Заднонепчена согласка

Заднонепчени согласки (меконепчени или велари)[1][2]согласки што се создаваат меѓу задниот дел од јазикот и задниот дел од непцето, т.е. мекото непце.

Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Бидејќи заднонепчениот дел на горниот дел од устата е релативно голем, а движењата на јазикот не се многу прецизни, заднонепчените согласки лесно претрпуваат едначење по звучност, поместувајќи ја творбата напред или назад, зависно од тоа какви се соседните самогласки. Честопати автоматски стануваат предни, т.е. делумно или целосно преднонепчени кога стојат пред предна самогласка и повлечени пред задни самогласки.

Палатализираните заднонепчени согласки (како /k/, мак. к) понекогаш се нарекуваат преднонепчено-заднонепчени („палатовелари“).Многу јазици имаат и лабијализирани заднонепчени согласки, како што е [kʷ], каде творбата е дополнета со заоблување на усните. Постојат и усненозаднонепчени согласки како [k͡p], што се создаваат со двојна творба: со задниот дел на непцето и со усните. Оваа разлика отсуствува кај приближната согласка [w], бидејќи лабијализацијата подразбира придодавање на уснена приближна творба во звукот. Оваа ситуација меѓународно се нарекува „лабиовелар“.

Во македонскиот, заднонепчени се гласовите г, к и х.[2] Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве заднонепчени согласки:

МФАОписПример
ЈазикПравописМФАЗначење
заднонепчена носна согласкаанглискиring[ɹʷɪŋ]прстен
безвучна заднонепчена избувна согласкамакедонскикоса[kɔsa]коса
звучна заднонепчена избувна согласкамакедонскиигра[igra]игра
безвучна заднонепчена струјна согласкамакедонскиОхридxrit]Охрид
звучна заднонепчена струјна согласкагрчкиγάτα[ɣata]мачка
безвучна усненозаднонепчена приближна согласкаанглискиwhich[3][ʍɪtʃ]кој
заднонепчена приближна согласкашпанскиpagar[4][paɰaɾ]плаќа
заднонепчена странична приближна согласкавахгиaʟaʟe[aʟaʟe]вртоглав
звучна усненозаднонепчена приближна согласкаанглискиwitch[wɪtʃ]вептерка
заднонепчена исфрлена согласкаарчинскикIан[an]дно
ɠзвучна заднонепчена уфрлена согласкасиндиəro/ڳرو[ɠəro]тежок

Јазици без заднонепчени согласки

Заднонепчената согласка [k] е најзастапена согласка во светските јазици.[5] Единствените јазици без заднонепчени согласки (и воопшто, без среднојазични гласови) се шавантскиот и тахитскиот. Меѓутоа, постојат други јазици што немаат прости заднонепчени согласки. Особина на многу јазици од северозападното тихоокеанско крајбрежје на Северна Америка е изгубеното историско *k, кое со време се палатализирало и станало [kʲ], но во други јазици, како саничкиот, салишкиот и чемакумскиот истиот станал [tʃ]. (По истиот процес, историското *k’ станало [tʃʼ], а историското *x станало [ʃ]; не постоеле *g и *ŋ.) Меѓутоа, сите три јазика сепак имаат лабијализирана низа [kʷ], [kʼʷ], [xʷ], [w], како и ресична низа.

Наводи

  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.

Поврзано


Табела на белодробни согласки по МФА аудио
По место →УснениПреднојазичниСреднојазичниЗаднојазичниГласилни
↓ По начинДво​уснениУснено-​забниЗаб​ниВенеч​ниЗадно-​венеч.Свие​ниПредно-​непчениЗадно​непчениРесич​ниГолтни​чкиНадгла​сил​ниГласил​ни
Носниmɱnɳɲ̥ɲŋ̊ŋɴ
Избувниpbtdʈɖcɟkɡqɢʡʔ
Струјниɸβfvθðszʃʒʂʐçʝxɣχʁħʕʜʢhɦ
Приближниʋɹɻjɰ
Трепетниʙrɽ͡rʀя *
Едноударниⱱ̟ɾɽɢ̆ʡ̯
Стран. струј.ɬɮɭ˔̊ʎ̥˔ʎ˔ʟ̝̊ʟ̝
Стран. прибл.lɭʎʟ
Стран. едноуд.ɺɺ̠ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапавиʘǀǃǂǁ
ʘ̃ʘ̃ˀʘ͡qʘ͡qʼ
Уфрлениɓɗʄɠʛ
Исфрлениʈʼ
θʼɬʼχʼ
tsʼtɬʼcʎ̝̥ʼtʃʼʈʂʼkxʼkʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪fb̪vtsdzʈʂɖʐ
ɟʝcʎ̥˔ɟʎ˔kʟ̝̊ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградниʍwɥɧ
Заградниk͡pɡ͡bŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица