Јаболко

плод на јаболкница
Јаболко
Цветови, плодови и листови на јаболкница (Malus domestica)
Научна класификација
Царство:Plantae
Оддел:Magnoliophyta
Класа:Magnoliopsida
Ред:Rosales
Семејство:Rosaceae
Потсемејство:Maloideae или Spiraeoideae
Племе:Maleae
Род:Malus
Вид:M. domestica
Научен назив
Malus domestica
Borkh.

Јаболкото - вид средноевропско овошје

Производство и трговија

Јабокото најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Австралија. Најпознати видови јаболко се: канадското, калифорниското, австралиското и јапонското. Најголеми производители на јаболко во светот се: Франција, Германија, САД, Кина, Австралија и др. Во 2005 година биле произведени најмалку 55 милиони тони јаболка, со вредност од околу 10 милијарди долари. Притоа, Кина произвела две третини од вкупната количина. Во Македонија, во 2012 година биле произведени 127.171 тони јаболка.[1]

Најголеми производители на јаболка (2008)
ДржаваПроизводство (Тони)Фуснота
 Кина27 507 000F
 САД4 237 730
Иран2 660 000F
 Турција2 266 437
 Русија2 211 000F
 Италија2 072 500
Индија2 001 400
 Франција1 800 000F
 Чиле1 390 000F
 Аргентина1 300 000F
 Свет64 255 520A
Без симбол = официјални податоци, F = проценка на FAO, A = Агрегат (може да вклучува
официјални, полуофицијални податоци, или проценки);

Извор: FAO

Јаболката во Македонија

Јаболката е најраспространето овошје кое што успева и се одгледува ширум Македонија. Најпознати региони каде што се одгледува јаболка кои се препознатливи во секојдневниот живот, па и народното творештво се Преспа и Тетовско.

Опишувајќи ја Тетовската каза и пишувајќи за нејзиното производство, економија и трговија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, за јаболката запишал:

Првото место меѓу овошјето го заземаат јаболката. Добриот квалитет уште повеќе би се зголемил доколку се обработуваат со поголемо знаење и при она име со коешто се ползуваат тие ќе бидат голем извор за збогатување на наброените села. Тие носат различни имиња според видот и квалитетот: самунки, босјанки (најкрупните), петровки (така наречени затоа што рано созреваат, обично околу Петровден), шареначки, врбовички и ѓулабии. Најубави се ѓулабиите, од кои најубавите се носат дури во Цариград [2]

Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896

Преспанско јаболко

Јаболкници во село Љубојно
Преспанска јаболка

Производството на јаболко е главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија. Најзначаен регион за производство на јаболко е Преспанскиот регион кои се наоѓа на надморска висина од околу 850 метри. Во овој регион се произведуваат 90% од вкупните количини на јаболко во Република Македонија односно околу 80.000 тони.

Квалитетот на преспанското јаболко е познат и признат во светот и потврден со многу анализи и контроли на квалитетот.

Најзастапени сорти на јаболко се Ајдаредот со околу 63%, Златниот Делишес 20%, Црвениот Делишес 10% и други сорти со околу 7%.

Околу 20% од вкупното производство на јаболко отпаѓа на индустриско јаболко, што на нашата фабрика и овозможува достап до квалитетна суровина за производство на јаболков концентрат со врвен квалитет[3].

Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ секоја година официјално започнува годинашната берба на Преспанското јаболко.

На почетокот на бербата, што традиционално започнува на големиот христијански празник Крстовден, се очекува секоја година да надмине 100.000 тона[4].

Во 2016 година, поради ниските температури кои го зафатија Преспанскиот регион на крајот од април, родот со јаболки ебил преполовен во однос на минатите години, односно се собрале околу 50.000 тони јаболка. Околу 2.700 хектари јаболкови насади биле зафатени од мразот, а родот бил оштететен од 20 до 100 проценти[5].

Хранлива вредност

Јаболка, со лушпа (делови за јадење)
Хранлива вредност на 100 г
Енергија218 kJ (52 kcal)
13,81 g
Шеќери10,39
Влакна2,4 g
Масти
0.17 g
0,26 g
Витамини
Витамин А (екв.)
лутеин зеаксантин
(0 %)
3 μг
(0 %)
27 μг
29 μг
Тиамин 1)
(1 %)
0,017 мг
Рибофлавин 2)
(2 %)
0,026 мг
Ниацин 3)
(1 %)
0,091 мг
Пантот. кис. 5)
(1 %)
0,061 мг
Витамин Б6
(3 %)
0,041 мг
Фолна кис. 9)
(1 %)
3 μг
Витамин Ц
(6 %)
4,6 мг
Витамин Е
(1 %)
0,18 мг
Витамин К
(2 %)
2,2 мг
Минерали
Калциум
(1 %)
6 мг
Железо
(1 %)
0,12 мг
Магнезиум
(1 %)
5 мг
Манган
(2 %)
0,035 мг
Фосфор
(2 %)
11 мг
Калиум
(2 %)
107 мг
Натриум
(0 %)
1 мг
Цинк
(0 %)
0,04 мг
Други состојки
Вода85,56 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.

Јаболкото како тема во уметноста и популарната култура

Јаболкница во село Трубарево

Јаболкото е честа тема во народното творештво, литературата, сликарството и во популарната култура, као на пример:

  • „Големото јаболко“ (Big Apple) - популарно име за Њујорк.

Јабокото како тема во книжевноста

  • „Златната јаболкница јаболко и деветте пауници“ (српски: Златна јабука и девет пауница) — српска народна приказна.[6][7]
  • „Четворицата сликари и јаболкницата“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[8]
  • „Јаболков цвет“ — песна на полскиот поет Мјечислав Јаструн.[9]
  • „Јаболко“ — расказ од збирката „Пожар“ на Живко Чинго.[10]
  • „Речиси јаболко“ — суфиска приказна.[11]
  • „Јаболкото што плаче и јаболкото што се смее“ — турска бајка.[12]
  • „Гризни го јаболкото - македонска еротска проза“ — збирка раскази на С. Стојменска-Елзесер (приредувач).[13]
  • „Јаболницата-табакера“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[14]
  • „Јаболко во темнината“ — роман на бразилската писателка Кларис Лиспектор од 1961 година.[15]
  • Јаболкница“ — новела на Џон Голсворди.[16]
  • „Железната јаболкница“ (Gvozdena jabuka) — песна на српскиот поет Васко Попа.[17][18]
  • „Крунисано јаболко“ (Krunisana jabuka) — песна на Васко Попа.[19]
  • „Јаболко од крилото“ — збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1933 година.[20]
  • „Необрани јаболка“ — краток расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[21]
  • „Јаболкница“ — песна на Бошко Смаќоски.[22]
  • „Јаболкница“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[23]

Јаболкото како тема во музиката

  • „Јаболкница-цицалче“ (Apple Suckling Tree) - песна на американската рок-група „Бенд“ (The Band) од 1975 година.[24]
  • „Јаболка и вино“ (Jabuke i vino) - песна на Жељко Бебек и на српската поп-група „Зана“.[25]
  • „Јаболко“ (Apple) - песна на американското дуо „Cibo Matto“ од 1996 година.[26]

Галерија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица