Црвени Кмери

Црвените Кмери (кмерски: KMAE Krɑhɑɑm) биле владејачката политичка партија на Демократска Кампучија (претходничка на Камбоџа) од 1975 до 1979 година. Терминот Црвените Кмери бил создаден од камбоџанскиот водач Народом Сиханук. Името се однесувало на комунистичките партии во Камбоџа кои се претвориле во Комунистичка партија на Кампучија, а подоцна во Партијата за демократска Кампучија. Организацијата била познат како Кмерска комунистичка партија и Национална армија на Демократска Кампучија.

Црвени Кмери
ВодачПол Пот
Основана1960
ШтабКамбоџа
ИдеологијаКомунизам
Боицрвена

Организацијата е првенство запамтена во светски рамки поради нивната социјална политика, која завршила со геноцид.[1] Црвените Кмери тежнееле кон воведување на целосни аграрни реформи во државата, но тоа довело до голем глад меѓу народот. Покрај тоа, официјалната политика на партијата била самоиздржување на државата, вклучително и медицински препарати, но тоа довело до смрт на илјадници луѓе дури и од излечливи болести како што е маларијата на пример. Властите спроведувале режим на измачување и погубувања за тие кои не се вклопувале во нивната политичка слика и таквите постапки се сметаат за геноцид.[2]

Во 1979 година, Црвените Кмери ја напуштиле земјата, и со тоа била основана Народна Република Кампучија.[3] Владата во азил некое време го задржала местото во ООН, но подоцна тоа било одземено. Во 1993 година било основано Кралството Камбоџа. Една година подоцна, илјадници припадници на Црвените Кмери самите се предале на камбоџанските власти. Во 1996 година била основана нова политичка партија под името Движење за демократски национален сојуз. Оваа партија била основана од Ленг Сари, кој се стекнал со амнестија од своите подвизи како водач на Црвените Кмери.Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>. Организацијата се распаднала во декември 1999 година.

Наводи

Поврзано


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица