Премиер лига на Англија 2020-2021

Премиер лига на Англија 2020-2021 била 29-тата сезона на Премиер лигата, највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната била планирана да започне на 8 август 2020,[1] но поради Пандемијата на КОВИД-19 и доцното завршување на претходната сезона, започнала на 12 септември 2020, а завршила на 23 мај 2021.[2]

Премиер лига на Англија 2020-2021
FA Premier League 2020-2021
Logo of competition
НатпреварувањеПремиер лига на Англија
Спорт Фудбал
Издание122-ро
Периодод: 12 септември 2020
до: 23 мај 2021
Држава Англија
Резултати
ШампионМанчестер Сити Манчестер Сити
7. титула
Лига на шампиони
Лига Европа
Лига на конференции
1. клуб
ИспадналеФулам Фулам
Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион
Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед
Статистика
Најдобар стрелецАнглија Хари Кејн
(23 гола)
Одиграни натпревари380
Постигнати голови1.024 (2,69 по натпревар)
Хронологија на натпреварувањето
2019–202021–22

Екипата на Ливерпул влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Лидс Јунајтед, Вест Бромвич Албион и Фулам биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Чемпионшип лигата 2019-2020. Тие ги замениле Борнмут, Вотфорд и Норич Сити, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во Чемпионшип 2020-2021.

На 11 мај 2021, Манчестер Сити станале шампиони по седми пат во клупската историја, после поразот на нивниот најголем конкурент во оваа сезона Манчестер Јунајтед од Лестер Сити.[3] Со тоа тие ја освоиле својата трета титула во последните четири сезони и избориле право да учествуваат во Лигата на шампионите за следната сезона. Манчестер Јунајтед завршиле втори со 12 бодови помалку од шампионот, и заедно со уште третопласираниот Ливерпул и четвртопласираниот Челси обезбедиле пласман во елитното европско натпреварување.

Лестер Сити и Вест Хем Јунајтед, пак се квалификувале за УЕФА Лига Европа 2021-2022, а пак Тотенхем бил првиот англиски клуб кој играл во новоформираната УЕФА Лига на конференции.

Фулам, Вест Бромвич Албион и Шефилд Јунајтед биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.

Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Хари Кејн од Тотенхем со 23 постигнати гола.

Општо

Формула

Четврта последователна сезона, најдобрите четири екипи на крајот од сезоната влегуваат во групната фаза на Лигата на шампионите 2021-2022. Петто рангираната екипа и победникот на ФА Купот ќе изборат пласман во Лига Европа; победникот на Лига купот стекнува право на учество во новоформираната УЕФА Лига на конференции, третото континентално клупско натпреварување што ќе започне во сезоната 2021-2022. Во случај освојувачите на двата домашни купови веќе да имаат обезбедено пласман во европските купови преку првенството, наместо нив ќе се квалификуваат шестопласираната екипа во првенството во Лига Европа и седмопласираната екипа во Лигата на конференции. Трите последни екипи на крајот од сезоната испаѓаат во Чемпионшип.

Промена на екипи

Вкупно 20 клубови учествувале во Премиер лигата на Англија за сезоната 2020-2021, вклучувајќи ги 17-те екипи од претходната сезона 2019-2020, двата прво пласирани клуба од Чемпионшип лигата 2019-2020, и победникот на плејофот од истата лига. Новите екипи во оваа сезона биле Лидс Јунајтед, кои се вратиле во највисокото фудбалско ниво во Англија по цели шеснаесет години отсуство по нивното испаѓање во сезоната 2003-2004, потоа Вест Бромвич Албион, кои се вратиле по две години отсуство и испаѓањето во сезоната 2017-2018, и Фулам, кој како победник на плејофот се вратил во Премиер лигата по само една сезона играње во Чемпионшип. Тие ги замениле Борнмут, Вотфорд и Норич Сити.

Поз.Премиер лига 2019-2020Гол-раз.Бод.
18.
Борнмут
-25
34
19.
Вотфорд
-28
34
20.
 Норич Сити
-49
21
Испаднале од Премиер лигата
Поз.Чемпионшип 2019-2020Гол-раз.Бод.
1.
Лидс Јунајтед
+42
93
2.
Вест Бромвич Албион
+32
83
3.
Брентфорд
+42
81
4.
Фулам
+16
81
5.
Кардиф Сити
+10
73
6.
Свонзи Сити
+9
70
Се пласирале во Премиер лигата
Играле плејоф за пласман во Премиер лигата

Плејоф за влез во Премиер лигата

 ПолуфиналеФинале
           
3   Брентфорд033 
6   Свонзи Сити112 
   3   Брентфорд1
  4   Фулам2
4   Фулам213
5   Кардиф Сити021 

Програма

Сезоната била планирана да започне на 8 август 2020,[1] но тоа не било можно поради прекинот настанат во претходната сезона заради Пандемијата на КОВИД-19 и завршувањето на истата околу два месеци подоцна од првично предвидениот крај. Така, Првенството започнало во сабота на ден 12 септември 2020 година, со натпреварите од првото коло (12-14 септември) во кое се одиграле 8 натпревари, наместо десетте закажани:[4] натпреварите Барнли - Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити - Астон Вила не се одиграле во вториот викенд од месец септември 2020, поради учеството на манчестерските екипи во завршницата од европските купови за претходната сезона каде што се задржале до средината на август.[5] Крајот на првенството бил регистриран на 23 мај недела, кога со почеток од 17:00 часот по средноевропско време биле одиграни сите натпревари од последното коло.

Предвидени биле пет вонредни кола кој требале да се одиграат во средината на седмицата (16 декември и 30 декември 2020 година, 20 јануари, 3 февруари и 12 мај 2021), две повеќе во однос на претходните сезони заради закаснетиот почеток на првенството и Европското првенство 2020 кое наместо мината година било одложено да се игра во јуни 2021.[6] Исто така, имало 3 паузи поради обврските на англиската фудбалска репрезентација во УЕФА Лигата на нации и квалификациите за Светското првенство 2022 закажани за 11 октомври и 15 ноември 2020 година и 28 март 2021 година. Натпреварите за божиќните празници популарно наречени Boxing Day, традиционално биле застапени и во оваа сезона, а се одиграле на 26 и 27 декември 2020 година, во склоп на 15-тото коло од сезоната. И во оваа сезона како и во претходните, се играло според асиметричен календар, односно натпреварите од вториот круг не биле по идентичен распоред со оние во првиот круг.

Во однос на времето на игра, новина била воведувањето на вечерни натпревари во сабота од 21:00 часот и недела од 20:15 часот. Исто така, многу често имало по два натпревари во понеделник (еден од 19:00 и вториот со почеток во 21:00 часот), додека преостанатите натпревари се играле во досега познатите термини од претходните сезони. Според тоа, распоредот на одигрување на натпреварите што го обезбедила лигата изгледал вака:

  • Сабота: 4 натпревари
    • 1 натпревар во 13:30 часот
    • 1 натпревар во 16:00 часот
    • 1 натпревар во 18:30 часот
    • 1 натпревар во 21:00 часот
  • Недела: 4 натпревари
    • 1 натпревар во 13:00 часот
    • 1 натпревар во 15:00 часот
    • 1 натпревар во 17:30 часот
    • 1 натпревар во 20:15 часот
  • Понеделник: 2 натпревари
    • 1 натпревар во 19:00 часот
    • 1 натпревар во 21:00 часот
  • Понекогаш натпревари се играле и во петок: 1 натпревар со почеток во 21:00 часот

Настани

Бруно Фернандес, му помогнал на Манчестер Јунајтед да завршат на водечката позиција по првиот дел од првенството.

Сезоната започнала кон средината на септември, со Ливерпул како актуелен шампион и главен фаворит за одбрана на титулата според прогнозерите, додека Манчестер Сити би требало да биде најголем конкурент, а Челси како фаворит по големите инвестиции во трансфер кампања. По 4 одиграни кола, Евертон на Карло Анчелоти останал сам на врвот од табелата, искористувајќи го поволниот распоред и сензационалните порази на фаворитите: Манчестер Сити бил поразен на домашен терен со 2-5 од Лестер Сити, додека Ливерпул загубил уште поубедливо со 7-2 од Астон Вила на Вила Парк. Како што Евертон почнува да губи бодови, Лестер и Тотенхем исто така се појавуваат и остануваат на врвот неколку кола пред да му го отстапат водството на Ливерпул, кои избиле на првото место во тринаесеттото коло иако со многу непостојани изведби поради повредите на неколку клучни играчи (пред се во одбраната како Вирџил ван Дајк и Џо Гомес). На крајот на 2020 година, Ливерпул останува прв и го командува пласманот следен од Манчестер Јунајтед, кој првенството го започнал лошо и бил елиминиран од Лигата на шампионите, но се текот на времето успева да најде одреден континуитет на резултатите во лигата. Лестер Сити, Евертон и Астон Вила се одржуваат високо борејќи се за позиции кој водат во континенталните натпреварувања заедно со екипите со големи осцилации како Манчестер Сити, Тотенхем и Челси. На дното, Шефилд Јунајтед изненадиле негативно бидејќи не успеале да победат во ниту еден натпревар до 18-тото коло (првиот тим во историјата на Премиер лигата, кој ја завршил календарската година без победа, и втор тим во историјата на најсилната англиска фудбалска лига по Болтон во сезоната 1902-1903); зоната за испаѓање ја комплетираат новопромовираните екипи Фулам и Вест Бромвич Албион. Брајтон е во безбедната зона, додека Арсенал пристигнал во Божиќниот период со големи тешкотии и поблиску до осумнаесеттата позиција отколку до првата половина на табелата. Промена на врвот на табелата дошло во 17-тото коло: тогаш Јунајтед ја победил Астон Вила, додека Ливерпул загубиле од Саутхемптон.

Кевин Де Бројне, референтна точка во средниот ред на Манчестер Сити, кои ја освоиле титулата во Премиер лигата.

Со доаѓањето на 2021 година, се појавуваат големи потешкотии за Ливерпул: „црвените“ веќе не се во можност да го пронајдат патот до мрежата и по три и пол години неочекувано го бележат својот прв пораз на домашен терен, изненадувачки губејќи од Барнли, а потоа и од Брајтон, натпревари по кои ќе следат уште 4 последователни порази, со што негативната серија стигнала до 6 (негативен рекорд во историјата на клубот). Јунајтед на тој начин се нашол осамен на врвот, за првпат од крајот на ерата на Фергусон. Сепак, нивниот период на слава кратко траел затоа што градските соперници Сити уфрлиле во поголема брзина: тие нанижале серија на победи, заклучувајќи го во исто време својот гол за противниците. Сити ги добиле сите 6 нивни натпревари одиграни во јануари и веќе на почетокот на февруари се чини дека го ставаат првенството под своја контрола со победата на Анфилд над Ливерпул со 4-1, која ги води до 5 поени предност во однос на Јунајтед, и дури 10 во однос на Ливерпул. Во меѓувреме, Челси го отпуштиле тренерот Френк Лампард и се потпреле на германецот Томас Тухел, штотуку отпуштен од Париз-Сен Жермен, кој го започнал своето искуство во Лондон со реми и три последователни победи, примајќи само еден гол. Предноста на Манчестер Сити од тука натаму постојано се зголемува и покрај поразот на домашен терен од Јунајтед, на уште три кола до крајот небесно-синиот дел на Манчестер можел да ја прослави седмата титула шампион на Англија. Манчестер Јунајтед ја затвориле сезоната на второто место, додека и зоната за испаѓање исто така била решена многу однапред; Фулам, Вест Бромвич Албион и Шефилд Јунајтед биле трите екипи кои испаднале откако речиси целата сезона ја минале на последните три места.

Последното коло било одлучувачко за позициите кои водат во европските купови. Ливерпул, по одличниот кам-бек, ја затвориле комплицираната сезона на третото место и обезбедиле пласман во Лигата на шампионите (кој во еден момент се чинел невозможен) каде бил придружен од Челси: избраниците на Тухел биле поразени од Астон Вила, но останале во топ 4 благодарение на поразот на Лестер кој се распаднал во завршницата од натпреварот на домашен терен против Тотенхем, дозволувајќи од водство 2-1 на крајот да загуби со 2-4. Првиот од головите за Тотенхем во тој натпревар го постигнал Хари Кејн, негов 23-ти за сезоната, благодарение на кој станал осамен најдобар стрелец за сезоната оставајќи го зад себе Мохамед Салах од Ливерпул. Со тоа тој ја прославил својата трета Златна копачка на Премиер лигата во кариерата. Лестер и Вест Хем Јунајтед избориле пласман во УЕФА Лига Европа за следната сезона, додека Тотенхем обезбедил учество во новоформираното европско натпреварување УЕФА Лигата на конференции и биле првата англиска екипа која учествувала во ова натпреварување. Арсенал завршиле на осмото место и нема да учествуваат во европските натпреварувања за првпат од 1995 година.

Екипи

Стадионите на екипите и нивните локации

ЕкипаГрадСтадионПретходна сезона
АрсеналЛондон (Холовеј)Емирати8. место во Премиер лигата
Астон ВилаБирмингемВила Парк17. место во Премиер лигата
БарнлиБарнлиТрф Мор10. место во Премиер лигата
БрајтонБрајтон и ХоувФалмер15. место во Премиер лигата
Вест Бромвич АлбионВест БромвичХоторнс2. место во Чемпионшип, промоција
Вест Хем ЈунајтедЛондон (Стратфорд)Олимписки стадион16. место во Премиер лигата
ВулверхемптонВулверхемтонМолинју7. место во Премиер лигата
ЕвертонЛиверпулГудисон Парк12. место во Премиер лигата
Кристал ПаласЛондон (Кројдон)Селхрст Парк14. место во Премиер лигата
Лестер СитиЛестерКинг Пауер5. место во Премиер лигата
ЛиверпулЛиверпулАнфилдШампион на Англија
Лидс ЈунајтедЛидсЕланд Роуд1. место во Чемпионшип, промоција
Манчестер ЈунајтедМанчестерОлд Трафорд3. место во Премиер лигата
Манчестер СитиЕтихад2. место во Премиер лигата
Њукасл ЈунајтедЊукасл на ТајнСент Џејмс Парк13. место во Премиер лигата
СаутхемптонСаутхемптонСент Мери11. место во Премиер лигата
ТотенхемЛондон (Тотенхем)Стадион Тотенхем Хотспар6. место во Премиер лигата
ФуламЛондон (Хамерсмит и Фулам)Крејвен Котиџ4. место во Чемпионшип, промоција преку плејоф
ЧелсиСтамфорд Бриџ4. место во Премиер лигата
Шефилд ЈунајтедШефилдБрамал Лејн9. место во Премиер лигата

Личности и спонзори

ЕкипаТренерКапитенНајдобар стрелецОпремаСпонзор
Арсенал Микел Артета Пјер-Емерик Обамејанг Александар Лаказет (13)Adidas[7]Емирејтс[8], Visit Rwanda[9]
Астон Вила Дин Смит Џек Грилиш Оли Воткинс (14)Kappa[10]Cazoo[11], LT[12]
Барнли Шон Дајч Бен Ми Крис Вуд (12)UmbroLoveBet[13]
Брајтон Греам Потер Луис Данк Нил Мопе (8)Nike[14]American Express[14], SnickersUK.com[15]
Вест Бромвич Албион Славен Билиќ (1-13. коло)
Сам Алардајс (14-38. коло)
Џејк Ливермор Матеус Переира (11)Puma[16]Ideal Boilers, 12BET
Вест Хем Јунајтед Дејвид Мојес Марк Нобл Мајкл Антонио
Томаш Соучек (10)
UmbroBetway, Scope Markets[17]
Вулверхемптон Нуно Еспирито Санто Конор Коуди Педро Нето
Рубен Невес (5)
Adidas[18]ManBetX[19], Aeroset
Евертон Карло Анчелоти Шејмус Колман Доминик Калверт-Луин (16)Hummel[20]Cazoo[21]
Кристал Палас Рој Хоџсон Лука Миливојевиќ Вилфрид Заха (16)Puma[22]W88[23], Iqoniq[24]
Лестер Сити Брендан Роџерс Вес Морган Џејми Варди (15)Adidas[25]Tourism Authority of Thailand[26], Bia Saigon[27]
Ливерпул Јирген Клоп Џордан Хендерсон Мохамед Салах (22)Nike[28]Standard Chartered[29], Expedia[30]
Лидс Јунајтед Марсело Биелса Лијам Купер Патрик Бамфорд (17)Adidas[31]SBOTOP[32], JD Sports[33]
Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солшер Хари Мегваер Бруно Фернандес (18)Adidas[34]Chevrolet[35], Kohler[36]
Манчестер Сити Пеп Гвардиола Фернандињо[37] Илкај Гундоган (13)Puma[38]Etihad Airways[39], Nexen Tire[40]
Њукасл Јунајтед Стив Брус Џамал Ласелс Калум Вилсон (12)Puma[41]FUN88[42], ICM.com[43]
Саутхемптон Ралф Хазенхутл Џејмс Ворд-Проус Дани Ингс (12)Under Armour[44]Sportsbet.io[45], Virgin Media[46]
Тотенхем Жозе Мурињо (1-32. коло)
Рајан Мејсон (33-38. коло)
Иго Лорис Хари Кејн (23)Nike[47]AIA[48], Cinch[49]
Фулам Скот Паркер Том Керни Боби Рид (5)AdidasBetVictor[50], ClearScore[51]
Челси Френк Лампард (1-19. коло)
Томас Тухел (20-38. коло)
Сесар Аспиликуета Жоржињо (7)Nike[52]Three[53], Hyundai[54]
Шефилд Јунајтед Крис Вајлдер (1-28. коло)
Пол Хекингботом (29-38. коло)
Били Шарп Дејвид МекГолдрик (8)AdidasUnion Standard Group[55]

Завршна табела

Ажурирано на 27 мај 2021.

Поз.ЕкипаБодОНПНИДГПГГР
1. Манчестер Сити863827568332+51
2. Манчестер Јунајтед7438211167344+29
3. Ливерпул693820996842+26
4. Челси6738191095836+22
5.  Лестер Сити6638206126850+18
6. Вест Хем Јунајтед6538198116247+15
7. Тотенхем6238188126845+23
8. Арсенал6138187135539+16
9. Лидс Јунајтед5938185156254+8
10. Евертон5938178134748-1
11. Астон Вила5538167155546+9
12. Њукасл Јунајтед4538129174662-16
13. Вулверхемптон4538129173652-16
14. Кристал Палас4438128184166-25
15. Саутхемптон4338127194768-21
16. Брајтон4138914154046-6
17. Барнли3938109193355-22
18. Фулам2838513202753-26
19. Вест Бромвич Албион2638511223576-41
20. Шефилд Јунајтед233872292063-43

Легенда:

      Шампион на Англија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2021-2022
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2021-2022
      Се квалификува за фазата по групи во УЕФА Лига Европа 2021-2022
      Се квалификува за УЕФА Лига на конференции 2021-2022
      Испаѓа во Фудбалска лига на Англија Чемпионшип 2021-2022

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
* Ако освојувачот на ФА Купот го заврши првенството во најдобрите 5, тогаш шестиот тим автоматски влегува во УЕФА Лига Европа.
* Ако освојувачот на Карабао купот го заврши првенството во најдобрите 5, тогаш седмиот тим автоматски влегува во УЕФА Лига на конференции.

Резултати

Табеларен приказ

Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.

Последно ажуриање: 30 мај 2021.

АРСАСВБАРБРАВБАВХЈВУЛЕВЕКРИЛЕСЛИВЛИДМНЈМНСЊУКСАУТОТФУЛЧЕЛШФЈ
Арсенал––––0-30-12-03-12-11-20-10-00-10-34-20-00-13-01-12-11-13-12-1
Астон Вила1-0––––0-01-22-21-30-00-03-01-27-20-31-31-22-03-40-23-12-11-0
Барнли1-13-2––––1-10-01-22-11-11-01-10-30-40-10-21-20-10-11-10-31-0
Брајтон0-10-00-0––––1-11-13-30-01-21-21-12-02-33-23-01-21-00-01-31-1
Вест Бромвич0-40-30-01-0––––1-31-10-11-50-31-20-51-10-50-03-00-12-23-31-0
Вест Хем Јун.3-32-11-02-22-1-–––4-00-11-13-21-32-01-31-10-23-02-11-00-13-0
Вулверхемптон2-10-10-42-12-32-3––––1-22-00-00-11-01-21-31-11-11-11-02-11-0
Евертон2-11-21-24-25-20-11-0––––1-11-12-20-11-31-30-21-02-20-21-00-1
Кристал Палас1-33-20-31-11-02-31-01-2––––1-10-74-10-00-20-21-01-10-01-42-0
Лестер Сити1-30-14-23-03-00-31-00-22-1––––3-11-32-20-22-42-02-41-22-05-0
Ливерпул3-12-10-10-11-12-14-00-22-03-0––––4-30-01-41-12-02-10-10-12-1
Manchester City1-02-01-05-01-24-05-02-01-22-51-1––––0-22-01-05-23-01-12-14-1
Manchester Utd0-12-12-13-10-01-33-31-16-21-22-40-0––––3-11-29-01-61-01-01-0
Newcastle Utd0-21-10-33-10-21-22-11-11-21-20-03-41-4––––1-03-22-22-13-21-1
Sheffield Utd0-31-01-01-01-20-20-11-10-11-20-20-12-31-0––––0-21-32-10-10-2
Southampton1-30-11-23-21-13-12-03-10-21-11-00-12-32-03-0––––2-52-00-01-2
Tottenham2-01-22-14-00-14-10-11-13-00-21-32-01-31-14-02-1––––2-03-32-0
West Bromwich0-40-31-00-03-31-50-12-20-50-31-20-51-10-01-03-00-1––––1-31-1
West Ham Utd3-32-12-21-00-11-10-11-02-03-21-31-11-30-23-03-02-12-1––––4-0
Wolverhampton2-10-12-10-42-12-01-21-01-00-00-11-31-21-11-01-11-12-32-3––––

Статистика

Екипна

Лидери на табелата

————————————————————————————————————————————————————————————————————————————
ЕвертонЛивЛесЛиверпулМ. ЈунајтедМанчестер Сити
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª35ª36ª37ª38ª

Создавање на пласманот

1.2.3.4.5.6.7.8.9.10.11.12.13.14.15.16.17.18.19.20.21.22.23.24.25.26.27.28.29.30.31.32.33.34.35.36.37.38.
Арсенал3669991212131313131414172023242730313131343437384142424546464952555861
Астон Вила036912121215151515*1819222526262626*2632*3235363639404139[56]44444445484849*5255
Брајтон0333455691010101112131314141718212425262626262932323334343737384141
Барнли0000111255691013131616*16*1622*2222232628*28303329[56]333333363639393939
Вест Бромвич0011233336667788881111121212131417181817[56]212424252626262929
Вест Хем Јунајтед00367881114171720212122232626*2935*353839424545484849525555555858595962
Вулверхемтон33369101313141717172020212122222223232627303334353534[56]353841414245454545
Евертон36912131313131616172023262929293232*33343637374043464646[56]47484952525556*5959
Кристал Палас36667101013131316171818181922232323262929293233333734[56]383838383841444444
Лестер3699912151818182124242728293232*3539*394243464949535650[56]565659626363666666
Ливерпул369910131617202124252831323333333437404040404043434643[56]4952535454*5763*6669
Лидс0367710101011141414171720232323*2326292932323235*353639424546474750535659
Манчестер Јунајтед0*0336771013161920232627303336*3740*414445464950545751[56]606366676770707174
Манчестер Сити0*3347811121215181920232626*29323541*4447505359*62657165[57]74747768[58]8080838386
Њукасл3347781111111414171718181919191919222225252526272828293235363639394245
Саутхемптон00367101316171720232424252629292929292929293030333333363636*33[59]373743*4343
Тотенхем034781114172021242525252626*2930*3333333336363639454548*49495042[60]56*56595962
Фулам000011444778910111212*1212131414151822*2326262626262723[56]2727272828
Челси3347891215181922222225252626262930333639424344505147[56]515455586164646767
Шефилд Јунајтед0000111111111222255881111111111141414[56]141414171717202023

Индивидуална статистика

Листа на стрелци

Ажурирано на 28 мај 2021[61][62]

Хари Кејн од Тотенхем бил најдобар стрелец за сезоната со 23 постигнати гола и со тоа тој ја освоил својата трета Златната копачка на Премиер лигата во својата кариера. Интересно е тоа што, тој станал првиот играч кој исто така успеал да ја освои и наградaта Плејмејкер на сезоната во истата сезона, завршувајќи на врвот на листата на асистентите со 14 асистенции.
ГолПеналиИграчКлуб
234 Хари Кејн Тотенхем
226 Мохамед Салах Ливерпул
189 Бруно Фернандес Манчестер Јунајтед
171 Сон Хеунг-мин Тотенхем
172 Патрик Бамфорд Лидс Јунајтед
16 Доминик Калверт-Луин Евертон
158 Џејми Варди  Лестер Сити
144 Оли Воткинс Астон Вила
131 Илкај Гундоган Манчестер Сити
133 Александер Лаказет Арсенал
12 Келечи Ихеаначо  Лестер Сити
122 Крис Вуд Барнли
122 Дани Ингс Саутхемптон
124 Калум Вилсон Њукасл Јунајтед
11 Гарет Бејл Тотенхем
11 Садио Мане Ливерпул
11 Маркус Рашфорд Манчестер Јунајтед
112 Вилфрид Заха Кристал Палас
114 Матеус Переира Вест Бромвич Албион

Листа на играчи со најмногу асистенции

Поз.ИграчКлубАсистенции[63][64]
1 Хари Кејн Тотенхем14
2 Кевин Де Бројне Манчестер Сити12
Бруно Фернандес Манчестер Јунајтед
4 Џек Грилиш Астон Вила10
Сон Хеунг-мин Тотенхем
6 Рафиња Лидс Јунајтед9
Маркус Рашфорд Манчестер Јунајтед
Џејми Варди  Лестер Сити
9 Арон Кресвел Вест Хем Јунајтед8
Паскал Грос Брајтон
Џек Харисон Лидс Јунајтед
Тимо Вернер Челси

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица