Паскал (единица)

единица за притисок

Паскал (Pa) е единицата за притисок во SI.

Паскалот се изведува од дефиниционата равенка за притисокоткаде што се добива дека

Значи, притисокот е еден паскал (1Pa) ако на 1m2 површина, нормално дејствува сила со модул од 1N. Во практиката се користат и декадно поголемите единици за притисок, како што се килопаскал (kPa) и мегапаскал (MPa).

Земјината атмосфера врз површината на океанската вода врши притиоск p0=101x325 Pa при температура од 0oC. Овој притисок се смета за нормален атмосферски притисок.

Ова е табела за вредностите на притисокот на различни места:

0.5 PaАтмосферски притисок на Плутон (грубо кажано, податок од 1988)
10 PaЗголемување на притисокот на еден mm воден столб¹
1 kPaАтмосферски притисок на Марс, ∼1 % од атмосферскиот притисок на височината на морето на Земјата
10 kPaЗголемување на притисокот на еден m воден столб¹, или
пад на воздушниот притисок кога се тргнува од нивото на морето до 1000 m надморска височина
101.325 kPaСтандарден атмосферски притисок на нивото на морето на Земјата = 1013.25 hPa
100 MPaПритисок на дното на Маријанскиот Ров, околу 10 км под површината на океанот
10 GPaДијамантите се формираат
100 GPaТеориска сила на затегнување на карбонските нанотуби

¹на Земјината површина

Единици за притисок
паскалбартехничка атмосферастандардна
атмосфера
Милиметар на
живиниот столб
(тор)
фунта на
квадратен инч
Pabaratatmtorrpsi
1 Pa≡ 1 N/m210−51,0197×10−59,8692×10−67,5006×10−3145,04×10−6
1 bar105≡ 106 dyn/cm21,01970,98692750,0614,5037744
1 at0,980665 ×1050,980665≡ 1 kp/cm20,96784735,5614,223
1 atm1,01325 ×1051,013251,0332p076014,696
1 torr133,3221,3332×10−31,3595×10−31,3158×10−3= 1 mmHg19,337×10−3
1 psi6,895×10368,948×10−370,307×10−368,046×10−351,715≡ 1 lbF/in2
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица