Одбор на светското наследство

Одбор на светското наследство — орган кој утврдува места кои ќе бидат запишани на списокот како светско наследство на УНЕСКО. Одговорен е за спроведување на конвенцијата за светско наследство, го дефинира користењето на фондот за светското наследство и доделува финансиска помош на барања од земјите-членки. Составен е од 21 земја-членка[1], кои се избрани од Генералното собрание на земјите-членки со четиригодишен мандат.[2]

Лого на Одборот на светското наследство на УНЕСКО

Според конвенцијата на светското наследство, мандатот на членовите на одборот е шест години, меѓутоа многу земји-членки сами одбираат да бидат членови во одборот само четири години, со цел да дадат можност на други држави да земат учество во одборот.[2] На пример, сите членки избрани на 15-то Генерално собрание (2005) одлучиле да го намалат својот мандат од шест на четири години.[2]

Морска програма на светското наследство

Започната во 2005, морска програма на светското наследство [3] промовира конзервација на морските области. Оваа програма се фокусира на зајакнување на кредибилноста на списокот на светското наследство, конзервација и градење капацитет за морските заштитени места и комуникација и изразување околу конвенцијата на светското наследство како инструмент за заштита на морските области. Моментално има 43 локации низ целиот свет на списоко[4], вклучувајќи ги и Големиот Корален Гребен и островите Галапагос.

Заседание

Одборот на светското наследство се сретнува неколкупати годишно за да разговараат за управување на постоечкото светско наследство и да ги прифатат номинациите од државите. Заседанието, познато како заседание на одборот на светското наследство се одржува секоја година, каде што се запошуваат нови места на списокот на светско наследство, по направените презентации од IUCN и/или ICOMOS и размислувања помеѓу државите. Тие се сретнуваат еднаш годишно.

Годишното заседание се одржува во градови низ целиот свет. Со исклучок на оние што се одржуваат во Париз, каде што е седиштето на УНЕСКО, само членовите на државите кои се членки на одборот на светското наследство имаат право да го одржуваат идното заседание, со одобрение од Одборот, како и обезбедување на условот дека мандатот на заинтересираната држава не истекува пред одржувањето на заседанието.

ЗаседаниеГодинаДатумГрад-домаќинЗемја-членка
1197727 јуни - 1 јулиПариз  Франција
219785 септември - 8 септемвриВашингтон  САД
3197922 октомври - 26 октомвриКаиро & Луксор  Египет
419801 септември - 5 септемвриПариз  Франција
5198126 октомври - 30 октомвриСиднеј  Австралија
6198213 декември - 17 декемвриПариз  Франција
719835 декември - 9 декемвриФиренца  Италија
8198429 октомври - 2 ноемвриБуенос Аирес  Аргентина
919852 декември - 6 декемвриПариз  Франција
10198624 ноември - 28 ноемвриПариз  Франција
1119877 декември - 11 декемвриПариз  Франција
1219885 декември - 9 декемвриБразилија  Бразил
13198911 декември - 15 декемвриПариз  Франција
1419907 декември - 12 декемвриБанф  Канада
1519919 декември - 13 декемвриКартагина  Тунис
1619927 декември - 14 декемвриСанта Фе  САД
1719936 декември - 11 декемвриКартахена  Колумбија
18199412 декември - 17 декемвриПукет  Тајланд
1919954 декември - 9 декемвриБерлин  Германија
2019962 декември - 7 декемвриМерида  Мексико
2119971 декември - 6 декемвриНеапол  Италија
22199830 ноември - 5 декемвриКјото  Јапонија
23199929 ноември - декемвриМаракеш  Мароко
24200027 ноември - 2 декемвриКернс  Австралија
25200111 декември - 16 декемвриХелсинки  Финска
26200224 јуни - 29 јуниБудимпешта  Унгарија
27200330 јуни - 5 јулиПариз  Франција
28200428 јуни - 7 јулиСужоу  Кина
29200510 јули - 17 јулиДурбан  ЈАР
3020068 јули - 16 јулиВилниус  Литванија
31200723 јуни - 1 јулиКрајстчерч  Нов Зеланд
3220082 јули - 10 јулиКвебек Сити  Канада
33200922 јуни - 30 јуниСевиља  Шпанија
34201025 јули - 3 августБразилија  Бразил
35201119 јуни - 29 јуниПариз  Франција
36201225 јуни-5 јулиСанкт Петербург  Русија
37201317 јуни-27 јуниПном Пен  Камбоџа
38201415 јуни-25 јуниДоха  Катар

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица