Снежана (бајка)

Снежана (германски: Schneewittchen) — бајка (приказна) од Браќата Грим.

„Снежана“ од Александар Цик

Содржина

Еден зимски ден, една кралица го боцнала прстот со иглата и три капки крв капнале на снегот. Тогаш, кралицата посакала да роди дете кое ќе биде бело како снегот и црвено како крвта. Поради тоа, на девојчето му дале име Снежана. Навистина, кралицата родила убаво женско бебе, но набргу таа починала. По една година, кралот се оженил за друга кралица, која била многу убава, но истовремено, таа била лоша и практикувала маѓепсништво. Новата кралица имала волшебно огледало, кое постојано го прашувала, кој е најубав на светот, а огледалото секогаш одговарало дека таа е најубавата. Еден ден, кога Снежана пораснала, кралицата, како по обичај, му го поставила на огледалото истото прашање, но овојпат, тоа одговорило дека Снежана е најубава на светот. Обземена од завист, кралицата го викнала ловецот и му наредила да ја одведе Снежана во шумата и таму да ја убие, а како доказ да ѝ го донесе нејзиното срце. Сепак, ловецот се смилувал и ја пуштил Снежана да побегне во шумата, а наместо неа, тој убил една дива свиња чие срце го однел како доказ за смртта на Снежана.

Снежана талкала низ шумата и дошла до една мала куќичка во која живееле седум џуџиња, кои во планината копале злато. Така, Снежана останала да живее со џуџињата и се грижела за домаќинството, а тие ја советувале, за време не нивното отсуство, таа да не прима непознати луѓе во куќата. За тоа време, лошата кралица повторно го прашала огледалото, кој е најубав на светот, но тоа одговорило дека Снежана, која живее во шумата со џуџињата, е стопати поубава од неа. Затоа, таа се преправила во стара жена и отишла во шумата кај Снежана на која ѝ продала свилен појас. Кога Снежана сакала да го проба појасот, кралицата ја стегнала многу цврсто, така што Снежана го изгубила здивот и паднала на подот. Џуџињата се вратиле дома, ја здогледале Снежана, го пресекле појасот и таа ја повратила свеста. По некое време, кралицата пак разбрала дека Снежана е жива, пак се преправила во стара жена и овојпат на Снежана ѝ продала отровен чешел, по што таа повторно се онесвестила. Сепак, и овојпат, џуџињата навреме се вратиле дома и го извлекле чешелот од косата на Снежана, така што таа ја повратила свеста.

Меѓутоа, кралицата по трет пат преправена како стара жена ја посетила Снежана, подарувајќи ѝ отровно јаболко од прозорецот на куќата. Кога Снежана го гризнала јаболкото, паднала на подот мртва. Овојпат, џуџињата биле немоќни да ја спасат, но восхитени од нејзината убавина, не сакале да ја закопаат во земјата, туку направиле стаклен ковчег што го оставиле на врвот од ридот. По некое време, еден принц поминал низ шумата и го видел ковчегот. Восхитен од убавината на Снежана, тој побарал од џуџињата да му ја дадат мртвата Снежана, ветувајќи дека добро ќе се грижи за неа. Додека неговите слуги го носеле ковчегот, тој се затресол и парчето од отровното јаболко, кое било заглавено во грлото на Снежана, испаднало по што таа оживеала. Потоа, принцот и Снежана се венчале, а на свадбата ја поканиле и лошата кралица на која ѝ обуле усвитени влечки со кои таа морала да танцува сè додека не паднала мртва.[1]

Изданија на македонски јазик

Сказната „Снежана и седумте џуџиња“, самостојно или како дел од збирки со приказни, има доживена поголем број изданија на македонски јазик:

Анимирани и играни филмови

ФилмМакедонски насловГодинаРежисер
Snow White and The Seven DwarfsСнежана и седумте џуџиња1937Дејвид Ханд,Вилфред Џексон,Бен Шарпстин,Вилијам Котрел,Лери Мореј
Schneewittchen und die 7 ZwergeСнежана и седумте џуџиња1955Ерик Коблер
Schneewittchen und die sieben Zwerge Снежана и седумте џуџиња1962Gottfried Kolditz
Pamuk Prenses ve 7 Cüceler 1970Ertem Göreç
A Snow White Christmas 1980Марк Ричардс
Snow White & the Seven DwarfsСнежана и седумте џуџиња1984Питер Медак
Snow WhiteСнежана1987Мајкл Берз
Happily Ever After1989John Howley
Snow WhiteСнежана1990Дајан Ескенази
Snow White and the Magic MirrorСнежана и магичното огледало1994Тони Лав
Snow WhiteСнежана1995Toshiyuki Hiruma, Takashi
Snow White: A Tale of Terror1997Michael Cohn
Snow White: The Fairest of Them All Снежана: Најволшебната од сите1999Керолин Томпсон
7 Dwarves – Men Alone in the Wood2004Sven Unterwaldt Jr.
7 Dwarves: The Forest Is Not Enough2006Sven Unterwaldt
Happily N'Ever After 2: Snow White—Another Bite @ the Apple2009Стивен Е.Гордон,Бојд Киркленд
Schneewittchen2009Thomas Freundner
Snow White and the Huntsman Снежана и ловецот2012Rupert Sanders
Mirror Mirror Огледалце,огледалце2012Tarsem Singh
Grimm's Snow White2012Рејчл Лее Голденберг
Der 7bte Zwerg Седумте џуџиња2014Boris Aljinovic, Harald Siepermann
The Huntsman: Winter's WarЛовецот и ледената кралица2016Седрик Николас-Тројан
Snow White's New AdventureНовата авантура на Снежана2016Ben Zhao
CharmingМаѓепсан2018Ross Venokur
Red Shoes and the Seven Dwarfs2019Сунг-хо Хонг
Snow White and the Fairytale Fun Force2023Кели Литл
Snow White and the Evil QueenСнежана и злобната кралица2024
Snow White and The Seven DwarfsСнежана и седумте џуџиња2025Марк Веб

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица