Суџоу

Суџоу (кинески:苏州; пинјин : Sūzhōu) — град што се наоѓа во југоисточниот дел на покраината Џјиангсу во Источна Кина. Градот се наоѓа во долниот тек на реката Јангце, на брегот на езерото Тајху и дел од делтата на реката, околу 100 км северозападно од Шангај. Суџоу е главно стопанско средиште и средиште на трговијата, втор по големина град во покраината, по главниот град Нанџјинг.

Суџоу
苏州市
Град-префектура
Прекар(и): Венеција на Истокот
ДржаваНародна Република Кина
ПокраинаЏјиангсу
Околии11
Воспоставен514 г. пр. н. е.
Општинско седиштеГусу
Управа
 • ВидГрад-префектура
 • Партиски секретарЛан Шаомин
 • ГрадоначалникЛи Јапинг
Површина[1]
 • Град-префектура8.488,42 км2 (3,277,40 ми2)
 • Земјишна5.851 км2 (2,259 ми2)
 • Вода2.394,50 км2 (924,52 ми2)
 • Градска2.944,4 км2 (1,136,8 ми2)
 • Метро12.493 км2 (4,824 ми2)
Население (попис 2020)
 • Град-префектура12.748.252
 • Густина1,500/км2 (3,900/ми2)
 • Градскo6.715.559
 • Градска2,300/км2 (5,900/ми2)
Часовен појасКинеско стандардно време (UTC+8)
Поштенски број215000
Повик. бр.512
ISO 3166CN-JS-05
БДП (2021) [2]
  • Вкупно

CNY 2,272 билиони
USD $352,22 милијарди
PPP $528,42 милијарди

  • По жител

CNY 178,207
USD $27,629
PPP $49,477

  • Раст: 8,7%
Индекс на човековиот развој (2015)0,868– многу висок[3]
Цвеќе на градотOsmanthus
Дрво на градоCamphor laurel
Регионален дијалектВу: Суџоушки дијалект
Регистерска табличка苏E and 苏U[4]
Мреж. местоsuzhou.gov.cn

Во 2014 година, градот Суџоу ја добил наградата Светски град Ли Куан Ју во 2014 година, која се смета за Нобелова награда за урбанистичко планирање.

Историја

Разгледница на Суџоу: Градината на скромниот гувернер ( Класични градини на Суџоу ), пагодата Јунјан на тигарскиот рид, панорама на езерото ЃинЃи, портата Чангмен ноќе и каналот Шантанг.

Суџоу, колепката на културата Ву, е еден од најстарите градови во сливот на реката Јангце. Основан е во 514 г.пр.н.е. како Гусу или Ву (престолнина на државата Ву) и неговата 2500-годишна историја е богата со настани. За време на раздобјето на завојуваните држави, тој бил познат како престолнина на Ву, а за време на династијата Ќин бил главен град на покраината Ву Сиан, под името Куаиџи. Времето на династијата Хан е време на неговиот прв процут. Околу 100-тата година бил меѓу десетте најголеми градови во светот.

За време на династијата Суеј, во 589 г. градот бил преименуван во Суџоу, а Големиот Канал донел нов процут на градот. Во текот на кинеската историја, градот бил главната индустриска и трговска метропола на југоисточниот дел на кинескиот брег. За време на династијата Танг (825), поетот Бај Ѓуји го изградил каналот Шантанг за да го поврзе градот со Хуќу. Во 10 век, за време на династијата Сунг, тој станал важно трговско средиште на земјата. Во 1035 година Фан Џунгјан дал да се изгради Храмот на Конфучие.

Во февруари 1130 година, војниците од династијата Ѓин го ограбиле градот, по што следела инвазијата на Монголите (1275 г. ). Во 1367 година, Џу Јуанџанг, основачот на династијата Минг, го освоил градот по десетмесечна опсада и ја уништил кралската палата и наметнал страшни давачки врз отпадничкиот град и истакнатите семејства.[5] И покрај тоа, за време на династиите Минг и Чјинг, Суџоу останал културно средиште со голема економска моќ, а воедно бил и најголемиот град во светот без статус на главен град. Повеќето од приватните градини во градот биле изградени во тоа време.

Во средината на XIX век, Тајпиншкото востание довело до губење на регионалното стопанско водство во корист на новосоздаденото пристаниште Шангај. Исто така, каналскиот сообраќај бил маргинализиран поради развојот на железницата. Сепак, забавувањето на стопанскиот развој на градот имало благотворно влијание наспроти индустрискиот бум во 20 век и немал големи оштетувања на спомениците; особено се зачувани класичните градини во Суџоу, познати низ целиот свет. За жал, многу од нив биле уништени за време на јапонската инвазија во 1938 година, но во раните 1950-ти години тие беа главно обновени.

На крајот на илјадалетието, поради брзиот стопански развој ширум Кина, имало многу прашања за заштитата на спомениците и природната средина, но туристичките атракции на градот останале недопрени.

Знаменитости

Класични градини во Суџоу
светско наследство на УНЕСКО
МестоСуџоу, Кина
КритериумКултурен: i, ii, iii, iv, v
Навод813
Запис1997 (21. заседание)
Дополнувања2000

Градот е познат по своите камени мостови, пагоди и внимателно направени градини од времето на династијата Сунг (960 - 1279), благодарение на што станал главна туристичка атракција. Класичните градини во Сужоу се група од девет градини во градот кои се запишани на списокот на светско наследство на УНЕСКО во Азија, бидејќи ги вклучуваат „главните одлики на класичните кинески градини со изграден крајолик кој подражава природна сценографија на камења, ридови и реки со стратешки поставени павилјони и пагоди, а со тоа и „со својот беспрекорен дизајн, тие ја одразуваат длабоката метафизичка важност на природната убавина во кинеската култура“.[6] Затоа Суџоу често се нарекува „Венеција на Истокот“ или „Венеција на Кина“.[7][8][9]

Мостот Тонгги на улицата Шентанг.
Главната дворана на храмот Чонгјуан
„Капијата на Истокот“ во изградба во 2015 година.

Во Суџоу исто така се наоѓа и светското наследство Големиот Канал, односно две заштитени места: патот Пингџијанг и улицата Шантанг, во кои има десет стари камени градски порти и над 20 камени мостови преку 24 канали.

Од храмовите зачувани се:

  • Храмот Ханшан (寒山寺Hánshān Sì, буквално: „Храмот на студената планина“) е будистички храм од 6 век.
  • Храмот Сијуан (西园寺, буквално: „Храмот на западната градина“) е будистички храм од династијата Јуан (14 век) и се наоѓа западно од „Висечката градина“ (留園 Лиу Јуан) од 16 век. .
  • Храмот Суанмиаогуан (玄妙观 Xuánmiào Guàn, буквално: „Храмот на тајните“) е таоистички храм во центарот на Стариот град кој бил основан во 276 година и повторно изграден во 12 и 18 век.
  • Храмот Лингјаншан (灵岩山寺 Línyànshán sì ) е будистички храм од 6 век на ридот Лингјан над Суџоу.
  • Храмот Чонгјуан (重元寺Chóngyuɑ́n Sì ) е будистички храм од времето на династијата Љанг (6 век) над езерото Јангченг. Неколку пати бил уништен и обновуван, последен пат во Културната револуција од 1960-тите, а повторно е изграден од 2003 година. Кога била отворена во 2007 година, нејзината главна сала била најголемата (2.400 m²) и највисоката (38 m) соба на храм во Кина.

„Капијата на Истокот“ (东方之门 Dōng fāng zhī mén ) е облакодер висок 301,8 m на западниот брег на езерото Ѓинѓи од 2016 година.

Управа

Средиштетот на градот Суџоу, т.н. „Стар град“ одговара на округот Гусу, додека индустрискиот парк Суџоу (SIP) е на исток и зоната за развој на новата технологија Суџоу (Нов Округ Суџоу, SND) е западно од центарот. Суџоу е еден од најуспешните градови во Кина благодарение на растот на нејзините сателитски градови како што се: Куншан, Тајканг, Чангшу и Џанѓаганг, кои ѝ припаѓаат на префектурата Суџоу.

ПоделбакинескиПинјинНаселение [10]Површина (км²)Густина
население (/km²)
Средиште на градот
Гусу姑苏区Gūsū Qū954.4553722.565,73
Предградија
Хуќу虎丘区Hǔqiū Qū572.3132582.218,26
Вуџонг吴中区Wúzhōng Qū1.158.4106721.723,82
Сијангченг相城区Xiāngchéng Qū693.5764161.667,25
Вуѓанг吴江区Wújiāng Qū1.275.0901.0931.166,59
Сателитски градови
Чангшу常熟市Chángshú Shì1.510.1031.0941.380,35
Тајканг太仓市Tàicāng Shì712.0696201.148,49
Куншан昆山市Kūnshān Shì1.646.3188651.903,25
Џанѓаганг张家港市Zhāngjiāgǎng Shì1.248.4147721.617,11
Вкупно10.465.9948.4881.233,03
Неформален административен дел: Индустриски парк Суџоу и нов округ Суџоу

Население

Според пописот од 2010 година, Суџоу имал 4.074.000 жители, со население од претежно Кинези Хан и странски доселеници, главно Корејци (0,44%).[10] Службен јазик е стандардниот мандарински кинески, иако многумина зборуваат и локален дијалект познат како суџоунески, член на јазичното семејството ву. Населението на градот пораснало со невидена стапка од 6,5% помеѓу 2000 и 2014 година, што е највисока меѓу градовите со повеќе од 5 милиони луѓе.[11]

Движење на бројот на жители во градското подрачје
199020002009201020152018
706.459 [12]1.099.450 [12]1.546.947 [12]4.074.000 [10]6.670.12410.680.000

Стопанство

Индустриски парк Суџоу (SIP) на западниот брег на езерото Ѓинѓи.

Суџоу бил важно средиште на кинеската индустрија за свила и го задржал тој статус до ден-денес. Градот е дел од економската област на делтата Јангце. Новата област Суџоу (SND) била основана во ноември 1992 година, а до 2007 година веќе имала над 13 милијарди американски долари ($) странски инвестиции. БДП по глава на жител на градот во 2006 година изнесувал 79.406 元 (околу 10.087 американски долари), со што Суџоу бил петти од 669 кинески градови. Денес, над 40 големи компании (од групацијата Fortune 500) работат во Суџоу НД.[13]

Градови пријатели

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица