676 п.н.е.

< 8 век п.н.е.7 век п.н.е.6 век п.н.е. >
100999897969594939291
90898887868584838281
80797877767574737271
70696867666564636261
60595857565554535251
50494847464544434241
40393837363534333231
30292827262524232221
20191817161514131211
10987654321

676 п.н.е.година според општоприфатениот календар. Тоа била 676. година пред нашата ера, 676. од првиот милениум п.н.е., 76. од 7 век п.н.е. и седма од 670-тите п.н.е.

Други календари

Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 4832 и 4833 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во градот Асур, станува збор за 4074 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3084 и 3085 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 77.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 676 година се протега во 1960 и 1961, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2020 и 2021 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, па така годината е 133 пред Буда да ја достигне блажената состојба. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1337 и 1336 исламска година пред хиџра.

Настани

Европа

Грција

  • Во Грција биле одржани 26-те Олимписки игри. Победник во дисциплината трчање на растојание од еден стадион бил Калистен од Лаконија,[1] а победник во дисциплината слична на денешниот петобој бил Филомброт од Лаконија и тоа била прва од неговите три победи во оваа дисциплина.[1]

Азија

Кина

  • Кралот Хуи од Џоу (кинески: 周惠王; пинјин: Zhōu Huì Wáng) станал седумнаесеттиот крал на кинеската династија Џо и петти на Источниот Џоу.

Асирија

  • Цар на Асирија бил Асархадон (681/0-669 г. п.н.е.).[2]
  • Во овој период за првпат Скитите ја нападнале територијата на Асирија.[3]
  • Асирскиот цар успеал да го фати избеганиот поранешен владетел на Сидон, Абди Милкути, кој избегал една година претходно, и го погубил, а неговото семејство и народот биле одведени во Асирија. На местото на разрушениот Сидон бил изграден нов град наречен Кар-Асархадон (во превод: пристаништето на Асархадон) и бил населен со народ од источните краеви на Асирија.[4]
  • Асириците спровеле успешен воен поход против Сандуари, кој бил владетел на киликијските градови Кунду и Сису, а бил сојузник на Абди Милкути. Сандуари бил заробен и погубен.[5]

Елам

  • Цар на Елам бил Хума-Халдаш II (681-675 г. п.н.е.).
  • Еламитите испратиле пратеници во Асирија, кои требале да преговараат за склучување на мировен договор, но веројатно со цел да ги доведат Асирците во заблуда.[6]

Африка

Египет

Родени

Починати

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица