Сиуански јазици

Сиуанските (или сиуанско–катобански) јазици се јазично семејство во Северна Америка чиишто говорници живеат претежно во Големата Низина, со помали заедници на исток.

Сиуански
Сиуанско–катобански
Географска
распространетост:
средна Северна Америка
Класификација:едно од основните јазични семејства во светот
Гранки:
катобански (источни)
сиуански (западни)
ISO 639-2 и 639-5:sio

Изворната распределба на сиуанско-катобанските јазици

Име

Стручњаците разликуваат две гранки: западни и источни сиуански јазици, наречени и „правилни сиуански“ и „катобански“ јазици. Други го ограничуваат името „сиуански“ само на западната гранка, а целото семејство го нарекуваат „сиуанско-катобанско“.

Фонологија

Во стручната јавност постојат извесни анализи на сиуанско-катобанските јазици по историско-споредбени методи. Меѓу првите (и најтемелните) дела е она на Волф [1950-51]. Волф го реконструирал гласовниот систем на прасиуанските јазици, со подоцнежни исправки од Метјус (1958). Системот изгледа вака:

усненивенечнипредно
непчени
задно
непчени
гласилни
избувни*p*t*k
струјни*s*x*h
носни*m*n
приближни*w*r*j

Реконструирани се и пет усни самогласки /*i, *e, *a, *o, *u/ и три носни самогласки /*į, *ą, *ų/. Волф реконструирал и некои согласни групи /*tk, *kʃ, *ʃk, *sp/.

Односи со другите јазици

Можеби најсроден јазик на ова семејство е изолатот Јучи.

Во XIX век, англискиот линвгист Роберт Латам ја изнел тезата дека сиуанските јазици се сродни на кадоанските и ирокеските јазици. Во 1931, Луис Ален го составил првиот список на систематски совпаѓања во збир од 25 лексички единици од сиуанските и ирокеските јазици. Во 1960-тите и 1970-тите, Волес Чејф поподробно ја истражил врската помеѓу сиуанските и кадоанските јазици. Во 1990-тите Маријан Митан направила споредба на морфологијата и синтаксата на сите три семејства. Денес оваа хипотеза за „макросиуанските јазици“ не се смета за докажана, а сличностите помеѓу овие семејства може да се должат на тоа што нивните прајазици биле во јазичен сојуз.[1]

Наводи

Библиографија

  • Parks, Douglas R.; & Rankin, Robert L. (2001). The Siouan languages. In R. J. DeMallie (Ed.), Handbook of North American Indians: Plains (том 13, дел 1, стр. 94–114). W. C. Sturtevant (Gen. Ed.). Washington, D.C.: Smithsonian Institution. ISBN 0-16-050400-7.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица