Пушка

Пушка — лично огнено оружје што се користи во воени цели, за лов или за забава. Пушката се состои од цевка, механизам за пукање и кундак.

Современа ловечка пушка

Историја

Пушката на царот Алексеј Романов, изработена од мајсторот Григориј Вјаткин (1654 г.)

Првите пушки се полнеле со барут низ цевката при што полнењето се вршело по секое испалување на проектилот. Со појавата на куршумот со барутно полнење брзината на пукање значително се зголемила. Пушките на производителот „Ремингтон“ биле првите пушки во кои биле складирани повеќе куршуми при што репетирањето се одвивало многу брзо.

Чехословачка пушка vz 24

Пушката како мотив во уметноста и во популарната култура

Во книжевноста

  • „Манлихер“ — песна на полскиот поет Владислав Боњевски.[1]
  • „Пушка“ — песна на српскиот поет Лаза Костиќ.[2]

Во македонската народна музика

  • „До три ми пушки пукнале“ — македонска народна песна.[3]
  • „Малихери пукаа“ — македонска народна песна.[4]
  • „Пушки ми пукнаја, мамо“ — македонска народна песна.[5]

Во популарната музика

  • „Автоматска пушка“ (англиски: Machine Gun) — песна на американската рок-група Бенд оф Џипсис (Band of Gypsys) од 1970 година.[6]
  • „Домет на пушката“ (англиски: Riffle range) — песна на американската рок-група Блонди (Blondie) од 1976 година.[7]
  • „М-16“ (англиски: М-16) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[8]
  • „Мојот узи тежи еден тон“ (англиски: Miuzi Weighs A Ton) — песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1987 година.[9]
  • „Итонските пушки“ (англиски: The Eton Rifles) — песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1979 година.[10]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица