Томас Ринкон

Томас Едуардо Ринкон Ернандес (роден на 13 јануари 1988 година во Сан Кристобал) е венецуелски фудбалер, играч од средниот ред на Сампдорија и на венецуелската репрезентација. Во моментов тој е капитен на својата земја.

Томас Ринкон
Лични податоци
Роден на13 јануари 1988(1988-01-13)(36 г.)
Роден воСан Кристобал, Венецуела
ДржаваВенецуела Венецуела
Висина&100000000000001750000001,75 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубСампдорија Сампдорија
Број88
Младинска кариера
Маракаибо УА Маракаибо
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2007-2008Самора Самора33(1)
2008-2009Депортиво Тачира Депортиво Тачира18(0)
2009-2014Хамбургер Хамбургер106(0)
2014-2017Џенова Џенова78(4)
2017Јувентус Јувентус13(0)
2017-2022Торино Торино145(6)
2022-Сампдорија Сампдорија17(0)
Репрезентација
2006-2007Венецуела Вененцуела 206(3)
2008-Венецуела Венецуела118(1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Неговиот прекар е El General (во превод Генералот).[1]

Технички одлики

Ринкон е дефанзивен играч од средниот ред кој може да игра и десно во среден ред со три играчи а во екстремни случаи, и како десен бек.[2] Специјалист е за антиципирање на противниците и има добра контрола на топката, исто така може да се справи и во ситуации кога ќе остане сам на средината на теренот. Има моќен удар од далечина, а исто така, тој знае да стане многу опасен и во нападот, каде што често успева со дриблинг да се ослободи од противниците и е вешт во обезбедување на асистенции за неговите соиграчи.

Клупска кариера

Ринкон ја започнал својата кариера во екипата на УА Маракаибо, меѓутоа своето деби како професионалец го направил во екипата на Самора во 2007 година, играјќи 33 натпревари во венецуелското првенство на кој постигнал еден гол. Во јули 2008 година, Ринкон и се приклучил на екипата на Депортиво Тачира и потпишал договор со клубот до 2010 година.

Во јануари 2009 година на возраст од 22 години Ринкон го имал своето прво искуство надвор од неговата родна Венецуела, преку Атлантикот во Европа, потпишувајќи договор со екипата на Хамбургер од Германија за позајмица до декември 2010. Својот прв натпревар за клубот го имал на 4 март 2009 против Веен во Купот на Германија. Своето деби во Бундеслигата го имал на 4 април 2009, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Џонатан Питроипа во 87-мата минута при победата на домашен терен над Хофенхајм со 1-0. Иако тоа бил неговиот единствен настап во лигата за сезоната 2009-2010, во следната сезона неговите настапи станале побројни и во декември 2010 Хамбургер го откупил неговиот договор од Депортиво Тачира, потпишувајќи перманентен договор со Ринкон во трајност до јуни 2014. Ринкон поминал пет сезони во дресот на Хамбургер и одиграл преку 100 натпревари Бундеслигата.

На 31 јули 2014 бил официјализиран преминот на Ринкон во италијанската Џенова,[3] во која дошол како слободен играч по истекот на неговиот договор со Хамбургер на почетокот на летото истата година.[4] На 24 август 2014 го одиграл својот прв официјален натпревар за грифоните, во победата на гости против Виртус Ланчано во Купот на Италија. Во Серија А дебитирал на 31 август, во првото коло од првенството против Наполи. Својот прв гол за клубот го постигнал на 22 ноември 2015 во победата на домашен терен над Сасуоло со 2-1, со прекрасен удар надвор од шеснаесетникот.[5]

Вкупно за Џенова одиграл 82 натпрвари и постигнал 3 гола за две и пол години поминати во клубот.

На 3 јануари 2017 Јувентус го купил венецуелецот за 8 милиони евра плус можност за уште 1 милион доплата во зависност од неговите спортски достигнувања во дресот на Старата дама.[6][7] Ринкон потпишал три и пол годишен договор станувајќи првиот венецуелски играч во историјата на клубот и избрал да го носи дресот со број 28. Своето деби во дресот бјанконеро го направил на 8 јануари 2017 во победата на домашен терен над Болоња со 3-0, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Сами Хедира во 81-вата минута од натпреварот. На 14 март 2017, Ринкон го направил својот деби настап во Лигата на шампионите во неговата кариера, влегувајќи како замена на местото на Пауло Дибала во победата со 1-0 на домашен терен против Порто, во реваншот од осминафиналето.[8] На 17 мај 2017, го освоил трофејот во Купот на Италија, играјќи како стартер во финалето против Лацио кое Јувентус го добил со 2-0.[9][10] Четири дена подоцна, го освоил своето прво скудето во кариерата.

На 11 август 2017, Ринкон бил позајмен на Торино за 3 милиони евра со опција за постојан трансфер за плус 6 милиони евра.[11]

Репрезентативна кариера

Ринкон учествувал на Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години во Парагвај во 2007. Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 3 февруари 2008 во Матурин во победата со 1-0 во пријателски натпревар против Хаити.

Селектор на венецуелската репрезентација Сесар Фаријас го ставил на списокот на репрезентацијата за настап на Копа Америка 2011. За време на турнирот, тој не постигнал ниту еден голови, но бил еден од најдобрите играчи на Венецуела на првенството помагајќи и на својата репрезентација да го освои 4-то место на првенството. Подоцна тој бил избран за најдобар играч на турнирот од страна на Адидас.

Ринкон исто така учествувал со својата репрезентација и на Копа Америка 2015 и Копа Америка Сентенарио.

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 5 јануари 2017.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2007-2008 СамораПД331КВ22КС30---383
2008-2009 Деп. ТачираПД180КВ00------180
2009 ХамбургерБЛ10КГ10КУ20---40
2009-2010БЛ170КГ00ЛЕ2[12]+90[12]+0---280
2010-2011БЛ190КГ20------210
2011-2012БЛ270КГ20------290
2012-2013БЛ200КГ00------200
2013-2014БЛ22+2[13]0+0[13]КГ20------260
Вкупно Хамбургер106+2070130---1280
2014-2015 ЏеноваА290КИ20------310
2015-2016A333КИ10------343
2016-јан. 2017А160КИ10------170
Вкупно Џенова78340-----823
јан.-јун. 2017 ЈувентусА00КИ00ЛШ00---00
2017-2018 ТориноА50КИ00ЛШ00---00
Вкупно во кариерата2424132160---2716

Титули

Јувентус

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица