Семантика

Семантиката — дел од лингвистиката што се занимава со значењето на зборовите и нивната функција во реченицата.Генерално гледано, семантиката — гранка на лингвистиката која го проучува означеното. Зборот семантика бил измислен кон крајот на XIX век од страна на францускиот јазичар Мишел Бреал, авторот на првиот семантички трактат.

Семантиката има повеќе предмети на проучување :

  • значењето на сложените зборови,
  • односите на значење меѓу зборовите (односи на хомонимија, синонимија, антонимија, полисемија, хиперонимија, хипонимија, итн.),
  • дистрибуција на актантите во склоп на некој исказ,
  • условите на вистинитост на некој исказ,
  • критичка анализа на дискурсот,
  • прагматика, кога истата се смета за гранка на семантиката.

Терминот семантика се користи како опозиција на оној термин синтакса во проучувањето на програмските јазици во информатиката, заради која таа беше развиена на формален начин (види семантика на програмските јазици). Меѓу семантиката и синтаксата постои истиот однос како меѓу основата и формата.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица