Гранит

Гранитот е едeн од најраспространетите плутонски магматски карпи[1]. Името го добил по зрнестата структура (од латинскoто: grannum што значи зрно). По боја можат да бидат сиви, светлосиви, темносиви и црвеникави. Имаат зрнеста структура, но со мошне големи варијации на зрната. Според големината на зрната се разликуваат:

  • Грубозрнести (со големина на зрната преку 10 mm);
  • Крупнозрнести (5 до 10 mm);
  • Среднозрнести (3 до 5 mm);
  • Ситнозрнести (2 до 3 mm);
  • Мошне ситнозрнести гранити (под 2 mm).
Гранит од националниот парка Јосемит

Гранитите содржат доста кварц (некогаш и 20 до 40%) и фелдспати, со присуство на лискун или некој друг минерал што поблиску го одредува вариететот на карпата. Гранитите се мошне отпорни карпи. Со нивно раздробување се добива гранитски грус. Одејќи од гранитите кон гранодиоритите и диоритите, пропорционално се смалува количеството на кварц и алкални фелдспати, додека количеството на натриумовиот плагиоклас расте.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица