Паломарска опсерваторија

опсерваторија во Калифорнија, САД

Паломарска опсерваторија англиски: Palomar Observatoryастрономска опсерваторија во приватна сопственост, сместена во округот Сан Диего во Калифорнија, САД. Местото се наоѓа 145 км југоисточно од Лос Анџелес, во Паломарските Планини. Со неа работи Калифорнискиот технолошки институт (Калтех) во Пасадена и нејзините истражни соработници како Лабораторијата за реактивен погон (JPL) и универзитетот „Корнел“.[1]

Паломарска опсерваторија
Palomar Observatory
Куполата на Хејловиот телескоп
ОрганизацијаКалифорниски технолошки институт
Местоокруг Сан Диего, Калифорнија, САД
Координати
33°21′21″N 116°51′50″W / 33.35583° СГШ; 116.86389° ЗГД / 33.35583; -116.86389
Надм. висина1.712 м
Основана1928
Портал
Palomar at Caltech
Телескопи
Хејлов телескоп5,1 м рефлектор
60-инчен телескоп1,5 м рефлектор
„Семјуел Ошин“1,2 м Шмитов
безимен телескоп0,6 м рефлектор

Во состав на опсерваторијата работат неколку телескопи, вклучувајќи го познатиот Хејлов телескоп (5,1 м) и телескопот „Семјуел Ошин“ (1,2 м). Научниот кадар работи и со други инструменти како Паломарскиот интерферометар и историскиот Шмитов телескоп (0,46 м) од 1936 г.

Телескопи

Хејлов телескоп

Хејловиот телескоп има отвор од 5,1 и го носи името на астрономот Џорџ Елери Хејл. Неговата изградба е предложена во 1928 г. Конструиран е од самиот институт Калтех со средства од фондацијата „Рокфелер“. Леќата е избрусена од издржливо стакло од стакларницата „Корнинг“. Во своето време бил најголем телескоп во светот и за првпат е употребен на 26 јануари 1949 г. за NGC 2261.[2] од страна на истакнатиот астроном Едвин Хабл, кој ја имал честа прв да работи со него.

Со Хејловиот телескоп се направени значајни откритија на далечни тела што се квазарите и дал прв непосреден доказ за ѕвездите во далечните галаксии. Со него е проучуван хемискиот состав на галактички облаци, што довело до сознанието за синтезата на елементите во вселената. Има откриено илјадници астероиди.

Други телескопи

Телескопот „Семјуел Ошин“
  • „Шеесетинчен телескоп“ (1,5 м) — сместен во зградата „Оскар Мајер“. Пуштен е во 1970 г. како помошник на Хејловиот телескоп. Со овој инструмент е откриено првата ѕвезда-кафеаво џуџе.[3]
  • „Семјуел Ошин“ (1,2 м) — започнат во 1938 и завршен во 1948 г. Првично се нарекувал „48–инчен Шмитов телескоп“, за во 1986 г. да го добие сегашното име, во чест филантропот Семјуел Ошин.[4] Со овој инструмент е откриена џуџестата планета Ерида.[5] Ова откритие подоцна претставувало повод за научни расправи, што довеле до прогласувањето на Плутон за џуџеста планета.
  • роботски телескоп (0.6 м) изработен во јануари 2006 г. наменет за следење на временските прилики на најголемата Сатурнова месечина — Титан. Се користи и за проследување на набљудувањата на сончевиот Систем направени со телескопот „Семјуел Ошин“.[6]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица