Влада на Македонија

Влада на Македонија, службено Влада на Република Северна Македонија — носител на извршната власт во Македонија и е составена од претседател на владата и министри. Владата ја избира Собранието на Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Влада на Македонија
Влада на Република Северна Македонија

Лого на Владата на Македонија

Зграда на Владата на Македонија
Преглед
Воспоставена20 март 1991; пред 33 години (1991-03-20)
ДржаваМакедонија Македонија
ВодачПремиер
ИменуваСобрание
Сегашен кабинетКовачевски
Министерства20
Одговара предСобрание
Годишен буџет5,244,744 денари
Седиштеул. „Илинденска“ број 2
Мрежно местоvlada.mk

Првата Влада на Македонија е формирана на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, во текот на Втората светска војна. Заклучно со мај 2017, во Република Македонија се смениле вкупно 25 влади и 16 претседатели. Во периодот од 1945 до 1991 година на чело на македонските влади, кои во еден период се нарекувале Извршен совет, застанале осум претседатели, додека од 1991 до 2017 година осум премиери формирале влади.

Организациска структура и ингеренции

Надлежности

Според Уставот на Република Македонија од 1991 година, надлежности на македонската влада се:

  • да ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување;
  • да предлага закони, републички буџет и други прописи што ги донесува Собранието;
  • да предлага просторен план на Републиката;
  • да предлага одлука за резервите на Републиката и се грижи за нивно извршување;
  • да донесува уредби и други прописи за извршување на законите;
  • да утврдува начела за внатрешна организација и за работа на министерствата и другите органи на управата, ја насочува и врши надзор над нивната работа;
  • да дава мислење за предлозите на закони и други прописи кои на Собранието му ги поднесуваат други овластени предлагачи;
  • да одлучува за признавање на држави и влади;
  • да воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави;
  • да донесува одлуки за отворање на дипломатско-конзуларни претставништва во странство;
  • да предлага именување амбасадори и пратеници на Република Македонија во странство и именува шефови на конзуларни претставништва;
  • да предлага јавен обвинител;
  • да врши именувања и разрешувања на носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон;
  • да врши други работи утврдени со Уставот и со закон.

Владата и секој нејзин член одговараат пред Собранието за својата работа. Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата ѝ е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка.

Начин на избор

По одржувањето на општи парламентарни избори, Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на новоизбраното Собрание, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Потоа, мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Откако тоа ќе го направи, Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.[1]

Сегашен состав

Сегашниот состав на владата е избран на 31 август 2020 по предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули 2020. Таа се состои од 20 министри. Како дел од политичкиот договор за формирање на новата влада, се создала и функцијата прв заменик премиер. Оваа одлука на колиционите партнери наишла на критика од страна на опозициските партии, дел јавноста и стручната фела.[2][3]

Објект на владата

Палата на управата (во 2011) - објектот во кој е сместена Македонската Влада

Историја

Методија Андонов - Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Првиот орган на извршната власт во Република Македонија бил Президиумот на АСНОМ, кој е раководен орган на АСНОМ со извршни и законодавни ингеренции. Избран е на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, а делувал до Третото заседание на АСНОМ од април 1945 година, кога се реконституира како Президиум на Народното Собрание на Македонија. Своите законодавни ингеренции ги извршува во периодите помеѓу пленарните заседанија на АСНОМ, а извршните ингеренции - самостојно. Прв претседател на Президиумот на АСНОМ бил Методија Андонов - Ченто.

Првата Влада на НРМ на чело со Лазар Колишевски.

Првата Влада на НРМ е формирана на 16 април 1945 година со одлука на Трето заседание на АСНОМ. Нејзин прв претседател бил Лазар Колишевски. Како приоритетни цели во програмата на првата Влада биле поставени: подобрување на здравствената заштита, борба против неписменоста, озаконување на македонската азбука и правописот на македонскиот литературен јазик, развој на училиштата и формирање универзитет, развој на народно судство, борба против бирократијата и демократизација на органите на народната власт со спроведување слободни и тајни избори.[4]

Во периодот од 1944 до денес (2009), во Република Македонија се смениле вкупно 24 влади и 13 претседатели. Во периодот од 1945 до 1991 година на чело на македонските влади, кои во еден период се нарекувале Извршен совет, застанале осум претседатели, додека од 1991 до 2005 година пет премиери формирале влади. Колишевски бил најдолго на претседателската функција, во четири влади, со мандат од по две години, од 1945 до 1953 година. Трипати претседател на влада бил Ксенте Богоев, во периодот од 1968 до 1971 година, Љупчо Арсов, Никола Минчев и Благој Попов биле на чело на македонските влади по двапати. Арсов имал мандат од 1953 до 1958, Минчев од 1965 до 1967, а Попов од 1974 до 1978 година. По еднаш на премиерската функција биле Александар Грличков од 1963 до 1965 година, Драгољуб Ставрев од 1982 до 1986 и Глигорие Гоговски од 1986 до 1991 година.[5]

Гоговски бил последниот премиер на Извршниот совет на СРМ, и со него завршила ерата на социјалистичкото општество во Македонија и се отвори новиот плурален повеќепартиски систем на општествено уредување на независна и суверена Република Македонија. Првите парламентарни повеќепартиски избори се одржале на 11 ноември 1990 година, после што е избрана првата Влада на самостојна Република Македонија на чело со Никола Кљусев. По осамостојувањето во 1991, Бранко Црвенковски трипати формирал влада – 1992, 1994 и 2002, Никола Груевски четири – 2006, 2008, 2011 и 2014, а Никола Кљусев (1991), Љубчо Георгиевски (1998), Хари Костов (2004), Владо Бучковски (2004), Емил Димитриев (2016) и Зоран Заев (2017) по еднаш.

Хронологија на претседателите на Владата на РМ

ИмеФункцијаПериодПартија
Методија Андонов ЧентоПретседател на Президиумот на АСНОМ1944 – 1945КПМ
Лазар КолишевскиПретседател на Извршниот совет на НРМ1945 – 1953КПМ
Љупчо АрсовПретседател на Извршниот совет на НРМ1953 – 1960СКМ
Александар ГрличковПретседател на Извршниот совет на НРМ1963 – 1965СКМ
Никола МинчевПретседател на Извршниот совет на НРМ1965 – 1967СКМ
Ксенте БогоевПретседател на Извршниот совет на СРМ1968 – 1971СКМ
Благоја ПоповПретседател на Извршниот совет на СРМ1974 – 1978СКМ
Драгољуб СтавревПретседател на Извршниот совет на СРМ1982 – 1986СКМ
Глигорие ГоговскиПретседател на Извршниот совет на СРМ1986 – 1991СКМ
Никола КљусевПретседател на Владата на РМ1991 – 1992експертска влада
Бранко ЦрвенковскиПретседател на Владата на РМ1992 – 1998СДСМ
Љубчо ГеоргиевскиПретседател на Владата на РМ1998 – 2002ВМРО-ДПМНЕ
Бранко ЦрвенковскиПретседател на Владата на РМ2002 – 2004СДСМ
Хари КостовПретседател на Владата на РМ2004СДСМ
Владо БучковскиПретседател на Владата на РМ2004 – 2006СДСМ
Никола ГруевскиПретседател на Владата на РМ2006 – 2016ВМРО-ДПМНЕ
Емил ДимитриевПретседател на Владата на РМ2016 – 2017техничка влада
Зоран ЗаевПретседател на Владата на РМ2017 – 2020СДСМ
Оливер СпасовскиПретседател на Владата на РСМ2020техничка влада
Зоран ЗаевПретседател на Владата на РСМ2020 – 2022СДСМ
Димитар КовачевскиПретседател на Владата на РСМ2022 – 2024СДСМ
Талат Џафери Претседател на Владата на РСМ2024 –техничка влада

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица