Хемиска синтеза

Како тема на хемијата, хемиската синтеза (или комбинација) ― вештачко извршување на хемиски реакции за да се добие еден или повеќе производи.[1] Ова се случува со физички и хемиски манипулации кои обично вклучуваат една или повеќе реакции. Во современите лабораториски употреби, постапката е репродуктивна и сигурна.

Директна синтеза и хидролиза на алуминиум фосфид.

Хемиската синтеза вклучува едно или повеќе соединенија (познати како реагенси или реактанти) кои ќе доживеат преобразба кога ќе бидат подложени на одредени услови. Може да се применат различни типови на реакции за да се формулира посакуваниот производ. Ова бара мешање на соединенијата во сад за реакција, како што е хемиски реактор или едноставна колба со тркалезно дно. Многу реакции бараат некаков фоблик на обработка или постапка за прочистување за да се изолира конечниот производ.[1]

Количината произведена со хемиска синтеза е позната како принос на реакцијата. Вообичаено, приносите се изразуваат како маса во грамови (во лабораториски услови) или како процент од вкупната теоретска количина што може да се произведе врз основа на ограничувачкиот реагенс. Несакана реакција е хемиска реакција што се јавува која го намалува саканиот принос. Зборот синтеза најпрво бил употребен во хемиски контекст од хемичарот Херман Колбе.[2]

Стратегии

Постојат многу стратегии во хемиската синтеза кои се посложени од едноставно претворање на реактантот А во реакционен производ Б. За повеќечекорна синтеза, хемиското соединение се синтетизира со низа поединечни хемиски реакции, секоја со своја сопствена работа.[3] На пример, лабораториската синтеза на парацетамол може да се состои од три последователни делови. За каскадни реакции, се случуваат повеќе хемиски преобразби во еден реактант, за повеќекомпонентни реакции дури 11 различни реактанти образуваат единствен производ на реакцијата и за „телескопска синтеза“ еден реактант доживува повеќе преобразби без изолација на посредници.

Органска синтеза

Органската синтеза е посебен вид на хемиска синтеза која се занимава со синтеза на органски соединенија. За целосна синтеза на комплексен производ, може да бидат потребни повеќе постапки во низа за да се синтетизира производот од интерес, за што е потребно големо време. Вештината во органската синтеза е ценета меѓу хемичарите и синтезата на исклучително вредни или тешки соединенија им донесе Нобеловата награда за хемија на хемичарите како Роберт Барнс Вудворд. Ако хемиската синтеза започнува од основни лабораториски соединенија, таа се смета за чисто синтетичка постапка. Ако започнува од производ изолиран од растенија или животни, а потоа продолжува кон нови соединенија, синтезата се опишува како полусинтетичка постапка.

Неорганска синтеза

Неорганска синтеза и органометална синтеза се применуваат за подготовка на соединенија со значителна неорганска содржина. Илустративен пример е подготовката на антиканцерогениот лек цисплатин од калиум тетрахлороплатинат.[4]

Поврзано

 

  • Бајлштајнова база на податоци
  • Хемиско инженерство
  • Електросинтеза
  • Ажурирања за синтетичка реакција
  • Органска синтеза
  • Пептидска синтеза
  • Вкупна синтеза
  • Автоматска синтеза

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица