Падишах

Падишах, понекогаш изречено како Падешах или Падшах (персиски: پادشاه, османски турски: پادشاه, турски: padişah, во превод „господар, крал) — суперлативска титула со персиско потекло, составена од персискиот збор pād „господар“ (или pati од староперсиски) и широко распространетото shāh „крал“[1]. Титулата била користена од неколку монарси кои се сметале дека го поседуваат највисокиот монархистички ранг, приближно еднаков на античкиот персиски поим „Велики“ или „Голем крал“, а подоцна усвоен од пост-ахеменидските и христијанските цареви.

Царски и аристократски титули во Иран, Турција, Кавказ и Пакистан
Сулејман Величествениот, Падишах на Отоманското Царство.
Шах : Цар
Голем крал
Крал : Султан, Султана, Падишах
Кралски Принц : Шехзада (Шехзаде), Мирза
Благороднички принц: Шахибзаде
Благородништво: Наваб, Баиг, Бегзада
Кралско семејство: Дамат
Владини: Лала , Ага, Хазинедар

Претходник на титулата „падишах“ е персиската титула „шахиншах“, што значи „крал на кралевите“. Постои широко распространето верување кај сунитските муслимани дека само Алах може да се нарече крал на кралевите, поради што во сунитските монархии владетелот se нарекува Падишах од неговиот колега.

Титулата „падишах“ била користена владетелите на повеќе држави во Евроазија, имено во Отоманското Царство (15-20 век), Дуранското Царство (1747 - 1823) со центарот на Авганистан, Мугалското Царство (1526 - 1858) и Авганистан (1926 - 1973). Последниот владетел што ја носел титулата падишах бил авганистанскиот монарх Захир-шах (1914-2007). Меѓу Европејците, титулата падишах е аналогна за цар.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица