Рио де ла Плата

Рио де ла Плата (шпански: Río de la Plata), а поретко само Ла Плата, Плата или Река Плата, е устието на слевањето на реките Уругвај и Парана. Устието се влева во Атлантскиот Океан, создавајќи засек на копното кон внатрешноста во форма на инка. Во зависност од географот и литературата, Рио де ла Плата понекогаш се именува како река, устие, залив или рабно море.[1] За оние географи кои ја сметаат Рио де ла Плата за река, истата е најшироката река во светот со максимална ширина од 220 км.

Рио де ла Плата
Río de la Plata
Ла Плата, Плата, Река Плата
Сателитска снимка од утоката Рио де ла Плата. Буенос Аирес може да се види на десната страна на реката Парана, а од спротива на естурарот Ла Плата е Монтевидео.
Потекло на името: шпански за „сребрена река“
ЗемјиАргентина, Уругвај
Притоки
 - левиУругвај, Сан Хуан, Санта Лусија
 - десниПарана, Лухан, Саладо
ГрадовиЛа Плата, Буенос Аирес, Монтевидео, Сан Фернандино, Сан Исидоро, Висенте Лопес, Авелјанеда, Килмес, Беразатеги, Хадсон, Пунта Лара, Atalaya, Сан Клементе дел Тују, Сиудад дел Плата, Сиудад де ла Коста, Колонија дел Сакраменто
Изворспојување на реките Парана и Уругвај
 - височинам
УтокаАтлантски Океан
 - местоположбаАргентинско Море, Аргентина & Уругвај
 - височинам
Должина290 км [1] 4,876 kм (15,997,375 ст) вклучувајќи ја Парана
Ширина220 км [2]
Слив3.170.000 км2 [3]
Истекво устие
 - просечен22.000 м3 [1]
Карта на басенот Рио де ла Плата
Карта на басенот Рио де ла Плата
Карта на басенот Рио де ла Плата
Карта на басенот Рио де ла Плата со градови
Карта на басенот Рио де ла Плата со градови
Карта на басенот Рио де ла Плата со градови

Рио де ла Плата е долга 290 километри, а ширината ѝ изнесува од 2 километри на почетокот, па до 220 километри во устието.[2] Рио де ла Плата всушност е и природната граница помеѓу Аргентина и Уругвај, и на бреговите од едната и другата страна на Рио де ла Плата се наоѓаат двата главни града на државите - Буенос Аирес на Аргентина и Монтевидео на Уругвај. Следствено на тоа, регионот околу Рио де ла Плата е најнаселената област и во Аргентина и во Уругвај.[1]

Географија

Рио де ла Плата започнува со сливањето на реките Уругвај и Парава во Пунта Горда и заедно течат источно кон Атлантскиот Океан. Нема јасна физичка граница на источните делови на реките. Меѓународната хидрографска организација ја дефинира источната граница на Рио де ла Плата со „линијата Пунта дел Есте во Уругвај и Кабо Сан Антонио во Аргентина“.[4]

Вкупната површина на Рио де ла Плата е 35.000 км2.[1]

Наводи

Литература

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица