Органско соединение

Органски соединенија се оние кои во својот состав содржат јаглерод (освен некои оксиди на јаглеродот, кои се неоргански соединенија, како и јаглеродната киселина). Органските соединенија се многубројни како резултат на појавата на изомерија во органските молекули. Обично секое органско соединение содржи еден карактеристичен негов дел во својата молекула по кое тоа се разликува од останатите органски соединенија. Тој дел од органската молекула се нарекува функционална група.

Метанот е едно од наједноставните органски соединенија

Органските соединенија, освен по видот на функционалната група, се делат и според видот на хетероатом кој е застапен во молекулата. На тој начин, постојат најразлични органски соединенија.

Начини на класификација

Поради полесно изучување на органските соединенија, тие се поделени на класи. Притоа, класификацијата може да се врши на најразлични начини, па затоа едно исто соединение може да припаѓа на повеќе различни класи. Најчесто, класификацијата на органските соединенија се заснова врз составот, структурата и хемиското однесување.

Според составот, органските соединенија се поделени на:

Според структурата на јаглеродната низа, има:

  • Ациклични — во нив јаглеродните атоми се поврзани во отворена низа
  • Циклични — во нив јаглеродните атоми се поврзани во затворена низа (прстен). Според тоа дали прстенот е изграден само од јаглеродни атоми или, пак, содржи и некој друг вид атоми, цикличните органски соединенија се делат на:
    • Карбоциклични — составени само од јаглерод
    • Хетероциклични — освен јаглерод, содржат и некој друг атом
Според структурните одлики што влијаат на хемиското однесување, цикличните соединенија се делат и на:
  • Алициклични
  • Ароматични.

Според функционалната група, има:

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица