13 јануари

датум
<<јануари>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

13 јануари — 13-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 352 денови до крајот на годината (353 во престапна).

Настани:

532 Бунтот Ника во Цариград.
1610 Галилео Галилеј го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер.
1785 Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на „Тајмс“ (The Times).
1898 Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на Евреите.
1938 Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет.
1953 Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија.

Родени:

1806 Јован Стерија Поповиќ — српски писател.
1864 Вилхелм Вин — германски физичар и нобеловец, познат по неговиот закон за топлинското зрачење на апсолутните црни тела.
1869 Иво Ќипико — српски писател.
1876 Ерхард Шмит — германски математичар.
1888 Назим Хикмет — турски писател и револуционер.
1898 Живоин Павловиќ — југословенски комунист.
1920 Христо Стамболиев — еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и негов прв декан.
1929 Џо Пас — американски гитарист.
1953 Јордан Витанов — македонски глумец.
1955 Пол Кели — австралиски рок-музичар.
1970 Шонда Рајмс — американски сценарист, режисер и продуцент.
1972 Виталиј Шчербо — белоруски и советски гимнастичар.
1977 Орландо Блум — англиски глумец.
1982 Драган Чадиковски — македонски фудбалер.
1983 Џовани Висконти — италијански велосипедист.
1987 Даниел Ос — италијански велосипедист.
1988 Милош Биковиќ — српски и руски глумец.
1989 Александар Минченков — руски фудбалер.
1997 Луис Дијас — колумбиски фудбалер.

Починале:

1625 Јан Бројгел Постариотфламански сликар, син на познатиот уметник Питер Бројгел Постариот.
1943 Благој Страчковски — македонски народен херој, учесник во НОБ.
1977 Жорж Клузо — француски филмски режисер и сценарист.
1979 Дони Хатавеј — американски џез и блуз музичар.
1984 Вера Циривири Трена — носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија.
1994 Добри Ставревски — македонски пејач.
1994 Горан Ивандиќ — српски и југословенски рок-музичар, член на групата „Бијело дугме“.
2002 Антоние Исаковиќ — српски писател и академик.
2007 Мајкл Брекер — американски џез-музичар.
2012 Миљан Миљаниќ — српски и југословенски фудбалски тренер и функционер.
2021 Силвејн Силвејн — американски рок-музичар.

Празници:

Василица. Според православната вера на овој ден се пали оган се крши лепче со паричка, се топли ракија. Кај кого ќе падне паричката тој е кум за следната Василица.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица