Слоештица

село во Општина Демир Хисар

Слоештица — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Слоештица

Поранешниот задружен дом во селото

Слоештица во рамките на Македонија
Слоештица
Местоположба на Слоештица во Македонија
Слоештица на карта

Карта

Координати 41°15′59″N 21°04′36″E / 41.26639° СГШ; 21.07667° ИГД / 41.26639; 21.07667
Регион Пелагониски
Општина Демир Хисар
ОбластЖелезник
Население141 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.7240
Повик. бр.047
Шифра на КО10031
Надм. вис.770 м
Слоештица на општинската карта

Атарот на Слоештица во рамките на општината
Слоештица на Ризницата

Селото е познато по неколкумина истакнати дејци и легендата за коњаницата на Александар Македонски.

Географија и местоположба

Стара куќа во селото Слоештица

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Демир Хисар, од десната страна на Црна Река. Селото е ридско, на надморска височина од 770 метри.[2]

Атарот на селото зафаќа простор од 21,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.511 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 330 хектари, а на пасиштата 269 хектари.[2]

Историја

Во XIX век, Слоештица било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Легенда

Селото е познато по својата легенда за Александар Македонски. Имено во близина на селото, постои еден карпест рид на којшто сѐ уште постојат отисоци од копитата на коњаницата на Александар Македонски. Тие се траги видени кон месноста Бела Река каде што војниците на Александар Македонски сечеле лески за копјата на фалангата.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948878—    
1953841−4.2%
1961746−11.3%
1971621−16.8%
1981535−13.8%
ГодинаНас.±%
1991312−41.7%
1994299−4.2%
2002221−26.1%
2021141−36.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Слоештица имало 650 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слоештица имало 720 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[6]

Во текот на втората половина на XX век, од Слоештица се иселил значителен број од населението, така што, населбата преминала од средно, во мало село. Во 1961 година селото имало 746 жители, а во 1994 година 299 жители, македонско население.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 221 жител, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 141 жител, од кои 129 Македонци, 3 Албанци и 9 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население650720878841746621535312299221141
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Слоештица е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[14]

  • Староседелски и доселенички со непозната старина: Домазетовци (2 к.), Кајчовци (7 к.), Коруновци (2 к.), Кузевци (2 к.), Џајковци (4 к.), Јанкуловци (5 к.), Богевци (14 к.), Петревци (5 к.), Ѓорговци (3 к.), Ристевци (2 к.), Сивевци и Плевнешовци (21 к.), Деспотовци (2 к.), Петковци (5 к.), Митревци (8 к.), Мегленовци (8 к.), Цапарковци (13 к.), Ѓурковци (2 к.), Бојановци (1 к.) и Ночевци (6 к.)
  • Доселени со позната старина: Поповци (11 к.) доселени се од селото Бабино; Илијовци (1 к.) доселени се од селото Церово; Пољанковци (1 к.) доселени се од селото Суво Грло; Трајановци (7 к.) доселени се од мијачкото село Галичник; Шврговци (4 к.) доселени се од селото Базерник; Евендиовци (2 к.) доселени се од селото Сладуево; Тренчевци (2 к.) доселени се од селото Јанковец, Преспа. Го знаат следното родословие: Алексо (жив на 45 г. во 1952 година) Тале-Стојко-Тренче, кој се доселил во селото.

Општествени установи

Гробот на писателот Петре М. Андреевски во дворот на црквата „Св. Петка“ на влезот во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во тогашната Општина Жван, во која покрај селото Слоештица, се наоѓале и селата Вирово, Жван, Мренога, Радово, Сопотница, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слоештица, Сопотница и Суво Грло.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 654 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 157 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

Главната манастирска црква „Св. Никола“ на Топличкиот манастир
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Заврток — населба од доцноантичко време.
Цркви[19]
Манастири
Валавици

Над селото има валавници од кои постојано гргори водата која паѓа од високо. Под валавиците често доаѓаат излетници кои постојано наминуваат да се освежат во летниот период, други доаѓаат заради планината која изобилува со шумски плодови и најубавите видови печурки. Само таму може да се најде и најретката - тартуфот.

Редовни настани

Во селото функционира ликовна колонија на „Art Point - Gumno“ која е непрофитна организација сместена во селото. Нивните активности се фокусирани на уметностите, културата, грижа за животната средина и за локалниот економски развој на горнодемирхисарскиот регион.

Во селото Слоештица, секоја година, на 28 август, се одржува манифестацијата „Славење на пирејот“ во спомен на писателот Петре М. Андреевски.[20]

Личности

Култура и спорт

  • годишна културна манифестација „Славење на пирејот“ во чест на Петре М. Андреевски[27]

Иселеништво

Постари иселеници до 1952 година од селото имало во Битола (6 семејства), Бугарија (2 семејства), Србија (9 семејства), Скопје (1 семејство) и во Романија (2 семејства).[14]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица