Никола Саркози

Никола Саркози (француски: Nicolas Sarkozy) (роден на 28 јануари во Париз, Франција) е поранешен претседател на Франција, во периодот од 2007 до 2012 година.

Никола Саркози
Никола Саркози

Никола Саркози


Мандат
16 мај 2007 – 15 мај 2012
ПретходникЖак Ширак

Роден28 јануари 1955
Париз, Франција
ПартијаУнија за популарно движење
СопружникСесил Сигане-Албенис (развод), Карла Бруни
РелигијаКатолик

Животопис

Политичка кариера

Саркози бил избран на функцијата претседател по победата над кандидатката на француските социјалисти, Сеголен Ројал (Ségolène Royal) во вториот изборен круг. Пред да стане претседател, тој бил водач на десно-ориентираната Унија за популарно движење. Во периодот од мај 2002 до март 2004 година бил министер за внатрешни работи, а потоа од март 2004 до мај 2005 година бил министер за финансии, за повторно да биде назначен за министер за внатрешни работи од 2005 до 2007 година.

Во февруари 2016 година, Саркози бил на распит кај истражните судии поради обвинението за незаконско финансирање на својата претседателска кампања во 2012 година. Имено, според завршната сметка за изборната кампања, Саркози го надминал дозволениот износ на пари, одреден со француските закони.[1]

Наводи


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица