Корејци
Корејци (хангул: 한민족; ханча: 韓民族; ПР: Hanminjok; или хангул: 조선민족; ханча: 朝鮮民族; ПР: Joseonminjok) – источноазиска етничка група и нација по потекло од целиот Корејски Полуостров и југоисточна Манџурија.[9][10][11]
Вкупен број | |
---|---|
ок. 84 million[1] | |
Подрачја со значајно население | |
Јужна Кореја 50.423.955 (процена 2014)[2] Северна Кореја 25.300.000 (процена 2014)[3] Дијаспора од 2015[update] ок. 7–7,42 million[4] | |
Кина | 2.585.993[4] |
САД | 2.238.989[4] |
Јапонија | 855.725[4] |
Канада | 224.054[4] |
Узбекистан | 186.186[4] |
Русија | 166.956[4] |
Австралија | 153.653[4] |
Виетнам | 108.850[4] |
Казахстан | 107.613[4] |
Филипини | 89.037[4] |
Бразил | 50.418[4] |
Индонезија | 40.741[4] |
Обединето Кралство | 40.263[4] |
Германија | 39.047[4] |
Нов Зеланд | 30.174[4] |
Арапска лига | 24.000[4][5] |
Аргентина | 22.730[4] |
Тајланд | 19.700[4] |
Сингапур | 19.450[4] |
Киргистан | 18.709[4] |
Франција | 15.000[4] |
Украина | 13.103[4] |
Малезија | 12.690[4] |
Мексико | 11.800[4] |
Индија | 10.178[4] |
Камбоџа | 8.445[4] |
Шведска | 8.000[4] |
Саудиска Арабија | 5.189[4] |
Гватемала | 5.162[4] |
Парагвај | 5.090[4] |
Тајван | 4.828[4] |
Јазици | |
корејски[6] | |
Вероисповед | |
Примарно христијанство, корејски будизам, корејски шаманизам и чеондизам[7][8] |
Корејците главно живеат во двете корејски национални држави, Јужна Кореја и Северна Кореја, но исто така официјално се признаени како малцинство во Кина, Виетнам, Јапонија и Филипини, плус во одредени поранешни советски републики, како Русија и Узбекистан. Во текот на XX век значителни корејски заедници се појавиле во Австралија, Канада, Соединетите Американски Држави и во помала мера во други држави.
Бројот на етнички Корејци во дијаспора во 2013 година е проценет на 7,4 милиони.[4]
Историја
Од праисторијата Корејскиот Полуостров го населувале главно манџурски, монголски и тунгуски племиња со север кои и ја правата основата на етногенезата на денешните Корејци со можни малајски групи од југ, како и повремени јапонски упади. Митолошкиот владетел Тангун ја основал првата корејска држава уште во 2333 г.п.н.е., откога почнува старокорејското сметање на времето. Корејската стара цивилизација тесно е поврзана со соседната кинеска. Расцепканоста и војните меѓу поедини рани државички се смируваат со воспоставувањето на кралството Сила кое во VII век го обединува полуостровот и воспоставува единствена управа и јазик (старокорејски). И оваа, како и подоцнежните држави, се потпираат на кинеските културни и политички влијанија. Од X до XIV век доминантно е кралството Кори (под династијата Ванг), по кое и во Европа останува познато името на земјата. Кореја тогаш ја признава врховната власт на монголските ханови. Тогаш се зацврстува будизмот. Со помош на Кина, во 1392 година власта ја презема династијата Ји. Нивната нова држава Чозон, што е денешното корејско име на земјата, трае сè до XX век, иако во разни периоди ја признава јапонската и манџурската врховна власт. Од XIV век под кинеско влијание државна религија станува конфуцијанството. Традиционалната култура на Корејците е селска, но раниот племенски шаманизам се испреплетува со високоразвиените културни влијанија на будизмот и конфуцијанството. Првите книжевни и историски записи се јавуваат од XII век. Во средниот век книжевното и останатото културно творештво по вид и тематика ги опфаќа сите подрачја на културниот живо на високо рамниште, па Кореја е важна како изворен посредник меѓу кинеската култура и Јапонија. Современата корејска култура, како модерното стопанство, ги досегаат високите светски стандарди во сите подрачја, притоа чувајќи ја сопствената тематика, изразни форми и средства како и облиците на сопствениот идентитет заснован на силни историски извори.
Наводи
Надворешни врски=
- Korean American Museum
- Korean Residents Union in Japan (Mindan) Архивирано на 26 октомври 2005 г.