Галичник

село во Општина Маврово и Ростуше

Галичниксело во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река. Сместено е на падините на планината Бистра, во центарот на регионот Мијачија. Галичник е туристичка знаменитост поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи.

Галичник

Галичник денес

Галичник во рамките на Македонија
Галичник
Местоположба на Галичник во Македонија
Галичник на карта

Карта

Координати 41°35′39″N 20°39′11″E / 41.59417° СГШ; 20.65306° ИГД / 41.59417; 20.65306
РегионРека
Општина Маврово и Ростуше
Население48 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО07019
Надм. вис.1 270 - 1 500 м
СлаваПетровден
Мреж. местоГаличник
Галичник на општинската карта

Атарот на Галичник во рамките на општината
Галичник на Ризницата

Етимологија на името

Првата варијанта за потеклото на името „Галичник“ вели дека тоа е изведено од името на реката Галик која тече близу до Солун. Втората варијанта вели дека тоа е наречено Галичник по големиот број на „диви кокошки“ - галици, кои живееле на месноста над сегашната црква Св. Петар и Павле, која има јужна диспозиција.

Историја

X — XV век

Секојдневие на чешмата „Упија“

Најстарите сознанија за настанувањето на Галичник датираат од X век и почетокот на XI век. Се смета за едно од најстарите села во мијачкиот предел. Првиот период на селото е карактеризиран со мешање на Влашки семејства со Македонци со словенска култура. Престојувањето на Власите во мијачкиот предел го потврдуваат некои топоними од околината на Галичник, како и презимињата на некои од денешните галички семејства: Куцулоски, Гугулоски, Кипроски.

XVI — XVIII век

Вториот период на Галичник е турското владеење. Иако имало обиди за исламизирање на населението, тоа останало христијанско, во голема мера благодарение на предводништвото на Томо Томоски. Томоски е најпознатиот првенец на селото на преминот од XVII кон XVII век. Заради експанзијата на немакедонското население во денешна Албанија, што и било поттикнувано од турската власт, во Галичник од XV до XVIII век постои континуирано доселување.

XIX век

Знаме на Мијаците од XV век
Молба со таксена марка, од Кипро Митрев од селото Сушица, Галичничка околија, да му се издаде дозвола да си купи овци. (18 март 1917)

Во XIX век, благодарение на доселувањето, високиот наталитет, но и поволните економски услови за сточарство, Галичник е веќе мал град. Турски патописци зборуваат за Галичник во XVIII и XIX век како битен економски центар, не само за регионот, туку и за империјата. Кон крајот на XIX век, Галичник бил поголем и од Гостивар. Јордан Хаџи Константинов-Џинот во втората половина на XIX век вели дека селото имало 500 куќи. Ако се земе дека во една куќа би живееле во просек 8 луѓе, тогаш бројот на населението би се движел околу 4.000. Галичник во овој период има значително културно влијание во европскиот дел на Османлиското Царство, главно преку своите преродбеници: Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски, Макарија Фрчкоски, Панајот Гиновски и др.

Во XIX век, Галичник било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

XX век

Галичник и Галичани во почетокот на XX век

Третиот период во историјата на Галичник е од 1912 до денес. Балканските војни делувале негативно на овчарството, затоа што со грчката окупација било оневозможено зимување на овците во Егејска Македонија. Сепак, оваа дејност, почнала да стагнира уште во XIX век. Сè поголем дел од мажите оделе на печалба, каде се специјализирале во разни занаети: млекарство, пекарство, слаткарство итн. Во 30-те години на XX век, галичките печалбари веќе имале насобрано големо богатство, а некои од нив биле и милионери во тогашни американски долари. Пример за вакви успешни стопанственици биле Васе Чоланчески, Софре Лоноски, Аврам Лоноски и Огнен Алаутоски.

Куќата каде бил одржан состанокот на месната комунистичка ќелија

Во куќата на Трајан и Ристе Поповски, бил одржан првиот состанок на галичката ќелија на Комунистичката партија на Југославија. Одржувањето било на 20 април 1942 година, во присуство на членот на Покраинскиот комитет на КПЈ, Кузман Јосифовски - Питу.

Вкупно 23 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Географија и местоположба

Се наоѓа на падините на планината Бистра, во срцето на регионот на мијачкиот крај, во пределот Мала Река, на 16 километри до Маврово и Мавровско Езеро и 12 километри до ски-центарот „Заре Лазарески“. Најблиска градска населба до селото е градот Гостивар, од кој е оддалечено 45 километри. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1500 метри и е опкружен со пасишта. Познато е по „Галичката свадба“, традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава - Петровден. За време на свадбата, се игра „Тешкото“ оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.

Планината Бистра и Галичник (во средината).

Стопанство

Галички кашкавал

Во минатото, економијата на Галичник се засновала на овчарството, додека многу луѓе биле праќани на печалба - да работат надвор од земјата и да пратат дома пари. Денеска, Галичник е само туристичко одредиште, бидејќи месните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште. Повеќето од нив се враќаат да ги реновираат старите семејни куќи и да ги искористат како прибежиште за одмор од летните жештини. Интересно е да се забележи дека официјалниот број на жители на Галичник, преку зима е еден жител.

Галичник е ценет по квалитетниот галички кашкавал, како и поради белото сирење. Галичник е познат и по локалната традиционална архитектура, летната Галичка уметничка колонија, како и поради околната недопрена природа.

Демографија

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948 906—    
1953 948+4.6%
1961 644−32.1%
1971 17−97.4%
1981 10−41.2%
ГодинаНас.±%
1991 1−90.0%
1994 1+0.0%
2002 3+200.0%
2021 48+1500.0%
Извор: Податоците од 1948-2002 се според официјалните пописи[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Галичник живееле 3.300 жители, сите Македонци.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Галичник се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 605 куќи.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Галичник имало 4.840 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.700 Македонци.[7]

Во почетокот на XX век во Галичник живееле околу 3.300 жители. Во наредните години бројот на населението на селото Галичник ја надминувало и бројката од 4.000 жители. Селото броело 644 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото има само еден жител. Поради силните миграциски процеси кои го зафатиле Галичник, според пописот од 2002 година, се забележани само 3 постојани жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 47 Македонци и 1 Влав.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население3.3004.840906948644171011348
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Галичник е македонско село.

Родовите во селото се следните: Шаровци, Барјамовци, Карговци, Кауриновци, Бабалијовци, Бошковци, Кутревци, Тортевци, Качевци, Чалчевци, Чараповци, Србиновци, Пулевци (од овој род е Ѓоргија Пулевски), Гугуловци, Церговци, Ченгеловци, Шаклевци, Воперовци, Чоланчевци, Ѓозинци, Колачевци, Јуруковци, Змејковци, Желчевци, Писевци, Ѓиновци (од овој род е Панајот Ѓиновски), Канчевци, Плачковци, Угриновци, Дренковци, Устреловци, Филиповци, Кумевци, Голчевци, Тулевци, Баловци, Сармовци, Мачкинци, Камиловци, Шукриовци, Поповци, Гуловци, Кржаловци, Чудуловци, Черепналковци, Салтановци, Жукинци, Паковци, Пачауровци, Чутинци, Граорковци, Дирлевци, Грандевци, Каркинци, Лепчевци, Барјамовци, Брмбалевци, Кудузовци, Стричевци, Перчуклијевци, Лулевци, Глувчевци, Чудевци, Бумбаровци, Бошнаковци, Јанкуловци, Бужаровци, Синокапчевци, Ќипровци, Аџијевци, Пачовци, Куковци, Крцковци, Караѓозовци, Жантевци, Грдановци, Чурловци, Јонузовци, Кајовци, Нановци, Кеновци, Франговци, Брезовци, Музевци, Жиковци, Лајковци, Мицовци, Лоновци, Мангаровци, Шалевци, Цубаловци, Цинцаровци, Куцуловци, Меловци, Кајчевци, Лакинци, Трбушковци, Личеновци (од овој род е Лазар Личеноски), Билинци, Беќовци, Ѓургевци, Раповци, Клачовци, Муратовци, Мешковци, Кереловци, Коџоловци, Ондовци, Слендовци, Топузовци, Мандичевци, Сучковци, Шандуловци, Шулевци, Влчевци, Чаловци, Контевци, Бундалевци, Бундовци, Плешковци, Геговци, Панговци, Дојчиновци, Бислимовци, Кецкаровци, Марковци, Сиљановци, Трошановци, Лузевци, Шотаровци, Прлеовци, Жеваировци, Томовци, Маревци и Сарџовци (од овој род се Кајевски).

Скоро ниеден род не си го знае потеклото.

Културни и природни знаменитости и туризам

Црквата „Св. Петар и Павле.
Црквата „Св. Петка.
Цркви[12]
  • Црква „Св. Петар и Павле“ - средишната селска црква, изградена во 1930 г., а осветена во 1931 г.
  • Црква „Св. Петка“ — црква од XVI век
  • Црква „Св. Петка“ — црква од V век и
  • Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - најновата селска црква. Темелите се Осветени на 27 мај 2012 година. Ктитори Гора Трпевска, (родена во Галичник), со сопругот Ванчо Трпевски и нивните синови Јован и Јане.[13]

Галичка свадба

Свадба во Галичник во 1919 година
Оро на галичката свадба

Галичката свадба се одржува секоја година на Петровден, (втората недела од јули). За разлика од порано, кога на Петровден во Галичник се склопувале и по над 40 бракови, денес свадбата има повеќе културно значење и е еден вид кутлурна манифестација.

Денес Галичник живее од мај до октомври кога во него престојуваат над 50 семејства, најмногу пензионери со нивните внуци. Галичник е туристичка знаменитост заради својата архитектура и природни убавини. Постојат многу неискористени можности за популаризација на туризмот во селото. Хотелот Неда, изграден во 1980 година по заслуга на Велимир Гиновски, тогашен генерален директор на Југохром, нуди можности за добро летување, иако недостасуваат соодветни турискитчки пакети за постителите.

Ликовна колонија

Ликовната колонија во Галичник се организира секоја година во месец август. Првата колонија од овој вид била организирана во 1990 година, благодарение на залагањата на сликарот Нове Франговски. Колонијата традиционално се одржува во Хотелот Неда, а е финансиски поддржувана од Министерството за култура на Република Македонија. На 17 одржани колонии твореле уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Романија, Обединетото Кралство, Јапонија, Италија, Унгарија, Германија итн. Уметкичките дела, слики и скулптури, се прикажуваат на секои две години на соодветни изложби.

„Овчарски средби“

Секоја година на ден-два пред Петровден се одржува т.н. овчарски натпревар во брзо стрижење и молзење, односно „Овчарски средби“. Освен натореварите во стрижење и молзење на овци има и борба на пеливани. Има изложба и дегустација на сирења и нивно оценување. Учествуваат повеќе фолклорни групи од Македонија од повеќе националности. Овие средби се одржуваат на бачилото „Вардар“.

Галичка архитектура

Галичка куќа

Архитектурата е една од главните обележја на Галичник. Стрмниот и амфитеатрален терен е искористен за изградба на камени куќи врз изохипсите на теренот. Куќите имаат форма на кубус со благ пирамидален кров. Безбедноста и функционалноста биле главни фактори во изградбата. Куќите се градени на две, а подоцна и на три катни висини. Првата катна висина е т.н. трем - штала за добиток и два кледа, кои претставувале темни визби, скоро вкопани во карпата врз која е изградена куќата. Втората катна висина е главниот станбен простор. Тука е сместена т.н. куќа - просторија со огниште каде се подготвува храна. Кај постарите куќи, таа го заземала скоро целиот простор, додека кај поновите, постојат повеќе одаи. Третата катна висина е резервирана за спиење. Некои куќи имаат итн. шарена одаја, која служела за прием на гости. Спратовите најчесто имаат централно поставени ходници - гизентии. Некои од куќите имаат и параклис - мала просторија со икони, која служела за молење, што всушност претставува еден вид на домашна капела.

Прозорците на галичките куќи биле историски релативно рано застаклени. Тие имаат различна големина. Колку се пониски, толку се помали. Ниските прозорци се заштитени со железни решетки. Куќите имаат по две до три влезни врати коишто се обрабени со делкани камења, кои им даваат уникатна привлечност. Првобитните куќи биле сламеници[14], кои биле градени од кршен камен и покривани со слама, и имале приземје и кат. Приземјето бил тремот. Куќите кои денес можат да се видат во Галичник се главно градени кон крајот на XIX век и на почетокот на XX век. Ентериерот на галичките куќи е богат со дрвен мебел, иако приматот секогаш бил даван на функционалноста.

Галичник во литературата

Галичник е доста споменуван во литературата. За него има доста текстови од минатото. Има и голем број на публикации и книги во кои се истражува галичката култура. Галичник е опејуван и во доста песни. Најпозната песна е Кондисал Ајрадин Паша испеана од еден од најпознатите галичани Александар Сариевски.

Култура и спорт

Носија

Галичката носија, особено женската, е една од најпознатите во Македонија. Се одликува со невообичаено богатство на детали. Исклучително е слична со другите мијачки носии од реканскиот крај (Лазарополе, Тресонче, Сушица, Гари итн.). Во женската носија кои преовладуваат белата боја (накај жолта) и црвената боја.

Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на „машката мијачка носија“. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.

Мисли за Галичник

...Малубројна по наталитет, многубројна по дух и школувана интелигенција, Мијачијата има преродбенички епицентар во Галичник. Од трите еднопросторни и духовни царства, Мијачијата јазично, етнички, народно и поединечно материјално и духовно, од своето славно писмено и усмено, фолклорно и уметничко (современо) творештво е најславно, најпрочуено - тоа е простор за кој постојано, и во војна и во мир, сакале да го освојат-присвојат, останало Мијачкото царство, хомогено, изворно, автентично. Понекогаш љубоморно завидно самото на себе, а камоли на други! Галичник. Ремек дело на градителската Мијачка рака-куќи-кули. Пред градот, град...

— Радован Павловски

...Кога од Охрид се оди за Маврови Анови по живописната долина на бистрата и бучна река Радика, на еден свиок пред Косоврашка Бања се појавува како со нежни бои насликан јапонски параван, планината Бистра, во чие подножје стрмно до Радика се спушта карпа висока речиси километар, а над неа се белеат како птичји гнезда, високи камени куќи, еден дел од Галичник...

— Лазар Личеноски

Ако Македонија е библиска земја, Галичник е нејзината последна реликвија!

— Петре М. Андреевски

Личности

Статуа на Ѓорѓи Пулевски во Галичник
По потекло од Галичник

Стопанство

Во минатото, економијата на Галичник се засновала на овчарството, додека многу луѓе биле праќани на печалба - да работат надвор од земјата и да пратат дома пари. Денес, Галичник е само туристичко одредиште, бидејќи месните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште. Повеќето од нив се враќаат да ги реновираат старите семејни куќи и да ги искористат како прибежиште за одмор од летните горештини. Интересно е да се забележи дека официјалниот број на жители на Галичник, преку зима е еден жител.

Галички кашкавал

Галичник е ценет по квалитетниот Галички кашкавал, како и поради белото сирење. Галичник е познат и по локалната традиционална архитектура, летната Галичка уметничка колонија, како и поради околната недопрена природа.

Галичка свадба

Галичката свадба се одржува секоја година на Петровден, втората недела од јули. За разлика од порано, кога на Петровден во Галичник се склопувале и по над 40 бракови, денес свадбата има повеќе културно значење и е еден вид културна манифестација.

Денес Галичник живее од мај до октомври кога во него престојуваат над 50 семејства, најмногу пензионери со нивните внуци. Галичник е туристичка знаменитост заради својата архитектура и природни убавини. Постојат многу неискористени можности за популаризација на туризмот во селото. Хотелот „Неда“, изграден во 1980 година по заслуга на Велимир Гиновски, тогашен генерален директор на Југохром, нуди можности за добро летување, иако недостасуваат соодветни турискитчки пакети за постителите.

Ликовна колонија

Ликовната колонија во Галичник се организира секоја година во месец август. Првата колонија од овој вид била организирана во 1990 година, благодарение на залагањата на сликарот Нове Франговски. Колонијата традиционално се одржува во хотелот „Неда“, а е финансиски поддржувана од Министерството за култура на Република Македонија. На 17 одржани колонии твореле уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Романија, Велика Британија, Јапонија, Италија, Унгарија, Германија итн. Уметкичките дела, слики и скулптури, се прикажуваат на секои две години на соодветни изложби.

Овчарски средби

Секоја година на ден-два пред Петровден се одржува т.н. овчарски натпревар во брзо стрижење и молзење, односно Овчарски средби. Освен натореварите во стрижење и молзење на овци има и борба на пеливани. Има изложба и дегустација на сирења и нивно оценување. Учествуваат повеќе фолклорни групи од Македонија од повеќе националности. Овие средби се одржуваат на бачилото „Вардар“.

Галичка архитектура

Галичка куќа

Галички куќи

Архитектурата е една од главните обележја на Галичник. Стрмниот и амфитеатрален терен е искористен за изградба на камени куќи врз изохипсите на теренот. Куќите имаат форма на кубус со благ пирамидален кров. Безбедноста и функционалноста биле главни фактори во изградбата. Куќите се градени на две, а подоцна и на три катни висини. Првата катна висина е т.н. трем - штала за добиток и два кледа, кои претставувале темни визби, скоро вкопани во карпата врз која е изградена куќата. Втората катна висина е главниот станбен простор. Тука е сместена т.н. куќа - просторија со огниште каде се подготвува храна. Кај постарите куќи, таа го заземала скоро целиот простор, додека кај поновите, постојат повеќе одаи. Третата катна висина е резервирана за спиење. Некои куќи имаат итн. шарена одаја, која служела за прием на гости. Спратовите најчесто имаат централно поставени ходници - гизентии. Некои од куќите имаат и параклис - мала просторија со икони, која служела за молење, што всушност претставува еден вид на домашна капела.

Прозорците на галичките куќи биле историски релативно рано застаклени. Тие имаат различна големина. Колку се пониски, толку се помали. Ниските прозорци се заштитени со железни решетки. Куќите имаат по две до три влезни врати коишто се обрабени со делкани камења, кои им даваат уникатна привлечност. Првобитните куќи биле сламеници[4], кои биле градени од кршен камен и покривани со слама, и имале приземје и кат. Приземјето бил тремот. Куќите кои денес можат да се видат во Галичник се главно градени кон крајот на XIX век и на почетокот на XX век. Ентериерот на галичките куќи е богат со дрвен мебел, иако приматот секогаш бил даван на функционалноста.

Култура и спорт

Галичник како тема во уметноста и во популарната култура

Галерија

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица