Претседател на Македонија

државна позиција во Македонија

Претседателот на Македонија (официјално претседател на Република Северна Македонија, уште и претседател на Републиката) е шеф на државата, како и врховен командант на вооружените сили и главен претставник на Републиката во земјата и во странство.

Претседател на
Македонија
Функционер
Стево Пендаровски

од 12 мај 2019 г.
СедиштеВила Водно
Мандатпет години, еднаш повторлив
Прв функционерКиро Глигоров
27 јануари 1991
СоздаденаУстав на Македонија
16 април 1991
Плата2.680 €/месечно[1]
Мреж. местоpretsedatel.mk

Обврски и надлежности

Внатрешна политика

Во однос на внатрешната политика, во согласност со уставните надлежности, претседателот на Републиката:

  • го определува мандатот за состав на Владата;
  • предлага двајца судии на Уставниот суд;
  • предлага двајца членови на Судскиот совет;
  • ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи;
  • именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и закон;
  • доделува одликувања и признанија;
  • дава помилувања

Голем дел од активностите на претседателот на државата на внатрешен план не се дефинирани со Уставот и законите и произлегуваат од приоритетите на претседателот посветени на поддршка на политичкиот дијалог, промоција и поддршка на активности на младите, како и проекти и активности во областа на образованието, науката, заштитата на животната средина, граѓанскиот сектор, економската соработка, унапредувањето на правата на ранливите групи во општеството и подобрувањето на инклузијата.

Некои од таквите активности се: посети на локално ниво; средби со граѓани; учество на конференции и на други манифестации; покровителства на настани од национален и поширок интерес за државата; одржување предавања на настани; доделување стипендии во соработка со Министерството за образование и наука; активности поврзани со промоција на македонската наука и иноваторство; иницирање и реализирање проекти во соработка со научно-образовни институции и граѓански организации во државата; поддршка на спортски и на културни настани, како и поттикнување и поддршка на политичкиот дијалог.[2]

Надворешна политика

Во надворешната политика претседателот на државата има надлежности во однос на стратегиските правци на државата, нејзиното претставување надвор, начинот на кој се води надворешната политика, можностите за нова соработка, како и кадровската поставеност на дипломатијата.

Во согласност со меѓународното право и обичаи, како највисок претставник на Републиката, претседателот ја претставува државата во меѓународни рамки, особено во контактот и во комуникацијата со другите држави и меѓународни организации. Секогаш кога претседателот престојува во официјална или работна посета на странска држава, ја претставува Републиката, а официјалните изјави на претседателот се и официјален став на државата. Имајќи предвид дека претседателот се избира на општи и непосредни избори и дека својот мандат го црпи директно од граѓаните, претседателот има дополнителна одговорност во претставувањето на државата во странство.

Улогата на претседателот во претставувањето на Републиката е дефинирана со Уставот и Законот за надворешни работи. Според Законот за надворешни работи, претседателот на Републиката е прв меѓу четирите „органи за вршење на надворешни работи“, заедно со Собранието, Владата и Министерството за надворешни работи. Органите за вршење на надворешните работи ја создаваат, утврдуваат и спроведуваат надворешната политика на Републиката, согласно со Уставот и законите, и имено ги определуваат општите насоки, донесуваат и усвојуваат одлуки за активностите и ставовите и ги остваруваат со меѓусебна усогласена соработка сите државни активности поврзани со надворешните работи.

Според Законот за надворешни работи, во вршењето на надворешните работи претседателот на Републиката:

  • ја претставува државата во меѓународните односи, согласно со меѓународното право и неговите надлежности;
  • учествува во создавањето на надворешната политика во соработка со Владата, преку утврдување на општите насоки на надворешната политика, вклучувајќи ги и прашањата од меѓународните односи со импликации врз безбедноста и одбраната на земјата;
  • го следи спроведувањето на надворешната политика, а за резултатите и евентуалните несогласувања со другите органи за вршење на надворешните работи може да го извести Собранието;
  • дава предлози и учествува во заземањето на ставови за одредени надворешно-политички прашања од неговата надлежност, вклучувајќи ги и безбедносните и одбранбените аспекти кои произлегуваат од меѓународните односи;
  • поставува и отповикува со указ амбасадори и пратеници на Републиката во странство;
  • дава согласност за издавање на агреман на шеф на странско дипломатско претставништво и
  • ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници.[3]

Одбрана и безбедност

Во областа на одбраната и безбедноста, а во согласност со неговите уставни и законски надлежности, претседателот на Републиката како врховен командант на вооружените сили го поставува и го разрешува началникот на Генералштабот на Армијата и поставува и разрешува генерали. Тој е и претседател на Советот за безбедност и именува тројца од членовите на Советот. Претседателот, исто така, го именува и го разрешува директорот на Агенцијата за разузнавање.

Според Законот за одбрана, претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата:

  • донесува стратегија за одбрана на Републиката;
  • донесува план за одбрана на Републиката;
  • ги пропишува мерките на приправност и наредува нивно спроведување;
  • пропишува организација и формација на Армијата;
  • донесува документи за употреба на Армијата и наредува нејзина употреба;
  • дава согласност на документите за развој на Армијата;
  • ги определува мерките за зголемување на борбената готовност на Армијата и наредува нивно спроведување;
  • наредува мобилизација на Армијата;
  • го пропишува командувањето во Армијата;
  • донесува прописи што се однесуваат на борбената готовност, вооружената борба и мобилизацијата на Армијата;
  • поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали и
  • поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство.[4]

Изборна постапка

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за мандат од пет години, со можност за најмногу два мандата. Изборот на претседател на Републиката го распишува претседателот на Собранието. Изборот на претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од која било причина, изборот на нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

Изборот се врши со модифициран систем од два круга. Кандидат може да биде избран во првиот круг само ако добие половина од гласовите од вкупниот број избирачи. Доколку во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добие потребното мнозинство гласови, во вториот круг можат да учествуваат само двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од вкупниот број избирачи. Доколку и во вториот круг не се исполнат условите, целата изборна постапка се повторува.

Квалификации

Претседателот на Републиката мора:

  • да биде македонски државјанин;
  • на денот на изборите наполнил најмалку 40 години живот;
  • до денот на изборите бил жител на Републиката најмалку десет години во последните петнаесет години.

Кандидат за претседател на Републиката може да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.

Водачи на Македонија (1943 - 1991)[5]

Социјалистичка Република Македонија

Партија

      СКМ/КПМ      Независен

Статус
  Вршител на должност
#Име
(роден–починал)
СликаМандатПолитичка партија
Претседател на Иницијативниот Комитет на АСНОМ
1943–1944
1Методија Андонов - Ченто
(1902–1957)
1 октомври 19432 август 1944Комунистичка партија на Македонија
Претседател на АСНОМ
1944–1945
Методија Андонов - Ченто
(1902–1957)
2 август 19441 јануари 1945Комунистичка партија на Македонија
Претседатели на Президиумот на Народното Собрание
1945–1953
Методија Андонов - Ченто
(1902–1957)
1 јануари 194515 март 1946Комунистичка партија на Македонија
Димитар Несторов
(1890–1968)
16 март 194630 декември 1946Комунистичка партија на Македонија
2Благоја Фотев
(1900–1993)
19474 јануари 1951Комунистичка партија на Македонија
Видое Смилевски
(1915–1979)
4 јануари 19511953Комунистичка партија на Македонија
во 1952 преименувана во
Сојуз на комунистите на Македонија
Претседатели на Народното Собрание
1953–1974
3Димче Стојанов
(1910–1991)
195319 декември 1953Сојуз на комунистите на Македонија
4Лазар Колишевски
(1914–2000)
19 декември 195326 јуни 1962Сојуз на комунистите на Македонија
5Љупчо Арсов
(1910–1986)
26 јуни 196224 јуни 1963Сојуз на комунистите на Македонија
6Видое Смилевски
(1915–1979)
25 јуни 196312 мај 1967Сојуз на комунистите на Македонија
7Мито Хаџивасилев
(1921–1968)
12 мај 19671 август 1968Сојуз на комунистите на Македонија
8Никола Минчев
(1915–1997)
23 декември 19686 мај 1974Сојуз на комунистите на Македонија
Претседатели на Претседателството
1974–1991
9Видое Смилевски
(1915–1979)
6 мај 197431 октомври 1979Сојуз на комунистите на Македонија
10Љупчо Арсов
(1910–1986)
31 октомври 197929 април 1982Сојуз на комунистите на Македонија
11Ангел Чемерски
(1923–2005)
29 април 198229 април 1983Сојуз на комунистите на Македонија
12Благоја Талески
(1924–2001)
29 април 198329 април 1984Сојуз на комунистите на Македонија
13Томе Буклески
(1921–2018)
29 април 198426 април 1985Сојуз на комунистите на Македонија
14Ванчо Апостолски
(1925–2008)
26 април 198528 април 1986Сојуз на комунистите на Македонија
Матеја Матевски
(1929–2018)
28 април 198630 април 1986Сојуз на комунистите на Македонија
15Драгољуб Ставрев
(1932–2003)
30 април 1986мај 1988Сојуз на комунистите на Македонија
16Јездимир Богдански
(1930–2007)
мај 198828 април 1990Сојуз на комунистите на Македонија
17Владимир Митков
(1931–)
28 април 199027 јануари 1991Сојуз на комунистите на Македонија
18Киро Глигоров
(1917–2012)
27 јануари 199118 септември 1991Независен

Претседатели на независна Македонија

Киро Глигоров

Прв претседател на независна Република Македонија. Во негово време и најстар претседател на постоечките држави во светот, сè до престанокот на неговиот мандат во 1999 по сила на Уставот. Првиот мандат го добива по пат на гласање во Собранието на Република Македонија. Вториот мандат го добива на непосредни избори. Киро Глигоров не бил во состојба да ја врши функцијата претседател по обидот за атентат врз него во 1995 г. За време на неговата спреченост за вршење на функцијата, вршител на функцијата Претседател на Република Македонија бил Стојан Андов.

Борис Трајковски

За време на мандатот на Претседателот Борис Трајковски во Република Македонија се случуваат борбени дејствија, во кои безбедносните сили на републиката се борат против недефинирана воена сила. После борбените дејствија доаѓа до промена на уставното уредување на Република Македонија со што Македонија од граѓанска држава на Македонскиот народ и останатите народи станува држава на етничките заедници на Македонците, Албанците и останатите. Претседателот Борис Трајковски го завршува својот мандат после неговата трагична смрт во авионска несреќа под неразјаснети околности, со владиниот авион во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Бранко Црвенковски

Бранко Црвенковски доаѓа на функција Претседател на Република Македонија на вонредните претседателски избори 2004 година организирани после трагичната смрт на претходниот претседател на Република Македонија.

Следува табеларен приказ на македонските претседатели:

Партија

      ЛПМ      ДА      ВМРО-ДПМНЕ      СДСМ      Независен


  Вршител на должност
#Име
(роден–починал)
СликаИзбранМандатПолитичка припадност
Претседатели
1991–денес
1Киро Глигоров
(1917–2012)
199418 септември 19914 октомври 1995Независен
Стојан Андов
(1935–)
4 октомври 199517 ноември 1995ЛПМ
(1)Киро Глигоров
(1917–2012)
17 ноември 199519 ноември 1999Независен
Саво Климовски
(1947–)
19 ноември 199915 декември 1999ДА
2Борис Трајковски
(1956–2004)
199915 декември 199926 февруари 2004ВМРО-ДПМНЕ
Љупчо Јордановски
(1953–2010)
26 февруари 200412 мај 2004СДСМ
3Бранко Црвенковски
(1962–)
200412 мај 200412 мај 2009СДСМ
4Ѓорге Иванов
(1960–)
2009
2014
12 мај 200912 мај 2019ВМРО-ДПМНЕ
5Стево Пендаровски
(1963–)
201912 мај 2019во службаСДСМ

Живи поранешни претседатели

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица