Рихтерова скала

Рихтерова скалалогаритамска сеизмолошка скала која определува еден број, од 1 до 10, за да ја квантифицира количината на сеизмичка енергија ослободена при земјотрес. Бројот од скалата се добива како логаритам со основа 10 од хоризонталната амплитуда на најголемото поместување на Вуд-Андерсоновиот торзионен сеизмограф.

Категории на незгоди

Енергијата што се ослободува од земјотресот е еднаква на амплитудата на тресењето на степен 32, па според тоа, разликата од 1 степен на Рихтеровата скала е еквивалентна на 31,6 пати поголема ослободена енергија, а разликата од 2 степени соодветствува на 1000 пати поголема енергија.[1]

Поради физичките ограничувања на Вуд-Андерсоновиот сеизмометар кој се користи во пресметката на скалата, силината на земјотресот не може точно да се одреди за потреси поголеми од околу 6,8. Затоа за посилни потреси се користи скала која се заснова на пресметка на сеизмичкиот момент наместо на сеизмичкото движење, па затоа се нарекува Скала на магнитуда на моментот.

Рихтеровата магнитуда на земјотресот се определува од логаритамот на амлитудата на брановите снимени од сеизмографите, при што се користи прилагодување за да се компензира за варијациите во растојанието помеѓу разни сеизмографи и епицентарот на земјотресот. Поради логаритамската пресметка, секој еден степен на скалата значи десет пати поголемо поместување на земјата.

Потреси со магнитуда од 4,6 и повеќе се доволно силни за да се регистрираат од било кој сеизмограф во светот.

Следнава таблица ги опишува типичните ефекти за земјотреси со разни магнитуди во епицентарот. Сепак, оваа табела треба да се гледа со предострожност, бидејќи интензитетот и ефектот на земјотресот зависи не само од магнитудата, туку и од растојанието од епицентарот, длабочината на хипоцентарот, геолошките услови на почвата (некои земјишта можат да го засилат сеизмичкиот бран), итн.

Рихтерова магнитудаОписЕфекти на земјотресотЧестота на случување
Помалку од 2,0МикроМикро-потреси, не се чувствуваат.Околу 8.000 дневно
2,0-2,9МалиГлавно не се чувствуваат, но се регистрираат.Околу 1.000 дневно
3,0-3,9МалиСе чувствуваат, но не предизвикуваат штети.околу 49.000 годишно
4,0-4,9СлабиЗабележливо тресење на предметите, звуци на тресење. Ретки се значајни штети.околу 6.200 годишно
5,0-5,9УмерениМожат да предизвикаат поголеми штети на слабо изградени згради и на помали региони. На добро конструирани објекти само мали оштетувања.800 годишно
6,0-6,9СилниМоже да бидат уништувачки во области до 160 км во пречник во населени места.120 годишно
7,0-7,9ГолемиМожат да предизвикаат сериозни штети на големи пространства.18 годишно
8,0-8,9ОгромниМожат да предизвикаат сериозни штети на стотици километри во пречник.1 годишно
9,0-9,9ОгромниРазурнивачки во области на неколку илјади километри.1 во 20 години
10,0+ЕпскиНикогаш не се забележани.непознато

[2]

Големите земјотреси настануваат во просек еднаш годишно. Најсилниот забележан земјотрес бил големиот земјотрес во Чиле на 22 мај 1960., од 9,5 степени.[3]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица