Општина Македонски Брод

општина во Македонија

Општина Македонски Бродопштина во западниот дел на Република Македонија. Центар на општината е истоимениот град Македонски Брод. Градот е еден од помалите градови во Македонија, кој се наоѓа во Поречката област. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска. Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година кон поранешната Општина Македонски Брод е припоена и Општина Самоков.

Општина Македонски Брод
Општина
Знаме на Општина Македонски БродГрб на Општина Македонски Брод
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеМакедонски Брод
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникЖарко Ристески
Површина
 • Вкупна888,97 км2 (343,23 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно5.889
 • Густина6,6/км2 (17/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+045
Регистарски табличкиMB
Мреж. местоmbrod.gov.mk
Карта на Општина Македонски Брод со селските атари.
Демографска карта на Општина Македонски Брод со селските атари.

Географија

Општинатa Македонски Брод граничи со општините: Желино и Брвеница на север, Студеничани и Сопиште на североисток, Чашка и Долнени на југоисток, Крушево и Вранештица на југ, Пласница и Осломеј на југозапад и Гостивар на северозапад.

Територијата на општината се наоѓа под влијаније на умерено-континентална клима, кој се одликува со ладни и врнежливи зими, суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими. Најтопол месец со средна просечна месечна температура е јули со 25˚C. Најстуден месец со средна просечна месечна температура е декември со -15 до 3˚C. Екстремните температура се движат од 41˚C во август до -27˚C во јануари.

Историја

Според еден надгробен споменик пронајден во селото Крапа, утврдено е дека просторот бил населен со Римјани. Подоцна, со доаѓањето на Словените, во овој крај се доселило словенското племе Берзити, односно Брсјаци.

Во околината на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девини Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка Пешна, сестра на јунакот Крале Марко.

Во градот Македонски Брод и неговата околина биле изградени и голем број цркви, меѓу кои и градската црква Св. Богородица, Св. Димитрија во с. Требино, Св. Никола во с. Пласница, и др.

Стопанство

Буџетот на општината се утврдува со Буџетот на приходите и трошоците на општината. Буџетот на општината содржи биланс на приходи и трошоци на Буџетот, а се однесува за фискалната година од 12 (дванаесет) месеци која почнува од 1 јануари, а завршува на 31 декември од секоја календарска година. Предлогот на Буџетот на општината го утврдува градоначалникот и го доставува до советот на општината за донесување не подоцна од средината на месец ноември. Советот на општината не може да го разгледува Буџетот на општината по истекот на 20 (дена) од доставувањето до советниците на совет на општината.

Во општината Македонски Брод има фабрика за преработување на дрво, 40% од општината е покриена со шума и оваа фабрика денес работи со зголемена продуктивност и делотворност.

„Сувенир“ од Самоков е фабрика за производство на метални производи. Најголем дел од производите се разни видови муниција и експлозивни материјали, како и поправка на оружје. Оваа фабрика е еден од најголемите производители на оружје во Македонија.

Шумарството во Бродскиот регион е една од најзначајните и доста перспективните стопански гранки. Тоа произлегува од фактот што во регионот 50% и повеќе е под шума и е најбогат регион со шуми во Република Македонија. Македонски Брод може да се пофали со голем број планини и врвови, како што се Бушова Планина, Песјак, Солунска Глава, Боро Поле, Добра Вода и др. Надморската височина се движи од 620 до 2.100 м. Тие се испресечени со реки, потоци и долови кои почесто се плитки а поретко се длабоки. Бреговите се благо наклонети, умерено стрмни (во најголем дел), стрмни и многу стрмни (во најмал дел). Наклонот во поголемиот дел се движи околу 11-20 степени. Шумите се претежно проодни и погодни за изградба на патишта, освен стрмните брегови во повисоките делови и во доловите на поголемите реки. За шумарството во општината се грижи Македонски шуми подружница „Јане Сандански“ - Македонски Брод.

Демографија

Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година, општината Самоков беше припоена кон општина Македонски Брод. Денес општината брои 7.141 жител. Во 2004 година општина Македонски Брод имаше 5.517 жители, во 2002 - 5.558 жители. Општина Самоков имаше 1.553 во 2002 и 2.057 во 1994.[2]

Етнички групи во општината (според пописот од 2002):

НародВкупноУдел (%)
Македонци6.92797
Албанци00,0
Турци1812,54
Роми30,03
Власи00,00
Срби200,31
Бошњаци10,01
останати70,10
ВероисповедВкупно
православни6.882
муслимани182
католици4
протестанти0
останати73
ЈазикВкупно
македонски6.929
албански0
турски181
ромски2
влашки0
српски17
бошњачки0
останати12

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Македонски Брод е Жарко Ристески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Македонски Брод е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

  СДСМ: 4 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 2 места
  Независни: 5 места

Администрацијата е составена од следниве сектори и одделенија:

  • Сектор за правни финансиски и општи работи
    • Одделение за правни и општи работи
    • Одделение за финансирање и буџет
  • Сектор за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животната средина
    • Одделение за урбанизам и заштита на животната средина
    • Одделение за комунални дејности и локален економски развој

Општинските органи на Македонски Брод се сместени во зградата на Градското Собрание во градот. Во оваа зграда работат: општинскиот совет, градоначалникот, општинска администрација како и претставници на подрачните единици на министерствата. Прописите на општина Македонски Брод се донесуваат согласно со законот на Република Македонија за локална самоуправа. За некои прописи согласност дава советот на општина и градоначалникот на општината.

Културни и природни знаменитости

Пештерата Пешна

Покрај другите огромни природни богатства во општина Македонски Брод има и голем број на подземни пештери. Поради ова во текот на секоја година се одржуваат разни спелеолошки манифестации во селата каде што се најубавите пештери, тоа се најатрактивните пештери во Македонија и пошироко. Тие се наоѓаат во селата Слатина и Белица.

Од федерацијата за спелеологија побарано е од локалната самоуправа во општината да се одобри градење на главен спелеолошки центар на Балканот во селата со најатрактивни пештери во Македонија.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Македонски Брод претставува град со спортски дух, спортска култура и спортска традиција. Уште од поодамна во Македонски Брод се игра фудбал, а во поскоро време се развиваат и други спортови. Тоа се карате и мал фудбал. Секоја година во периодот на месец Август се одржува традиционален турнир во мал фудбал. Постојат неколку спортови кои оствариле високи резултати. Сите спортски настани се случуваат на градскиот стадион или во спортската сала на СУ “Св. Наум Охридски“

Ловот и риболовот се карактеристични спортови за општина Македонски Брод. На поголем дел од општината тие претставуваат и традиционални спортови кои се пренесуваат од колено на колено, осебено ловот. Во општината има ловно друштво „Песјак“ кое активно работи на заштита на корисниот и реткиот дивеч на територијата на Македонски Брод. Ловното друштво преку зимата хумано се грижи за беспомошните животни. Исто така има и спортско риболовно друштво "Треска" кое активно се крижи за водниот свет низ реката Треска и вештачкото езеро "Козјак". Двете друштва издаваат дозволи за ловење и риболов во определени периоди согласно со законот.Ловењето без дозвола се казнува.

Домот на културата е единствена културна институција во Македонски Брод и регионот. Домот со работа започна во 1981 г. Располага со корисна површина од 750 м2 со концертна сала од 310 седишта. Во составот на Домот работат: КУД “Седми Септември” со фолклорна секција, оркестар и пејачка група, драмско студио, ликовен клуб, библиотека, кино дејност.

Фудбалски клубови

  • ФК Пролетер
  • ФК Сувенир

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица