Редонда


Редонда е ненаселен мал остров во Карипското Море. Островот е дел од Малите Антили, а политички е дел од државата Антигва и Барбуда.[1]. Островот е долг 1 км, широк 0,3 км и со највисока точка од 296 метри.[2] Редонда бил приклучен на Антигва и Барбуда во 1967 година.

Редонда
Поглед кон островот Редонда, јужен дел.
Географија
МестоКарипско Море
Координати16°56′19″N 62°20′46″W / 16.938646° СГШ; 62.346038° ЗГД / 16.938646; -62.346038
АрхипелагМали Антили
Должина1,6 км
Ширина0,5 км
Највисоко издигнување296 м
Управување
Демографија
Населениененаселен
Дополнителни податоци
Часовен појас

Редонда се наоѓа помеѓу островите Невис (Свети Кристофер и Невис) и Монтсерат (Обединето Кралство). Редонда е 56,2 км југозападно од Антигва. Островот е оддалечен 22,5 северозападно од Монтсерат и 32 километри оддалечен од Невис.

Редонда е дом на голем број птици, островот бил важен извор на гуано, особено пред да се почне со масовно производство на вештачко ѓубриво. За време на ископувањето на гуаното, на островот биле изградени неколку објекти. Денес има остатоци од овие објекти.

Потекло на поимот

Името потекнува од шпанскиот збор "redonda"', што значи 'огрукла'. Во 1493 година, за време на неговото второ патување, Колумбо го открил островот и го именувал "Santa María la Redonda" („Св. Марија Округла“).

Историја

Колумбо ја открил Редонда во 1493 година, за време на неговото второ патување. Тој објавил дека островот е под шпанска управа, но не стапнал на него. Го именувал како „Санта Марија ла Редонда“. Зборот „Редонда“ се однесува на округлиот облик на островот.

Бидејќи островот е мал и е карпа, тој не бил цел на интерес на европските колонијални сили. Со векови островот служел како прибежиште на пирати. Во 1860 година Британија објавила дека Редонда е под нејзина управа.

За време на британскиот колонијален период, Редонда бил важен извор на гуано, природно ѓубриво. Годишно се ваделе околу 7.000 тони гуано. Кога било активно ископувањето на гуаното, островот бил посетен од луѓе, поточно работници.Во 1901 година имало 120 луѓе. Подоцна бил откриен и алуминиум фосфат, кој се користел за барут. Почнало ископување и на алуминиум фосфат, а била изградена и мала жичница за пренос на материјалите до брегот.[3]

За време на Првата светска војна прекинале ископите и повеќето работници го напуштиле островот. Во 1929 година ураган ги уништил и постоечките објекти на Редонда.[3] Иако Невис и Монтсерат се поблиску до Редонда, сепак Британците одлучиле Редонда да биде дел од колонијата Антигва, денес Антигва и Барбуда.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица