите на Политбирото. Во практика, составот на Централниот комитет и Политбирото се определува пред свикувањето на собранието, а главната цел на самото собрание е да ги објави целите и плановите на партијата за следните неколку години.

Центарот на моќта во партијата е содржан во Постојаниот комитет на Политбирото. Членовите на овој комитет и Политбирото се определуваат зад затворени врати вон собранието. Новиот состав на врховното раководство се објавува на заобиколен начин преку распоредот на портретите во партиското гласило „Народен дневник“. Бројот на членови на Постојаниот комитет се разликува во зависност од мандатот, со тенденција на зголемување.

Постојат уште две партиски организации од клучно значење: формалната управа (влада) и Народноослободителната армија (вооружените сили на Кина). Главните органи што вршат надзор и контрола на војската се Централниот воен комитет и Општото политичко одделение.

Покрај нив, постојат советодавни комитети како Народното политичко советодавно собрание.

Табори

Според стручната јавност, партијата има два табора.[18] Едниот е наречена „Шангајска клика“ или „Елитисти“ и се состои од функционери што дошле на позициите од понапредните покраини. Другиот се нарекува „Народна клика“ и се состои од функционери што се издигнале во хиерархијата претежно од руралната внатрешност, преку учество во Сојузот на комунистичката младина на Кина. Помали неформални групи се „Чингхуа“ и погрдно наречените „Престолонаследници“, кои се деца или роднини на претодни функционери. Двата табора се надополнуваат и имаат свои стручности и не дозволуваат соперништвото да ѝ наштети на партијата. Ова е постигнато благодарение на мошне претпазливиот пристап за да се добие рамнотежа помеѓу таборите. Ваквата поставеност на власта се нарекува „една партија, два табора“.

Дисциплина

Установата задолжена за борба против корупција е Централната комисија за дисциплинска инспекција, која врши истрага и ги гони осомничените во доверливи услови. Нејзините овластувања и надлежности се независни од редовната полиција и редовното судство бидејќи така би подлежеле на влијанија и ургенции од локалните кадри. Во методите спаѓаат силни притисоци и закани од физички и психолошки карактер. Системот е многу успешен во борбата против корупцијата, отстранувајќи голем број на корумпирани функционери, меѓу кои и некои многу моќни државници.[19]

Историја

Местото каде се одржалo првиот собрание (конгрес) на КПК (јули 1921) во Шангај.
Пано во чест на Денг Сјаопинг и неговата замисла за Кина.

Партијата води потекло од Четворомајското движење (1919), со кое интелектуалците усвоиле радикални идеологии како анархизмот и комунизмот.[20] Идеологијата на КПК претрпела големи измени од нејзиното основање и доаѓање на власт во 1949 г. до денес. Револуцијата на Мао Цетунг на која почивала партијата номинално се засновала на марксизам-ленинизам со осврт на руралните подрачја како главна проблематика во земјата во тоа време. Во текот на 1960-тите и 1970-тите, партијата претрпела голем идеолошки пресврт и ги раскинала врските со Комунистичката партија на СССР под водство на Никита Хрушчов и Леонид Брежнев. Според тогашната Маова селанска идеологија, државата треба да биде под „постојана и непрекината револуција со диктатура на пролетаријатот“. По успехот на социјалистичката револуција, на дневен ред дошла културата во земјата, доведувајќи до Културната револуција. Овој спој на идеи подоцна е наречен маоизам, силна идеологија во противположба на советскиот „марксистички ревизионизам“.

Меѓутоа, по смртта на Мао во 1976 г., новиот водач Денг Сјаопинг покренал темелни економски реформи, воведувајќи „социјализам со кинески одлики“.[21] Отфрлајќи ги „крајно левичарските“ елементи од маоизмот, Денг ги предводел реформите со тврдењето дека социјализмот не е спротивен на и нескладен со пазарната економија. Системот останал еднопартиски и авторитарен, но промените во политиката донеле значаен економски раст и развој.[22] Меѓутоа, самата идеологија се судрила со маоистите и прогресивните либерали. Овие несогласување, заедно со други општествени фактори, довеле до познатите протести на плоштадот „Тјенанмен“ во 1989 г. Денговата замисла за успешни економски остварувања и новиот социјалистички пазарен модел биле усвоени и втемелени во уставот на партијата од 1997 г. како идеологијата денгизам.

Раководството од „третото поколение“ на чело со Џанг Цемин, Џу Женгџи и нивните колеги продолжиле да ја водат земјата според начелата на денгизмот, дополнета со повторното заживување на кинескиот национализам во 1990-тите и негово неформално прифаќање како начело на партијата. Како дел од Џанговата оставнина, во 2003 г. партијата ги усвоила неговите „три претстави“ како идеолошки начела, каде се бара партијата да ги претставува (застапува) „напредните производни сили, прогресивната насока на кинеската култура и фундаменталните интереси на народот.“ Постојат различни толкувања за овие начела, меѓу кои и она со кое се дава легитимитет навлегувањето на олигарси во партијата.

Постојаната и исклучива насоченост кон економскиот развој довела до најразлични сериозни општествени проблеми. Раководството од „четвртото поколение“ предводено од Ху Ѓинтао и Вен Ѓабао стапило на сцената во 2003 г. со обид да го измени овој неповолен тренд со мешан пакет од економско-социјални мерки. Оваа нова идеологија подразбирала создавање на „социјалистичко складно општество“ преку концептот на научен развој.

Со текот на економската либерализација, моќта на партијата врз државата постепено се намалувала. Со сите меѓувремени измени, денешната КПК нема многу сличности со начелата на нејзините основачи. Во 2000-тите, партиското раководство ја разгледуало можноста за отфрлање на поимот „комунистичка“ од името на партијата, но решиле да не ја направат ваквата промена, плашејќи се дека ќе има одметнати политичари што ќе основаат нова комунистичка партија.[23] Највеќето комунисти денес ја осудуваат КПК како капиталистичка. Особено спротивставени на нејзината политика се антиревизионистите и приврзаниците на Кинеската нова левица во рамките на самата партија.

КПК раководи со земјата во еднопартиски систем на управување, со тоа што постојат и други партии, кои одговараат на Одделението за работа со Обединетиот фронт и не се независни и опозициски. Опстојувањето на еднопартискиот систем се делумно должи на антиколонијалната и „народноослободителна“ историска улога на партијата, како и поради искуствата од масовните безредија и уништувања за време на Културната револуција, кога политичката клима била јасно спротивставена на партијата.[23]

Тековно раководство

Членовите на Постојаниот комитет на Политбирото на ЦК на КПК се:

Бр.СликаИнформацииПартиски функцииФункции
I
[24]
Си Ѓинпинг
ИмеСи ЃинпингГенерален секретар на ЦК на КПК
Претседател на Централниот воен комитет на КПК
Претседател на НР Кина
Претседател на Централниот воен комитет на НР Кина
Родно местоСиченг, Пекинг
Пратеник одШангај
Членува од22 октомври 2007
II
[24]
ИмеЛи КеќангПартиски секретар на Државниот совет на НР КинаПремиер на Државниот совет на НР Кина
Родно местоДингјуен, Анхуеј
Пратеник одШандунг
Членува од22 октомври 2007
III
[24]
Џанг Деѓанг
ИмеЏанг ДеѓангПартиски секретар на Постојаниот комитет на Националното народно собраниеПретседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание
Родно местоТајан, Љаонинг
Пратеник одЏеџанг
Членува од15 ноември 2012
IV
[24]
Ји Џенгшенг
ИмеЈи ЏенгшенгПартиски секретар на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собраниеПретседател на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собрание на Кина
Родно местоШаосјинг, Џеџанг
Пратеник одХубеј
Членува од15 ноември 2012
V
[24]
Лиу Јиншан
ИмеЛиу ЈиншанПрворангиран Секретар на Секретаријат на ЦК на КПК
Претседател на централната предводна комисија за изградба на духовна цивилизација
Претседател на Централното партиско училиште на КПК
 
Родно местоБајрак Десен Тумед, Внатрешна Монголија
Пратеник одВнатрешна Монголија
Членува од15 ноември 2012
VI
[24]
Ванг Чишан
ИмеВанг ЧишанСекретар на Централната комисија за дисциплинска инспекција 
Родно местоТјанџен, Шанси
Пратеник одПекинг
Членува од15 ноември 2012
VII
[24]
Џанг Гаоли
ИмеЏанг ГаолиЗаменик-партиски секретар на Државниот совет на НР КинаПрв вицепремиер на Државнот совет на НР Кина
Родно местоЏинџанг, Фуџен
Пратеник одТјенѓин
Членува од15 ноември 2012

Членови на Политбирото на ЦК на КПК:

Членови на Политбирото на XX ЦК на Кинеската комунистичка партија[25]
ИмеКинескиЧСРоденПЧРодно местоОбразованиеБр. на функцииНав.
Ванг Ји王毅нов19531981Пекингпостдипл.[26]
Ванг Хунинг王沪宁стар19551984Шангајпостдипл.[27]
Динг Сјуесјанг丁薛祥стар19621984Ѓангсупостдипл.[28]
Јин Ли尹力нов19621980Шандунгпостдипл.[29]
Јуен Ѓаѓуен袁家军нов19621992Ѓилинпостдипл.[30]
Ли Ганѓе李干杰нов19641984Хунанпостдипл.[31]
Ли Ќанг李强стар19591983Џеѓангпостдипл.[32]
Ли Си李希стар19561982Гансупостдипл.[33]
Ли Хунгџунг李鸿忠стар19561976Шенјангпостдипл.[34]
Ли Шулеј李书磊нов19641986Хенанпостдипл.[35]
Љу Гуоџунг刘国中нов19621986Хејлунгѓангпостдипл.[36]
Ма Сјингжуеј马兴瑞нов19591988Хејлунгѓангпостдипл.[37]
Си Ѓинпинг习近平стар19531974Пекингпостдипл.[38]
Хе Вејдунг何卫东нов19571978Фуѓендодипл.[39]
Хе Лифенг何立峰нов19551981Гуангдунгпостдипл.[40]
Хуанг Кунминг黄坤明стар19561976Фуѓенпостдипл.[41]
Цај Ќи蔡奇стар19551975Фуѓенпостдипл.[42]
Чен Венќинг陈文清нов19601983Сечуанпостдипл.[43]
Чен Ѓининг陈吉宁нов19641984Љаонингпостдипл.[44]
Чен Минер陈敏尔стар19601982Џеѓангпостдипл.[45]
Џанг Гуоќинг张国清нов19641984Хенанпостдипл.[46]
Џанг Јоусја张又侠стар19501969Пекингпостдипл.[47]
Џао Леѓи赵乐际стар19571975Шандунгпостдипл.[48]
Ши Тајфенг石泰峰нов19561982Шансипостдипл.[49]


Members of the Секретаријат на ЦК на КПК:

Водачи на партијата

Портрет на Мао Цетунг над влез во Забранетиот град.

Од 1921 до 1943 г. на чело на партијата стоел Генерален секретар на КПК:

  • Чен Дусју (1921–1922 и 1925–1927)
  • Чи Чубај (1927–1928)
  • Сјанг Џунгфа (1928–1931)
  • Ли Лисан (в.д., 1929–1930)
  • Ванг Минг (в.д., (1931)
  • Бо Гу, наречен и Чин Бангсјен (в.д., 1932–1935)
  • Џанг Вентјен, наречен и Луо Фу (в.д., 1935–1943)

Во 1943 г. е создадена функцијата Претседател на КПК.

  • Мао Цетунг (1943–1976)
  • Хуа Гуофенг (1976–1981)
  • Ху Јаобанг (1981–1982)

Во 1982 г. е укината функцијата „претседател“ и функцијата генерален секретар (која ја извршувало истото лице) повторно станала врховна.

Поврзано

Наводи

  • McGregor, Richard. The Party: The Secret World of China's Communist Rulers. Harper Perennial: New York, 2012. ISBN 978-0-06-170876-3.
  • Yoshihiro, Ishikawa. The Formation of the Chinese Communist Party translated by Joshua A. Fogel (Columbia University Press; 2012) 503 pages; A study of the party's creation that documents its foreign associations; draws on newly released documents in Chinese, Japanese, and Russian.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица