Питом пелин

вид растение
Питом пелин
Пелин
Научна класификација
Царство:Растенија
Нерангирано:Скриеносеменици
Ред:Ѕвездовидни
Семејство:Главоцветни
Род:Пелин
Вид:Бел пелин
Научен назив
Artemisia absinthium
L.[1]
Синоними[2][3]
  • Absinthium bipedale Gilib. nom. inval.
  • Absinthium majus Geoffr.[2]
  • Absinthium majus Garsault nom. inval.
  • Absinthium officinale Lam.[2]
  • Absinthium officinale Brot.
  • Absinthium vulgare (L.) Lam.
  • Artemisia absinthia St.-Lag.
  • Artemisia arborescens var. cupaniana Chiov.
  • Artemisia arborescens f. rehan (Chiov.) Chiov.
  • Artemisia baldaccii Degen
  • Artemisia doonense Royle
  • Artemisia inodora Mill.
  • Artemisia kulbadica Boiss. & Buhse
  • Artemisia pendula Salisb.
  • Artemisia rehan Chiov.
  • Artemisia rhaetica Brügger

Питом пелин (или бел пелин; науч. Artemisia absinthium) — вид растение од родот пелин (Artemisia) кое природно вирее во умерените краишта на Евроазија и Северна Африка. Се одгледува како украсно растение, но и како главна состојка во пијалаци како пелинковецот и апсинтот.

Опис

Ова е билно, повеќегодишно растение со влакнести корења. Стеблата се прави и достигнуваат висина од 0,8–1,2 метри (пореко 1,5 м и повеќе) и се зажлебени, разгранети и сребренозелени по боја. Листовите се распоредени во вител, зеленкасто сиви на лицето и бели на опачината, прекриени со свиленести сребрестобели трихоми (влакненца) и имаат ситни маслодајни жлездички. Листовите при основата се долги до 25 см и двојноперјести до тројноперјести со долги лисни дршки, оние погоре се пократки (5–10 см), помалку разделени и со куси дршки. Листовите најгоре можат да бидат и прости и бездршни. Цветвите се бледожолти, цевчести и насобрани во наведнати главички (капитули), кои пак се набрани во листнати разгранети метлички. Растението цвета од почетокот на летото до почетокот на есента. pollination се одвива по ветерот. Плодовите се мали семчиња. Се распространуваат со самата Земјина тежа.

Пелинот природно расте на дива сува почва, особено на крапести падини и по рабовите на врвиците и полињата.

Токсичност

Пелинот ја содржи психоактивна тујон која може да предизвика падавичарење, грчеви и оштетување на бубрезите ако се конзумира во големи количини.[4]

Одгледување

Соцветија на пелин

Растението лесно се огледува на сува почва. Треба да се сади на места целосно изложени на сонце, во плодна, среднотешка почва. Претпочита почвата да биде богата со азот. Може да се размножува од дозреани отсечоци на пролет или есен во умерени подрачја, или од семиња во расаднци, кои ги дава во изобилство. Видот е одомаќинет во некои неавтохтони подрачја, вклучувајќи ја Северна Америка и долината на Кашмир во Индија.[5]

Употреба

Пелинот е најпознат како сотојка на народниот пијалак пелинковец и апсинтот, но се користи и како додаток и во други алкохолни пијалаци и вина како битер и вермут. Од него се прави и чај што се смета за лековит. Во средниот век се додавал како зачин во медовина.[6]

Во традицијата и книжевноста

Ова растение традиционално се користи како поттикнувач на апетитот и олеснувач на варењето.[7] Меѓутоа, истото е носител и на негативна симболика, како поим за горчина и јад. Ова го среќаваме во Рациновата песна „Копачите“, каде авторот вели дека земјата „со страдна душа чека“ на силните удари на копачите „по троскот, пелин, трат“.[8]

Како духовно наследство

Според Национална класификација на културното наследство на Македонија, верувањето во пелинот како света и лековита билка се смета за категорија на духовно наследство на земјата.[9]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Македонски

Странски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица