Томи Хас

германски тенисер

Томас Марио „Томи“ Хас (роден на 3 април 1978 г.) — германски професионален тенисер. Тој се натпреварува на АТП турнирите од 1996 година. Откако во 1997 година се рангирал помеѓу првите 100 најдобри тенисери во светот и во мај 2002 година го достигнал врвот во неговата кариера со заземање на 2. место на АТП листата, неговата кариера била прекината поради повреди. Првиот период на повреди предизвикал да ја пропушти целата сезона во 2003 година, и не успеал да се врати помеѓу првите 10 до 2007 година. Хас исто така пропуштил да игра во периодот помеѓу февруари 2010 и јуни 2011, но откако се вратил на терените повторно се рангирал меѓу првите 20 на АТП листата.

Томи Хас
Хас на Ролан Гарос 2009
ИмеТомас Марио Хас
Земја Германија
Место на живеењеБрејдентон, САД
Лос Анџелес, САД
Роден на3 април 1978(1978-04-03)(46 г.)
Роден воХамбург, Германија
Спорт Тенис
Висина&100000000000001880000001,88 м
Професионалец1996
Игра со• десна рака
• еднорачен бекхенд
Заработка$ 13,225,781
Поединечно
Победи-порази563–321 (63.68%)
Титули15
Највисок пласманБр. 2 (13 мај 2002)
Сегашен пласманБр. 506 (31 август 2015)[1]
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенЧФ (1999, 2002, 2007)
Ролан ГаросЧФ (2013)
ВимблдонПФ (2009)
УС ОпенЧФ (2004, 2006, 2007)
Други турнири
Олимписки игриСребрен медал (2000)
Во двојки
Победи-порази68–79
Титули1
Највисок пласманБр. 82 (3 февруари 2014)
Резултати на Гренд Слемови
Ролан Гарос1К (2011)
УС Опен1К (2005)
Ажурирано на: 31 август 2015.
Олимписки медали
Натпреварувач за  Германија
Тенис во машка конкуренција
Сребрен медал – второ место2000 СиднејПоединечно

Хас никогаш нема освоено Гренд Слем турнир и неговите најдобри резултати се полуфинални двобои, трипати на Отвореното првенство на Австралија и еднаш на Вимблдон. Тој има освоено 15 титули АТП титули вклучувајќи еден Мастерс турнир и има освоено сребрен медал на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј.

Почетоци

Роден е во Хамбург, Германија од Бригите и Петар Хас[1]. Томи започнал да игра своја верзија на тенис од неговата четврта година, користејќи дрвена штица со која што го удирал топчето од ѕидот или од раката на неговиот татко. Кога неговиот татко го забележал неговиот талент започнал да го носи Хас на работа, бидејќи бил тениски тренер.

На пет годишна возраст Хас го освоил неговиот прв младински турнир во Хамбург. На осум години го освоил вториот во Минхен. Помеѓу единаесетатта и тринаесетатта година тој двапати победил на австриското, германското и европското првенство.

Неговиот талент бил забележан од тенискиот гуру Ник Болетири. Бидејќи Ник бил премногу импресиониран од младиот германец кој тогаш имал 11 години му понудил да остане да тренира на неговата академија во Брејдентон, Флорида бесплатно. На 13-годишна возраст Томи веќе зборувал по малку англиски и се преселил со постојан престој на Флорида за да тренира во академијата.[1]

Професионална кариера

1996–2000

Во 1996 година Хас станал професионален тенисер. Тој го привлекол вниманието со освојувањето на неговата прва АТП титула во 1999 година, со пласманот во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и со пласманот во финалето на Гренд слем купот. Наредната родина тој освоил сребрен медал на олимписките игри во Сиднеј, победувајќи ги редоследно Вејн Фереира, Андреас Винчигуера, Алекс Кореча и Макс Мирњи на патот до финалето во кое загубил од Евгениј Кафелников. Во 1998, тој исто така го победил Андре Агаси, во второто коло на Вимблдон.

2001–2004

Хас на тренинг за Светското тимско првенство во Диселдорф, 2005

Во 2001, тој започнал да прави уште поголеми чекори во неговата тениска кариера освојувајќи четири АТП титули, вклучувајќи ја и неговата прва Мастерс титула. Тој 2001 година ја завршил на 8. место на АТП листата, но пропуштил да игра на крајот на сезоната на Мастерс купот поради победата на Горан Иванишевиќ на Вимблдон, со која се изборил за последното осмо место во рангирањето. Во 2002, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија со тешките победи над Тод Мартин, Роџер Федерер, и Марсело Риос. Во полуфиналето тој имал предност над Марат Сафин so 2–1 во сетови, но поради замор од претходните долги натпревари и поради повреда на рамото тој ги загубил следните два сета со 6-0, 6-2.

Хас брзо се издигнал на врвот, заземајќи го 2. место на АТП листата, но тогаш неговата кариера била прекината поради тешката собраќајна несреќа на неговите родители поради која неговиот татко завршил во кома. Најголемиот дел од 2002 година Хас го поминал грижејќи се за своите родители, наместо играјќи тенис. Во истиот период, тој поради повреда на рамото бил примиран да иде на операција. Хас бил измачуван од понатамошни повреди и слични компликации и поради тоа тој не се вратил на професионалниот тенис сè до 2004 година.

Пред несреќата на неговите родители и неговата повреда, тој имал импресивен биланс против тогашните и идните светски бр. 1 играчи: 3–0 против Енди Родик, 5–5 против Пит Сампрас, 2–1 против Роџер Федерер, 2–1 против Марат Сафин, и 2–0 против Џим Куријер. Откако се вратил во 2004 година, Хас освоил уште две АТП титули.

2006

Во 2006 година Хас освоил три АТП титули и имал забележителен настапи на Отвореното првенство на САД каде во четвртфиналето бил поразен од Николај Давиденко, и покрај тоа што ги добил првите два сета. Хас се здобил со тешки грчеви во нозете на крајот од третиот сет, и од тогаш па натаму неговата ограничена подвижност на теренот го чинела да го загуби натпреварот. За време на натпреварот тој бил видливо вознемирен, постојано удирајќи ги нозете со рекетот, фрустриран од грчевите.

На крајот од годината тој морал да победи на Мастерсот во Париз за да се квалификува за Мастерс купот. Тој не успеал да победи во Париз, и во полуфиналето бил поразен од Доминик Хрбати.

2007

Во 2007 година, Хас се изборил за своето трето полуфинале на Отвореното првенство на Австралија. На патот до полуфиналето, тој забележал победи над Флоријан Мајер и Давид Налбандијан во третото и четвртото коло редоследно, а во четвртфиналето успеал да му се ревашира на Николај Давиденко, победувајќи го во пет сета. Сепак во полуфиналето, тој бил запрен од Фернандо Гонсалес. И покрај поразот, Хас се вратил во најдобрите 10 на АТП листата првпат по 2002 година.

Во февруари, на турнирот во Мемфис, Хас го победил Енди Родик во финалето во два сета. Хас стигнал до титулата без да се соочи со брејк топки на свој сервис на неговите натпревари. Тој исто така станал вториот тенисер кој освоил три титули на турнирот во Мемфис. Другиот е Џими Конорс, кој победил во 1979, 1983 и 1984 година.

Хас стигнал до четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, во кое загубил од Енди Мари. Иако тој бил познат како тенисер којшто не е добар на тревна подлога, сепак тој за првпат стигнал до четвртото коло на Вимблдон каде забележал победи над Зак Флајшман, Томаш Зиб и Димитриј Турсунов редоследно во првите три натпревари. За жал, тој се здобил со повреда на стомачните мускули и го предал натпреварот против Роџер Федерер во четвртото коло.

Хас на Роџерс купот во 2008

На Отвореното првенство на САД, Хас го изедначил својот најдобар резултат во Њујорк со тоа што стигнал повторно до четвртфиналето со победите во пет сета над Себастијан Грожан и Џејмс Блејк. Хас го победил Блејк во тајбрејк во петтиот сет, во кој успеал да спаси меч-топка. Во четвртфиналето, тој повторно бил поразен од Николај Давиденко.

2008

Во првата половина од 2008 година Хас бил подложен на повреди поради кои ги пропуштил Отвореното првенство на Австралија и Отвореното првенство на Франција. Поради тоа, Хас значително паднал на АТП листата. Тој стигнал до четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс победувајќи го Енди Мари во три сета. Поради повреда, тој го предал натпреварот во четвртфиналето против Роџер Федерер.

Хас стигнал до третото коло на Вимблдон забележувајќи победи во четири сета над Гилермо Кањас и Томи Робредо редоследно. Во третото коло, тој загубил од Енди Мари во четири сета.

Во сезоната на тврда подлога, тој стигнал до полуфиналето во Вашингтон во кое бил поразен од Хуан Мартин дел Потро. На Мастерсот во Торонто, Хас го победил поранешниот светски бр.1 Карлос Моја, но потоа во второто коло загубил од Николај Давиденко. Последен турнир во сезоната за Хас бил Отвореното првенство на САД, каде тој во првото коло во пет сета забележал победа над Ришар Гаске. Во второто коло, тој иако ги освоил првите два сета, сепак на крајот загубил од Жил Милер.

2009: Преродба

На почетокот од новата сезона Хас се повлекол од Отвореното првенство на Катар поради проблеми со лактот. Негов прв официјален турнир во годината бил Отвореното првенство на Австралија, каде стигнал до третото коло во кое загубил од подоцнежниот шампион Рафаел Надал. На турнирот во Сан Хосе, тој стигнал до четвртфиналето во кое загубил од Енди Родик. Сепак, тој заедно со Радек Штепанек настапил во двојки и успеал да ја освои првата АТП титула во двојки.

Хас на Отвореното првенство на Франција 2009

Хас загубил во првото коло и на двата следни турнири кои се одржале во Мемфис и Делреј Бич. Една недела подоцна, тој стигнал до третото коло на Мастерсот во Индијан Велс победувајќи ги Оскар Ернандес и Рајнер Шитлер, но таму бил поразен од Новак Ѓоковиќ.

Европската сезоната на земја, Хас ја започнал на Мастерсот во Мадрид, каде од квалификациите обезбедил место во главниот ждреб и во првото коло забележал победа над Ернест Гулбис. Во второто коло тој бил поразен од Енди Родик. Следно, на Отвореното првенство на Франција, Хас тесно загубил во четвртото коло од Роџер Федерер, откако претходно редоследно забележал победи над Андреј Павел, Леонардо Мајер и Жереми Шарди.

На Отвореното првенство на Хале, Хас ја освоил неговата прва титула на тревна подлога во неговиот 21. АТП настап. Тој го победил четвртиот носител Жо-Вилфрид Цонга во второто коло, Миша Зверев во четвртфиналето и Филип Колшрајбер во полуфиналето. Тој во финалето го победил вториот носител на турнирот Новак Ѓоковиќ во три сета.[2] Поради добрите резултати, тој се искачил на 35. место на АТП листата.

На Вимблдон, Хас победил во неверојатен натпревар во пет сета против Марин Чилиќ. Хас имал водство од 2–0 во сетови и имал меч топка во четвртиот сет, но потоа Чилиќ се вратил во натпреварот и сервирал за победа во петтиот сет при резултат 5-6. Хас успеал да направи брејк, при што натпреварот морал да биде прекинат поради мрак. Наредниот ден, Хас му го одземал сервисот на Чилиќ при резултат 8-8 и победил. Хас лесно го победил Игор Андреев и во четвртфиналето вторпат во три недели успеал да го победи Новак Ѓоковиќ со што за првпат во својата кариера се пласирал во полуфинале на Вимблдон, во кое за противник го имал Федерер. Хас загубил од Федерер, кој потоа во финалето стигнал до историската седма титула. Со овој резултат, Хас се искачил на 19. место на АТП листата.

Хас продолжил во исто темпо и стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Лос Анџелес победувајќи го Марат Сафин во четвртфиналето. Сепак, во полуфиналето тој загубил од домашниот играч, Сем Квери. Хас стигал до третото коло на Отвореното првенство на САД во кое загубил од Фернандо Вердаско. Тој годината ја завршил на 17. место на АТП листата.

2010–2011

По неговото одлично враќање, Хас повторно се здобил со повреди. Тој стигал до третото коло на Отвореното првенство на Австралија, во кое загубил од Жо-Вилфрид Цонга откако претходно ги победил Симон Грojл и Јанко Типсаревиќ. По февруари, тој не настапил на ниту еден турнир поради опоравување од операциите на неговиот десен кок и десното рамо и повторно излегол од АТП листата.[3]

Тој се вратил на терените кон крајот на април 2011 на турнирот во Минхен каде заедно со Радек Штепанек играл во двојки, но тие загубиле уште во првото коло.[4] На Отвореното првенство на Франција, Хас заирал во поединечна конкуренција, но загубил уште во првото коло од Марсел Илхан. На тревна подлога, во Хале, Хас во првото коло загубил од Андреас Сепи, а на Вимблдон исто така во првото коло, овојпат од Жил Милер. Најдобар резултат тој остварил на Отвореното првенство на САД, каде стигнал до третото коло во кое бил запрен од Хуан Монако. Освен на Гренд Слем турнирите, Хас настапил на само десет турнири, главно во јули, август и октомври.

2012: Повторна преродба

Хас на Отвореното првенство на САД 2012

Хас ја започнал сезоната на турнирот во Бризбејн, но морал да се повлече во второто коло.[5] Тој настапил на Отвореното првенство на Австралија, победувајќи го Денис Кудла во првото коло, но во второто коло загубил од Рафаел Надал.

Тој стигнал до полуфиналето на турнирот во Минхен во кое бил поразен од Марин Чилиќ, откако претходно забележал редоследно победи над Михаел Берер, Жо-Вилфрид Цонга и Маркос Багдатис. Поради слабиот ранкинг, тој морал да игра квалификации за влез во главниот ждреб на Отвореното првенство на Франција. Тој лесно минал низ трите квалификациони натпревари и изборил настап во главниот ждреб, во кој стигнал до третото коло во кое загубил од Ришар Гаске.

На Отвореното првенство на Хале, играјќи со вајлд-карта, Хас вторпат во кариерата ја освоил титулата победувајќи ги поранешните шампиони на турнирот, Томаш Бердих и Филип Колшрајбер[6] со што се пробил до финалето во кое го победил третиот носител и петткратниот шампион Роџер Федерер во два сета.[7] Сепак во првото коло на Вимблдон истиот месец, тој во пет сета загубил од сонародникот Колшрајбер.

Хас продолжил со добрата форма во втората половина од сезоната. Тој стигнал до финалето на Отвореното првенство на Германија, во кое загубил од Хуан Монако.[8] Една недела подоцна, тој стигнал до финалето во Вашингтон во кое бил поразен од Александар Долгополов.[9] Овие две финалиња го вратиле Хас меѓу најдобрите 50 на АТП листата.

Хас успеал да стигне до две четвртфиналиња на АТП Мастерс 1000 турнирите, што воедно претставувал и негов најдобар настап на тоа ниво од 2008 година. Тој во октомври брзо се вратил меѓу најдобрите 20 на АТП листата,[10] но на крајот од сезоната завршил на 21. место. Тоа било доволно за да се закити со наградата повратен играч на годината за вторпат во неговата кариера.[11]

2013: 15. АТП титула

Хас ја започнал споро новата сезона и загубил од Јарко Ниеминен во првото коло на Отвореното првенство на Австралија. Сепак, во февруари на турнирот во Сан Хосе, тој стигнал до своето 25. АТП финале во кариерата против бранителот на титулата Милош Раониќ, но загубил во два сета.[12] Следно тој играл на турнирот во Делреј Бич, каде загубил од Ернест Гулбис во три сета во полуфиналето.[13]

На Мастерсот во Индијан Велс, тој стигнал до четвртото коло во кое загубил од Хуан Мартин дел Потро, откако претходно во третото коло забележал победа над Николас Алмагро во натпревар во кој спасил меч топка. Две недели подоцна, на Мастерсот во Мајами, тој го победил светскиот бр. 1 Новак Ѓоковиќ во два сета. Тоа било негова прва победа над светски бр. 1 по победата над Андре Агаси во 1999 година.[14] Во четвртфиналето тој го победил Жил Симон и стигнал до своето прво полуфинале во Мајами, и прво полуфинале на мастерс турнир по Мастерсот во Париз во 2006 година. Таму, тој загубил од третиот носител, Давид Ферер со 6–4, 2–6, 3–6.

На почетокот на мај, тој ја освоил првата титула во годината, на турнирот во Минхен, победувајќи го Филип Колшрајбер во германското финале.[15]

Хас влегол во историјата на Отвореното првенство на Франција, кога не успеал да реализира рекордни 12 меч топки против Џон Изнер во четвртиот сет од нивниот натпревар во третото коло. Изнер го освоил сетот во тај-брејк, но во петтиот сет Хас се вратил од негативата од 2-4, спасил меч топка на 4-5 и на крајот победил со 10-8.[16] Во четвртото коло тој бил подобар од Михаил Јужни, но во четвртфиналето бил поразен од Новак Ѓоковиќ во три сета.[17]

На Отвореното првенство на Хале, Хас загубил во полуфиналето од Роџер Федерер, откако претходно забележал редоследно победи над Ернест Гулбис и Гаел Монфис. Хас стигнал до четвртото коло на Вимблдон, но таму за противник го имал Ѓоковиќ, кој повторно победил во три сета.

На следните два турнири, во Штутгарт и Хамбург, Хас двапати бил идентично поразен од Фабио Фоњини со 2–6, 4–6 во сетови. На турнирот во Вашингтон, Хас во четвртфиналето во два тај-брејк сета забележал победа над Григор Димитров, но во полуфиналето бил поразен од Хуан Мартин дел Потро. Тој стигнал до третото коло на Отвореното првенство на САД, но таму бил запрен од Михаил Јужни.

Хас ја освоил својата 15. АТП титула во кариерата, победувајќи го Робин Хасе во финалето на турнирот во Виена. Тој годината ја завршил на 12. место на АТП листата со два последователни порази од Филип Колшрајбер на турнирите во Валенсија и Париз.

Личен живот

Бригите и Петар Хас се родителите на Хас. Тој има две сестри, Сабине (родена на 24 април 1975) и Карин (родена на 16 јуни 1979).

Хас е оженет со глумицата Сара Фостер. Таа е ќерка на композиторот Давид Фостер. На 27 јануари 2010 Хас станал државјанин на САД.[18]

На 5 јули 2010 година на неговото мрежно место Хас објавил дека за првпат ќе стане татко. На 15 ноември 2010 година Хас објавил дека неговата жена Сара родила девојче - Валентина. Тој изјавил дека би сакал да продолжи да игра уште долго за неговата ќерка да може да го гледа.

Големи финалиња

Олимписки финалиња

Поединечно: 1 (1 сребрен медал)

ИсходГодинаТурнирПодлогаПротивникРезултат
Сребро2000Олимписки игри во СиднејТврда Евгениј Кафелников6–7(4–7), 6–3, 2–6, 6–4, 3–6

АТП Мастерс 1000

Поединечно: 2 (1–1)

ИсходГодинаМастерсПодлогаПротивникРезултат
Победник2001ШтутгартТврда Макс Мирњи6–2, 6–2, 6–2
Финалист2002РимЗемја Андре Агаси3–6, 3–6, 0–6

АТП финалиња во кариера

АТП рангирање

Поединечно: 28 (15–13)

Легенда
Гренд Слем турнири (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
Гренд Слем Куп (0–1)
Олимписки сребрен медал (1)
АТП Мастерс 1000 (1–1)
АТП 500 серија (4–4)
АТП 250 серија (10–6)
ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПротивникРезултат
Финалист1.13 октомври 1997 Лион, ФранцијаТврда Фабрис Санторо4–6, 4–6
Финалист2.19 октомври 1998 Лион, Франција (2)Тврда Алекс Кореча6–2, 6–7(6–8), 1–6
Финалист3.11 јануари 1999 Окленд, Нов ЗеландТврда Сјенг Шалкен4–6, 4–6
Победник1.15 февруари 1999 Мемфис, САДТврда Џим Куријер6–4, 6–1
Финалист4.19 јули 1999 Штутгарт, ГерманијаЗемја Магнус Норман7–6(8–6), 6–4, 6–7(7–9), 0–6, 3–6
Финалист5.17 септември 1999 Минхен, ГерманијаТепих Грег Руседски3–6, 4–6, 7–6(7–5), 6–7(5–7)
Финалист6.1 мај 2000 Минхен, ГерманијаЗемја Франко Скилари4–6, 4–6
Финалист7.18 септември 2000 Летни олимписки игри 2000, Сиднеј, АвстралијаТврда Евгениј Кафелников6–7(4–7), 6–3, 2–6, 6–4, 3–6
Финалист8.9 октомври 2000 Виена, АвстријаТврда Тим Хенман4–6, 4–6, 4–6
Победник2.1 јануари 2001 Аделаида, АвстралијаТврда Николас Масу6–3, 6–1
Победник3.20 август 2001 Лонг Ајленд, САДТврда Пит Сампрас6–3, 3–6, 6–2
Победник4.8 октомври 2001 Виена, АвстријаТврда Гуљелмо Кањас6–2, 7–6(8–6), 6–4
Победник5.15 октомври 2001 Штутгарт, ГерманијаТврда Макс Мирњи6–2, 6–2, 6–2
Финалист9.6 мај 2002 Рим, ИталијаЗемја Андре Агаси3–6, 3–6, 0–6
Победник6.12 април 2004 Хјустон, САДЗемја Енди Родик6–3, 6–4
Победник7.12 јули 2004 Лос Анџелес, САДТврда Николас Кифер7–6(8–6), 6–4
Победник8.5 февруари 2006 Делреј Бич, САДТврда Ксавие Малис6–3, 3–6, 7–6(7–5)
Победник9.25 февруари 2006 Мемфис, САД (2)Тврда Робин Седерлинг6–3, 6–2
Победник10.24 јули 2006 Лос Анџелес, САД (2)Тврда Дмитриј Турсунов4–6, 7–5, 6–3
Победник11.25 февруари 2007 Мемфис, САД (3)Тврда Енди Родик6–2, 6–3
Победник12.14 јуни 2009 Хале, ГерманијаТрева Новак Ѓоковиќ6–3, 6–7(4–7), 6–1
Победник13.17 јуни 2012 Хале, Германија (2)Трева Роџер Федерер7–6(7–5), 6–4
Финалист10.22 јули 2012 Хамбург, ГерманијаЗемја Хуан Монако5–7, 4–6
Финалист11.5 август 2012 Вашингтон, САДТврда Александар Долгополов7–6(9–7), 4–6, 1–6
Финалист12.17 февруари 2013 Сан Хосе, САДТврда Милош Раониќ4–6, 3–6
Победник14.5 мај 2013 Минхен, ГерманијаЗемја Филип Колшрајбер6–3, 7–6 (7–3)
Победник15.20 октомври 2013 Виена, АвстријаТврда Робин Хасе6–3, 4–6, 6–4
Финалист13.16 февруари 2014 Загреб, ХрватскаТврда Марин Чилиќ3–6, 4–6

Двојки: 1 (1–0)

Легенда
Гренд Слем турнири (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП 500 серија (0–0)
АТП 250 серија (1–0)
ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПартнерПротивникРезултат
Победник1.9 февруари 2009Сан Хосе, САДТврда Радек Штепанек Рохан Бопана
Јарко Ниеминен
6–2, 6–3

Победи над Топ 10 играчи

Сезона1996199719981999200020012002200320042005200620072008200920102011201220132014Вкупно
Победи023466203137130041147
#ИграчРангТурнирПодлогаРундаРезултат
1997
1. Карлос Моја9Хамбург, ГерманијаЗемја2. коло6–4, 6–1
2. Евгениј Кафелников7Лион, ФранцијТепихПолуфинале4–6, 6–4, 6–3
1998
3. Јонас Бјеркман9Дејвис куп, Хамбург, ГерманијаТврдаГрупна фаза6–3, 7–6(7–4), 7–5
4. Марсело Риос2Лион, ФранцијаТепихПолуфинале6–2, 1–0 ret.
5. Алекс Кореча6Париз, ФранцијаТепих2. коло7–6(7–2), 2–6, 6–3
1999
6. Тим Хенман7Светско екипно првенство, Диселдорф, ГерманијаЗемјаГрупна фаза6–7(4–7), 7–6(9–7), 6–3
7. Ричард Крајчек5Хертогенбош, ХоландијаТреваЧетвртфинале7–6(7–3), 1–6, 6–4
8. Карлос Моја9Штутгарт, ГерманијаЗемјаЧетвртфинале7–6(7–3), 6–2
9. Андре Агаси1Гренд Слем куп, Минхен, ГерманијаТврдаЧетвртфинале6–0, 6–7(2–7), 6–4
2000
10. Густаво Куертен6Индијан Велс, САДТврда2. коло7–6(7–4), 7–6(7–1)
11. Томас Енквист9Минхен, ГерманијаЗемјаПолуфинале7–6(7–5), 1–6, 6–4
12. Томас Енквист7Светско екипно првенство, Диселдорф, ГерманијаЗемјаГрупна фаза5–7, 6–2, 6–2
13. Пит Сампрас2Светско екипно првенство, Диселдорф, ГерманијаЗемјаГрупна фаза7–5, 6–2
14. Алекс Кореча9Олимписки игри, Сиднеј, АвстралијаТврда3. коло7–6(9–7), 6–3
15. Алекс Кореча9Виена, АвстријаТврда1. коло6–1, 6–0
2001
16. Лејтон Хјуит7Аделаида, АвстралијаТврдаЧетвртфинале6–4, 0–6, 6–1
17. Магнус Норман9Светско екипно првенство, Диселдорф, ГерманијаЗемјаГрупна фаза6–7(3–7), 7–6(7–3), 6–4
18. Лејтон Хјуит6Светско екипно првенство, Диселдорф, ГерманијаЗемјаГрупна фаза7–6(7–5), 3–6, 6–3
19. Пит Сампрас10Лонг Ајленд, САДТврдаФинале6–3, 3–6, 6–2
20. Тим Хенман9Штутгарт, ГерманијаТврдаЧетвртфинале2–6, 6–3, 6–4
21. Лејтон Хјуит3Штутгарт, ГерманијаТврдаПолуфинале2–6, 6–3, 6–4
2002
22. Евгениј Кафелников5Светско екипно првенство, Диселдорф, ГерманијаЗемјаГрупна фаза7–6(7–5), 6–3
2004
23. Енди Родик2Хјустон, САДЗемјаФинале6–3, 6–4
24. Андре Агаси10Лос Анџелес, САДТврдаЧетвртфинале7–6(7–5), 6–7(6–8), 6–3
25. Рајнер Шитлер8Синсинати, САДТврда1. коло6–3, 1–6, 6–4
2005
26. Гастон Гаудио6Светско екипно првенство, Диселдорф, ГерманијаЗемјаФинале6–4, 6–3
2006
27. Андре Агаси9Индијан Велс, САДТврда3. коло7–5, 6–2
28. Енди Родик4Хјустон, САДЗемјаЧетвртфинале6–7(1–7), 6–4, 6–4
29. Џејмс Блејк9Париз, ФранцијаТепих2. коло6–4, 6–2
2007
30. Давид Налбандијан8Отворено првенство на АвстралијаТврда4коло4–6, 6–3, 6–2, 6–3
31. Николај Давиденко3Отворено првенство на АвстралијаТврдаЧетвртфинале6–3, 2–6, 1–6, 6–1, 7–5
32. Марио Анчиќ9Дејвис куп, Крефелд, ГерманијаТврдаГрупна фаза2–6, 6–4, 6–4, 6–4
33. Иван Љубичиќ8Дејвис куп, Крефелд, ГерманијаТврдаГрупна фаза6–2, 7–6(9–7), 6–4
34. Енди Родик4Мемфис, САДТврдаФинале6–3, 6–2
35. Фернандо Гонсалес5Индијан Велс, САДТврда4. коло6–3, 6–2
36. Џејмс Блејк6Отворено првенство на САДТврда4 коло4–6, 6–4, 3–6, 6–0, 7–6(7–4)
2008
37. Енди Родик6Индијан Велс, САДТврда2. коло6–4, 6–4
2009
38. Жо-Вилфрид Цонга9Хале, ГерманијаТрева2. коло6–3, 7–6(7–3)
39. Новак Ѓоковиќ4Хале, ГерманијаТреваФинале6–3, 6–7(4–7), 6–1
40. Новак Ѓоковиќ4ВимблдонТреваЧетвртфинале7–5, 7–6(8–6), 4–6, 6–3
2012
41. Жо-Вилфрид Цонга5Минхен, ГерманијаЗемја2. коло6–1, 6–4
42. Томаш Бердих7Хале, ГерманијаТреваЧетвртфинале6–4, 3–6, 7–5
43. Роџер Федерер3Хале, ГерманијаТреваФинале7–6(7–5), 6–4
44. Јанко Типсаревиќ9Шангај, КинаТврда3. коло6–2, 6–1
2013
45. Новак Ѓоковиќ1Мајами, САДТврда4 коло6–2, 6–4
2014
47. Станислас Вавринка3Рим, ИталијаЗемја3. коло5–7, 6–2, 6–3

Наводи

Надворешни врски

Награди
Претходник
Марк Филипусис
Хуан Мартин дел Потро
Враќање на годината
2004
2012
Наследник
Џејмс Блејк
Рафаел Надал
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица