Херон Александриски

Херон Александриски (~ 1070) — инженер и геометар од Александрија, Египет, во тогашното Римско Царство. Неговиот најпознат пронајдок е првата парна машина наречена еолипил. Се смета дека бил следбеник на атомизмот. Некои од идеите ги добил од Ктесибиј.

Херон
Роден(а)жив. 10 г. н.е.
ЖивеалиштеАлександрија, Египет
Птолемаидско царство
Полињаматематика
Познат поеолипил

Речиси сигурно е дека тој предавал во Музеумот во чии рамки спаѓала слвната Александриска библиотека, бидејќи највеќето негови записи се во облик на белешки за предавања на предмети како математиката, механиката, физиката и пневматиката.

Проекти

Херонова парна топка, „еолипил“
Автоматско отворање на врати при палење на оган

Херонови дела:

  • парна турбина (50/62/70) (еолипил) - првата парна машина, конструирана речиси 2000 години пред Индустриската револуција, придвижувана од парни машини. Оваа направа била сметана за играчка, и затоа нејзиниот потенцијал не бил реализиран со векови.
  • Првиот продажен автомат била исто така негов изум. Во неа се ставала паричка во отвор врз машината, и тогаш таа давала одредена количина на света вода. Оваа направа стои во списокот на изуми во неовата книга Механика и оптика.
  • Херон исто така измислил многу направи за грчкиот театар, вкучувајќи сосема механичка претстава со траење од десет минути, придвижувана од бинаровиден систем на јажиња и јазли.

Библиографија

  • Пневматика, опис на машини кои работат на воздух, пареа или воден притисок.
  • Автомата, опис на машни кои прават чуда во храмови по механички или пневматички пат (на пр. автоматско отворање и затворање на врати во храм, статуи кои излеваат вино и др.). Видете автомати.
  • Механика, напишано за архитекти; содржи начини за подигање на тешки предмети.
  • Метрика, опис на метод на пресметување на плоштина и волумен на разни предмети.
  • За диоптрата, збирка методи за мерење на должини. Во ова дело е опиштан одометарот, како и направа налик на теодолитот.
  • Белопоеика, опис на воени машини.
  • Катоптрика, за прогресијата на светлината, рефлексијата и употребата на огледала.

За некои дела кои му биле припишувани на Херон, сега се смета дека се од друг автор:[1]

  • Геометрија, збирка равенки заснована на првата глава на Метрика.
  • Стереометрика, примери на тридимензионални пресметки засновани на втората глава на Метрика.
  • Менсури, алатки и направи за мерење, засновани на Стереометрика и Метрика.
  • Хеиробалистри, за катапулти.
  • Дефиниции, содржи дефиниции на геометриски поими.

Наводи

Поврзано

  • Херонова формула
  • Херонов триаголник
  • Херонова средина
  • Херонов погон (еолипил)
  • Херонова фонтана
  • Ел-Џазари

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица