Ерида (џуџеста планета)

Ерида (136199 Ерида, симбол: ⯰)[16] — најмасивната и втора по големина џуџеста планета[а 7] во Сончевиот Систем. Станува збор за деветтото најмасивно тело за кое се знае дека е во орбита околу Сонцето.[а 7] Измерено е дека пречникот изнесува 2326±12 км.[8] Ерида е 27% помасивна од џуџестата планета Плутон, иако Плутон има малку поголема зафатнина.[17] Масата на Ерида е околу 0,27% од масата на Земјата.[10][18]

Ерида Астрономски симбол за Ерида
Ерида (центар) и Дисномија (лево од центарот), снимена Хабл
Ерида (центар) и Дисномија (лево од центарот).
Хабл.
Откривање
Откривач
  • Мајкл Браун
  • Чед Трухиљо
  • Дејвид Рабиновиц[1]
Откриено5 јануари 2005 година[2][а 1]
Ознаки
ЦМП-ознака136199 Ерида
Изговор[а 2]
Наречена по
Ерида
2003 UB313[3]
Орбитални особености[3]
Епоха 9 декември 2014
(ЈД 2.457.000,5)
Афел
  • 97,651 ае
  • 14,602⋅109 км
Перихел
  • 37,911 ае
  • 5,723⋅109 км
  • 67,781 ае
  • 10,166⋅109 км
Занесеност0,44068
  • 203.830 дена
  • 558,04 а
3,4338 км/с
204,16 °
Наклон44,0445 °
35,9531 °
150,977 °
Познати сателитиДисномија
Физички особености
Среден полупречник
1.163 ± 6 км[8][9]
(1,70 ± 0,02)⋅107 км2[а 3]
Зафатнина(6,59 ± 0,10)⋅109 км3[а 3]
Маса
  • (1,66 ± 0,02)⋅1022 кг[10]
  • 0.0028 Земјени маси
  • 0.23 Месечеви маси
Средна густина
2,52 ± 0,07 г/см3[а 4]
0,82 ± 0,02 м/с2
0,083 ± 0,002 g[а 5]
4.364±0.01 км/с[а 5]
25,9 ± 0,5 ч[11]
Албедо0,96+0,09
−0,04
[8]
Површинска темп.најмсреднајг
(approx)30 K42.5 K55 K
Спектрален тип
B−V=0,78, V−R=0,45[12]
18,7[13]
−1,17+0,06
−0,11
[а 6]
40 милиарксек[15]

Ерида била откриена во 2005 година од страна на екипата во Паломарската опсерваторија, под водство на Мајк Браун, и нејзиното откривање било потврдено подоцна истата година. Станува збор за заднептунско тело со големо занесување познати како припадници на Расеаниот Диск. Има една позната месечина, Дисномија. Од 2014 година е на растојание од 96,4 ае од Сонцето,[13] приближно околу трипати подалеку од Плутон. Со исклучокот на некои комети, Ерида и Дисномија се моментално вторите најдалечно познати природни тела во Сончевиот Систем (по откривањето на V774104 во ноември 2015 година, тело на растојание од 103 ае.[19]).[20][а 8]

Бидејќи Ерида одпрвин изгледала поголема од Плутон, НАСА првично ја опишала како десеттата планета во Сончевиот Систем. Ова, како и шансите за откривање на други тела со слична големина, предизвикале Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) за првпат да го дефинира поимот планета. Па така според дефиницијата на МАС донесена на 24 август 2006 година, Ерида е „џуџеста планета“, заедно со телата како што се Плутон, Церера, Хаумеја и Макемаке,[23] со што се намалил бројот на 8 познати планети во Сонечвиот систем, истиот број пред откривањето на Плутон во 1930 година. Набљудувањата на ѕвездените прикривања на Ерида во 2010 година дале резултат дека пречникот изнесува 2326±12 км, сличен на Плутон.[24][25] Откако вселенското летало Нови Хоризонти го измери пречникот на Плутон во јули 2015 година и истиот изнесувал 2372±4 км. па се утврдило дека Ерида има малку помал пречник од Плутон.[26]

Историја

Откривање

Анимација на која е прикажано движењето на Ерида на снимките кои се употребени за нејзиното откривање. Местоположбата на Ерида е прикажана со стрелка. Трите слики се снимени во период од три часа.

Ерида е откриена од странна на екипата на Мајкл Браун, Чед Трухиљо и Дејвид Рабиновиц[2] на 5 јануари 2005 година, од сликите снимени на 21 октомври 2003 година. Откривањето било потврдено на 29 јули 2005 година, во истиот ден кога е потврдено откривањето наМакемаке и два дена подоцна од откривањето на Хаумеја,[27] делумно поради случувањата кои подоцна прераснале во скандал поврзан со Хаумеја. Потрагата од страна на екипата систематски се одвивала неколку години како потрага по големи заднептунски тела во Сончевиот Систем и биле вклучени во откривањето и на други поголеми заднептунци, како што се 50000 Квавар, 90482 Орк и 90377 Седна.

Постојаните набљудувања на екипата биле собрани на 21 октомври 2003 година, користејќи го Шмидовиот телескоп „Семјуел Ошин“ во Паломарската опсерваторија во Калифорнија, но снимката на Ерида не била откриена во тој момент поради нејзиното бавно движење преку небесниот свод: автоматскиот пребарувач на слики на екипата ги отфрлал сите тела кои се движеле со брзина помала од 1,5 арксекунди на час за да го намалат бројот на лажни резултати . Кога била откриена Седна, таа се движела со брзина од 1,75 арксекунди на час, и поради тоа екипата ги препроверила нивните стари податоци со помала граница на аголното движење, пребарувајќи низ претходно отфрлените слики. Во јануари 2005 година, тие го забележале спорото движење на Ерида меѓу позадинските ѕвезди.

Последователни набљудувања биле извршени за да се направи првична проценка на орбитата на Ерида, што овозможило да се процени растојанието до телото. Екипата планирала да го одложи потврдувањето на своите откритија на Ерида и Макемаке сè додека додека не биле извршени понатамошни набљудувања и пресметки, но го потврдиле постоењето на двете тела на 29 јули, кога било објавено откритието на уште едон големо заднептунско тело следено од нивна страна, односно Хаумеја, тело за кое бил поврзан скандал поради откривањето од друга екипа на 27 јули во Шпанија.[2]

Повеќето набљудувања објавени во октомври 2005 година покажале дека Ерида има месечина подоцна наречена Дисномија. Набљудувањата на орбитата на Дисномија им овозможила на научниците да ја определат масата на Ерида, чија вредност во 2007 изнесувала (1,66 ± 0,02)⋅1022 кг,[10] 27 ± 2 % поголема од таа на Плутон.

Име

Атинска слика од Ерида, ц. 550 пне

Ерида е именувана според Ерида старогрчката божица на раздорот и кавгите.[28] Името било доделено на 13 септември 2006 година по невообичаено долгиот период во кој телото било познато под привремената ознака 2003 UB313, која била доделена веднаш од страна на МАС според нивните протоколи за именување на мали планети. Придавката од Ерида е Еридски.

Зина

Поради несигурнста дали новооткриеното тело ќе биде класифицирано како планета или мала планета, поради различните процедури за именување на овие различни видови на тела,[29] одлуката за именување на телото морала да почека одлуката на МАС на 24 август 2006 година.[30] Како резултат, во еден период телото било понато меѓу пошироката јавност како Зина.

„Зина“ било неформално име користено само меѓу екипата која го открила телото. Инспирација за името бил главниот карактер од телевизиската серија Зина: Принцезата воин. Екипата која го открила телото според изјавата на Браун го чувала прекарот „Зина“ за првото тело кое ќе биде откриено од нивна страна и ќе биде поголемо од Плутон. Според Браун,

Го избравме името бидејќи започнуваше на буквата X (планета „X“), звучи митолошки (да, станува збор за ТВ митологија, но Плутон е именуван според лик од цртан филм, така?),[а 9] и (овој дел е всушност вистина) работевме да има повеќе женски божества (пример Седна). Исто така, во тој период, ТВ серијата сè уште одела на телевизија, што покажува колку долго ние сме биле во потрага![32]

„Ние претпоставивме [дека] вистинско име ќе дојде набрзо, [но] но процесот подзапре“, Мајк Браун во едно интервју изјавил,

Ми се јави еден новинар од New York Times кој излезе дека е пријател на еден мој колега од колеџот, [и] јас бев послободен со него отколку кога станува збор за редовниот печат. Тој ме праша, „Кое е името кое го предложивте Вие момци?“ и јас му одговорив, „Па, јас нема да ви одговорам.“ Па тој рече, „Добро, како Вие момци ја нарекувате кога ја спомнувате разговарајќи меѓусебно?“... Колку што јас се сеќавам ова беше единствениот пат кога на некој од печатот и тогаш се рашири насекаде, што на некаков начин предизвика да се чувствувам лошо—како јас да го сакам името.[33]

Избирањето на официјалното име

Уметнички приказ на џуџестата планета Ерида. Овој уметнички приказ е заснован на набљудувањата направени од ЕВА опсерваторија Ла Сила.[34]

Според авторот на научни книги Говерт Шилинг, Браун првично сакал да го именува телото „Лила“, според индиската митологија која го опишувал космосот како исход од играта играна Брама. Името било многу слично со „Лиал“, името на новородената ќерка на Браун. Браун имал на ум да не го изнесува името во јавност сè додека не било официјално прифатено. Тој истото го стори и со Седна една година подоцна, и поради тоа беше под остра критика. Сепак, немаше противење на името Седна, постоело само нарушување на протоколот, и немало други конкурентски имиња предложени за Седна.[35]

Тој ја навел адресата на неговата сопствена мрежна страница објавувајќи го откритето како /~mbrown/planetlila и по хаосот кој следел околу спорот околу откривањето на Хаумеја, заборавил да го смени. Наместо да разлути поголем број на колеги астрономи, тој едноставно изјавил дека мрежната страница била именувана според неговата ќерка и го отфрлил името „Лила“.[36]

Браун исто така шпекулирал дека Персефона, сопругата на богот Плутон, ќе биде добро име за ланетата.[2] Името било употребено неколкупати употребено во научната фантастика,[37] и било добро прифатено од јавноста, победувајќи на анкета спроведена од списанието New Scientist („Зина“, и покрај тоа што било само прекар, било на четврто место).[38] Ова не било можно откако телото било класифицирано како џуџеста планета, бидејќи веќе постои астероид со тоа име, 399 Персефона.[2]

Со разрешувањето на спорот, екипата која го спровела откритието го избрала името Ерида на 6 септември 2006 година. На 13 септември 2006 година ова име било официјално прифатено од страна на МАС.[39][40] Браун одлучил бидејќи телото за подолг период се сметало за планета, заслушувало име од старогрчката или римската митологија, како и останатите планети. Астероидите веќе во поголем дел ги имале заземено старогрчко-римските имиња. Ерида, која Браун ја опишал како негова омилена божица, за среќа не била употребена.[33] Името на еден начин го опишува раздорот во астрономската заедница предизвикан од дебатата околу природата на телото и Плутон.

Класификација

Распределба на заднептунски тела

Ерида е заднептунска џуџеста планета (плутоид).[41] Нејзините орбитални особености особено ја категоризираат како објект од Расеаниот Диск или пак заднептунски објект кој бил „исфрлен“ од Кајперовиот Појас во подалечни и необични орбити следејќи ги гравитациски заемнодејства на Нептун додека се создавал Сончевиот Систем. Иако орбиталната накосеност на Ерида е невообичаена за објектите од Расеаниот Диск, теоретските модели укажуваат на тоа дека телата кои првично биле до внатрешниот раб на Кајперовиот Појас биле расеани во орбити со големи накосувања отколку телата во надворешниот појас.[42] Телата од внатрешниот појас се очекува да бидат помасивни од телата во надворешниот појас, па така астрономите очекуваат да пронајдат повеќе тела со големина како онаа на Ерида во орбити со голема закосеност.

Бидејќи Ерида првично била сметана за поголема планета од Плутон, беше опишана како „десеттата планета“ од страна на НАСА и медиумите.[43] Како резултат на несигурноста на нејзиниот статус, и поради долгата дебата за тоа дали Плутон треба да се смета за планета, МАС определи група на астрономи да осмисли прецизна дефиниција на поимот планета за да се разреши ова прашање. Оваа одлука беше објавена од страна од МАС како дефиниција за планета во Сончевиот Систем која била усвоена на 24 август 2006 година. Во овој период и Ерида и Плутон биле класифицирани како џуџести планети, поим кој е поразличен од дефиницијата на планета.[44] Браун оттогаш изјавил дека ја одобрува оваа класификација.[45] МАС последователно ја додала Ерида на својот каталог на мали планети, означувајќи ја како (136199) Ерида.[30]

Орбита

Орбитата на Ерида (сино) споредено со орбитата на Сатурн, Уран, Нептун, и Плутон (бело/сино). Лаковите под рамнината се нацртани со потемни бои, а црвената точка е Сонцето. Дијаграмот на лево е поглед одозгора, додека пак дијаграммите на десно се различни погледи од рамнината.
Растојанието на Ерида и Плутон од Сонцето во следните 1.000 години.

Ерида има орбитален период од 558 години.[13] Нејзината максимална можна далечина од Сонцето (афел) е 97.65 ае (астрономски единици), додека пак нејзината најблиска далечина од сонцето (перихел) е 37.91 ае.[13] Ерида го достигнала перихелот помеѓу 1698[5] и 1699[46] година, афелот во 1977[46] година и ќе се врати во перихел во 2256[46] до 2258 година.[11] Во моментот, Ерида и нејзината месечина претставуваат најдалечни објекти во Сончевиот Систем, по V774104[19] и со исклучок на кометите со долги периоди и вселенски сонди.[2][47] Приближно 40 познати заднептунски објекти имаат поголема просечна орбитална далечина од оската од 67,7 ае на Ерида, од кои најзначајни се 2006 SQ372, 2000 OO67 и Седна.[4]

Орбитата на Ерида е високо занесена и ја приближува планетата до 37,9 ае од Сонцето, што претставува типичен перихел на расеани објекти. Орбитата навлегува во онаа на Плутон, но не доаѓа до директен судир со Нептун (29,8-30,4 ае). Плутон пак, како и другите плутини, следи помалку накосена и занесена орбита, заштитена од орбиталната резонанса, може да премине преку орбитата на Нептун. Можно е Ерида е во резонантен однос со Нептун, кој изнесува 17:5, но за да се потврди ова потребни се дополнителни набљудувања за да се потврди оваа хипотеза.[48] За разлика од осумте планети чии орбити се главно на истата рамнина со рамнината на Земјата, орбитата на Ерида е многу закосена: навалена е на агол од 44 степени на еклиптиката. За околу 800 години, Ерида ќе биде поблиску до Сонцето од Плутон (погледајте го графикот надесно).

Ерида моментално има привидна светлинска величина од 18,7, што ја прави доволно светла за да биде забележана со некои аматерски телескопи. Користејќи телескоп со отвор 200 mm на кој е монтирана CCD-камера може да се забележи Ерида, доколку условите се поволни.[а 10] Причината поради која не била забележана порано е големата накосеност на нејзината орбита, повеќето потраги за поголеми тела надвор од Сончевиот Систем се претежно сконцентрирани на еклиптичката рамнина, каде што се наоѓаат и повеќето тела.

Поради големата закосеност на својата орбита, Ерида минува низ неколку соѕвездија од традиционалниот зодијак, моментално е во соѕвездието Кит. Во периодот од 1876 до 1929 била во соѕвездието Вајар, а во периодот од 1840 до 1875 била во соѕвездието Феникс. Во 2036 во соѕвездието Риби и ќе остане во ова соѕвездие сè до 2065 кога ќе биде во соѕвездието Овен.[46] Ќе навлезе во северното небо минувајќи преку соѕвездието Персеј во 2128 година и во соѕвездието Жирафа (каде што ќе ја достигне својата најсеверна деклинација) во 2173 година.

Најпознати заднептунци во Сончевиот Систем денес
Тела од Сончевиот СистемV774104Ерида2007 OR10Седна2014 FC692006 QH1812012 VP1132013 FY272010 GB1742000 CR105
Растојание
од Сонцето
(ае)
Моментално~10396,387,485,884,183,383,380,270,660,4
Перхелиј?37,933,076,140,238,380,535,548,544,2
Апхелиј?97,7100,7~936106,996,7~44683,7~673~416
Величина (vmag)24?18,721,421,023,823,523,422,225,224,1
Моменталните растојанија од Сонцето е скоро двапати поголемо од Нептуновата голема полуоска[49]


Големина, маса и густина

Проценки за големината
ГодинаПолупречникИзвор
20051.199 (2.397) km[50]Хабл
20071.300 (2.600) km[51]Спицер
20111.163 (2.326) km[8]Прикривање

Во 2005, пречникот на Ерида преку мерење изнесувал 2397±100 км, употребуавјќи слики од телескопот Хабл.[50][52] Големината на едно тело е определена од неговата апсолутна величина (Н) и албедото (количеството на светлина кое се одбива од телото). На растојание од 97 ае, тело со пречник од 3000 км би имал аголна големина од 40 милиарксекунди[15], кое може да се измери со Хабл. Иако определувањето на големината на толку мали тела е на самата граница на способностите[а 11] на телескопот, сложените техники за обработка на слики како деконвулација, може да се употребат за мерење на аголни големини со доста голема прецизност. [а 12]

ЗемјаДисномијаДисномијаЕридаЕридаХаронХаронНиктаНиктаКерберКерберСтиксСтиксХидраПлутонПлутонМакемакеМакемакеНамакаНамакаХијакаХијакаХаумејаХаумејаСеднаСедна2007 OR102007 OR10ВејвотВејвотКваварКваварВантВантОркОркПодатотека:EightTNOs-mk.svg
Уметничка споредба на Плутон, Ерида, Макемаке, Хаумеја, Седна, 2007 OR10, Квавар, Орк и Земјата заедно со Месечината

Ова значи дека Ерида би требало да има приближно иста големина со Плутон кој има пречник од околу 2372 км. Ова посочува дека албедото од 0,96, е повисоко од било кое големо тело во Сончевиот Систем со исклучок на Енкелад.[8] Се шпекулира дека високото албедо е поради возобновувањето на површинските мразови, процес кој зависи од температурните разлики, кои настануваат заради екцентричната орбита на Ерида кога е поблиску или подалеку од Сонцето.[54]

Во 2007, извршена е низа на набљудувања на најголемите заднептунски објекти со вселенскиот телескоп Спицер, дале проценка за пречникот на Ерида, чија вредност била проценета на 2600 +400/-200 км[51], проценките на Спицер и Хабл се преклопуваат во опсегот од 2400 до 2500 км, односно 4-8% поголем пречник од оној на Плутон. Астрономите се сомневаат дека оската на вртење на Ерида е насочена кон Сонцето, при што нејзината полусфера би била потопла од просечната вредност и би им дала повисоки вредности на инфрацрвените мерења.[9] Па така исходот од прикривањето во 2010 во Чиле е во согласност со резултатот добиен од набљудувањата на Хабл во 2005 година.[9]

Во ноември 2010 год, Ерида била предмет на една од најдалечните ѕвездени прикривања набљудувана од Земјата.[9] Првичните податоци добиени од овој настан предизвикале сомнеж во веродостојноста на претходните проценки за нејзината големина.[9] Екипите кои работеле ги објавиле конечните резултати добиени од набљудувањето од прикривањето во октомври 2011, со проценет пречник од 2326±6 км.[8] Масата на Ерида може да се пресмета со многу поголема прецизност. Според моментално прифатениот период на Дисномија од 15,774 дена[10][55] Ерида е 27% помасивна од Плутон. Ако се користат резултатите од прикривањето во 2011, тогаш Ерида има густина од 2,52±0,07 g/cm3,[а 4] значително погуста од Плутон, што мора да значи дека е составена од карпести материјали.[8]

Моделите на внатрешно загревање преку радиоактивен распад наведуваат дека е можно Ерида да има внатрешен океан со течна вода на границата помеѓу јадрото и обвивката.[56]

Во јули 2015, по изминати десет години, период во кој Ерида се сметала за деветтото најголемо тело во орбита околу Сонцето, при премин со сликите од близина снимени од мисијата „Нови Хоризонти“ беа обезбедени попрецизни информации за определување на зафатнината на Плутон, при што се проценило дека неговата зафатнина е всушност поголема од зафатнината на Ерида.[57]

Површина и атмосфера

Инфрацрвениот спектар на Ерида спореден со тој на Плутон ги покажува означените сличности помеѓу двете тела. Стрелките ги прикажуваат абсорпционите линии на метанот.

Екипата за откривање со својата работа се надоврзала на првичното препознавање на Ерида преку спектроскопски набљудувања направени со 8 метарскиот телескоп Џемини Норт на Хаваи на 25 јануари 2005. Преку инфрацрвените зраци оддадени од телото кое се набљудувало, било откриено присуството на метански мраз, укажувајќи на сличности со површината на Плутон и месечината на Нептун, Тритон.[58]. Поради недостиг на инструмент со кој би можело да се добијат детални снимки од површината на Ерида, таа сè уште е мистерија.

Поради нејзината екцентрична орбта, нејзината површинска температура се проценува дека варира помеѓу 30 и 56 К (-243,2 и -217,2 степени целзиусови).[2]

За разлика од црвеникавата боја на Плутон и Тритон, Ерида е скоро целосно бела.[2] Црвеникавата боја на Плутон се должи на присуството на толини на нејзината површина, каде што е затемнета површината па пониското албедо предизвикува појава на повисоки температури и испарување на наслагите на метан. За разлика, Ерида е доволно далку од Сонцето така што метанот може да кондензира на нејзината површина дури и на места каде што албедото е ниско. Рамномерната кондензација на метанот на површината ги намалува разликите на албедото и би ги покрила наслагите на црвени толини.[59]

Иако Ерида може да биде и трипати подалеку од Сонцето од Плутон, таа се приближува доволно блиску за мразот на површината да започне да сублимира. Бидејќи метанот е високо реактивен, неговото присуство ни покажува дека Ерида отсекогаш била во далечните краишта на Сончевиот Систем каде што е доволно ладно за метанскиот мраз да може да опстои, или пак дека има внатрешен извор на метан за да го замени гасот кој излегува од атмосферата. За разлика од заднептунското тело, Хаумеја, каде што има пристуство на воден мраз но не и на метан.[60]

Месечина

Во 2005, со помош на прилагодливата оптика на Кековиот телескоп екипа на астрономи извршила набљудувања на четирите најсветли заднептунски објекти (Плутон, Макемаке, Хаумеја и Ерида), користејќи го новиот ѕвезден ласерски водич со систем на прилагодлива оптика.[61] Сликите снимени на 10 септември покажале дека во орбитата околу Ерида, постои месечина. Бидејќи веќе прекарот „Зина“ бил во употреба за Ерида, екипата на Браун и дала прекар „Габриела“, десната рака на Зина, принцезата воин0 телевизиката серија. Кога Ерида го добила своето официјално име од МАС,Дисномија, по старогрчка божица на конфликтот која била ќерка на Ерида. Браун вели дека го одбрал името поради сличноста со името на неговата сопруга Дијана. Името го задржало првичното бледо сеќавање за старото име на Ерида, Зина.[62]

Истражување

Пресметано е дека прелетувачката мисија до Ерида би траела 24,66 користејќи ја гравитација на Јупитер, при што поволни датуми на лансирање би биле на 3 април 2032 и 7 април 2044.[63]

Поврзано

Белешки

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица