Пирин

Пиринпланина во Пиринска Македонија, денес во Југозападна Бугарија. Претставува дел од Рилско-родопскиот Масив. Нејзин највисок врв е Вихрен (2.914 м). Планината е претставена на Грбот на Македонија.

Пирин
Пирин зиме
Највисока точка
ВрвВихрен
Надм. височина2.914 м
Координати41°45′49″N 23°23′58″E / 41.76361° СГШ; 23.39944° ИГД / 41.76361; 23.39944
Величина
Должина80 км север-југ
Ширина40 км север-југ
Површина2585 км²
Географија
ЗемјиБугарија
Вид карпагранит, гнајс, мермер, варовник

Местоположба

Пирин се наоѓа меѓу реките Струма на запад и Места на исток. На север преку Предел се поврзува со планината Рила, а на југ продолжува во Славјанка (Алиботуш).

Релјеф и земјишни облици

Карта на врвови во Северен Пирин
Карта на води во Северен Пирин

Позначајни врвови

Поглед на врв Вихрен од Кутело

На Пирин има два врва со над 2.900 м (Вихрен и Кутело), седум над 2.800 м, седумнаесет над 2.700 м, 32 над 2.600 м и 40 над 2.500 м. Трите највисоки врва се мермерни, а највисоките гранитни врвови (Полежан и Каменица) се наоѓаат на странични краци.

  • Вихрен - 2.914 м (Мраморен дел)
  • Кутело - 2.908 м (Мраморен дел)
  • Бански Суходол - 2.884 м (Мраморен дел)
  • Голем Полежан - 2.851 м (Полежански дел)
  • Каменица - 2.822 м (Каменички дел)
  • Малак Полежан - 2.822 м (Полежански дел)
  • Голема Стража - 2.822 м (Полежански дел)
  • Бајуви дупки - 2.820 м (Мраморен дел)
  • Малка Стража - 2.810 м (Полежански дел)
  • Јаловарник - 2.763 м (Каменички дел)
  • Газеј - 2.761 м (Полежански дел)
  • Кајмакчал - 2.753 м (Полежански дел)
  • Голема Тодорка - 2.746 м (Тодорин дел)
  • Бандеришки Чукар - 2.732 м (Северен централен дел)
  • Џенгал - 2.730 м (Јужен централен дел)
  • Момин Двор - 2.723 м (Јужен централен дел)
  • Башлиски Чукар - 2.720 м (Северен централен дел)
  • Мала Тодорка - 2.712 м (Тодорин дел)
  • Ченгелчал - 2.709 м (Дебел рид)
  • Дисилица - 2.700 м (Полежански дел)
  • Каменишка кукла - 2.690 м (Каменички дел)
  • Куклите - 2.686 м (Каменички дел)
  • Муратов Врв - 2.669 м (Северен централен дел)
  • Џано - 2.668 м (Јужен централен дел)
  • Безбог - 2.645 м (Полежански дел)
  • Сиврија - 2.593 м
  • Синаница - 2.516 м (Синанишки дел)
Највисоките врвови на Пирин Планина.

Пирин како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Пирин планино“ - македонската народна песна.[1]
  • „Планино Пирин планино“ - македонска народна песна.[2]
  • „Од врв Пирин Планина“ - македонска народна песна.[3]
  • „Кажи ми кажи Пирин планино“ - новосоздадена фолк песна на композиторот Кирил Дрангов.[4]

Галериjа

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица