Третјаковска галерија

Државна Третјаковска галерија (рус. Государственная Третьяковская Галерея, ГТГ) — ликовен музеј во Москва, Русија, е најзначајната ризница на руска фина уметност во светот.

Третјаковска галерија
Государственная Третьяковская Галерея
Карта
Основан1856
МестоМосква, Русија
Типликовен музеј
Мреж. местоtretyakov.ru

Историјата галеријата започнува во 1856 кога московскиот трговец Павел Михајлович Третјаков (1832-98) набавил дела од руски уметници во неговото време со цел за создавање на збирка, која подоцна би прераснала во музеј на национална уметност [1]. Во 1892, Третјаков ѝ ја подарил неговата веќе прочуена збирка на руската нација.

Фасадата на објектот е дело на сликарот Виктор Васнецов во необичен стил на руските сказни. Изграден е во периодот 1902-04 јужно од Московскиот кремљ. За време на XX век, галеријата се проширила во неколку соседни згради, меѓу кои и црквата Св. Никола во Толмачи (XVII век).

Збирката содржи повеќе од 130.000 поставки, од „Владимирската Богородица“ и „Троица“ од Андреј Рубљов, па сѐ до монументалната Композиција VII од Василиј Кандински и Црн квадрат од Казимир Малевич.Во 1977 галеријата држела голем дел од збирката збирката на Георгиј Костаки.

Галерија на современа уметност

Новата Третјаковска галерија на Кримскиот вал

Во 1985, Третјаковската галерија административно се спола со галерија на современа уметност, сместена во голема современа зграда долж Градинскиот прстен, веднаш јужно од Кримскиот мост 55°44′03″N, 37°36′21″E. На теренот на оваа гранка на музејот се наоѓа збирка на соцреалистичка склуптури, во која спаѓаат и маркантни дела како легендарната статуа на „Железниот Феликс“ (Феликс Ѓержински) од Евгениј Вучетич (која била преместена од Лубјанскиот плоштад во 1991), статуата „Ковај!“ со работник како кова меч, и споменикот „Млада Русија“. Близу се наоѓа и 86-метарската статуа на Петар Велики од Зураб Церетели, една од највисоките статуи на светот.

Наводи

Надворешни врски

55°44′29″N, 37°37′13″E


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица