Нова Земја

руски архипелаг во Северноледениот Океан

Нова Земја (руски: Новая Земля) — архипелаг во Северноледениот Океан во северна Русија, чиј ’рт Флисингски е најисточната точка во Европа. Архипелагот претставува реон во состав на Архангелската област[1] и урбан округ на општинско ниво.[2] Населението брои 2.429 жители (2010), од кои 1.972 живеат во административниот центар Белушја Губа.[3]

Нова Земја
руски: Но́вая Земля́
Карта на Нова Земја
Географија
МестоСеверноледен Океан
Координати74°N 56°E / 74° СГШ; 56° ИГД / 74; 56
Поголеми острови2
Површина90.650 км2
Највисоко издигнување1.547 м
Управување
Федерален субјектАрхангелска област
Најголема населбаБелушја Губа (pop. 1,972)
Демографија
Население2,429 (2010)


Нова Земја во рамките на Русија
Местоположба на Нова Земја во рамките на Русија
Грбот на Нова Земја

Домородното население се состоело од 50–300 Ненци,[4] што се занимавале претежно со риболов, лов со стапици, чување ирваси и лов на бели мечки и фоки. Живееле на островите од 1872[5][6] до 1950-тите, по што биле преселени на копното поради атомските проби.[7][8]

Архипелагот се состои од два главни острова (Северен и Јужен) одделени со тесниот Маточкинов Проток и повеќе мали островчиња. Зафаќа вкупна површина од 90.650 км2 и ги двои Баренцовото и Карското Море.

За време на Студената војна, на овие острови се изведувале разни значајни воени вежби и проби, командувани од базата во Рогачево. Војската е присутна и денес. На 30 октомври 1961 г. тука е фрлена познатата „Цар-бомба“ — најсилната пукната атомска бомба во историјата.

Природна околина

Нова Земја е продолжеток на северниот дел на Урал,[9] па затоа внатрешноста на островите е сосем планинска.[10] Меѓу Јужниот Остров и копното се протега протокот Карска Врата.[10] Планините достигнуваат надморска височина од 1.547 м.[11] На Северниот Остров има поголем број на ледници, додека пак јужниот се одликува со тундра.[7] Природните ресурси се застапени со бакар, олово и цинк.[7]

Екологијата е ограничена од суровата клима, но сепак подрачјето има разновиден жив свет. Меѓу позабележителните жители на островите е белата мечка, чија популација околу Баренцовото Море е генетски различна од оние на други места.[12]

Поврзано

Наводи

  • Предлошка:RussiaAdmMunRef/ark/admlaw
  • Предлошка:RussiaAdmMunRef/ark/munlist

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица