LinkedIn

LinkedIn (мак: Линкдин) е деловна социјална мрежа, наменета да ги поврзе работодавците и луѓето што бараат работа. Оваа мрежа е создадена со цел ефективно да ги презентира професионалните способности на своите членови, поврзувајќи ги работодавците со ловците на работа што е можно побрзо.[1] LinkedIn е, меѓу другото, најголемата светска професионална деловна социјална мрежа каде деловните луѓе можат да разменат искуства, да учествуваат во дискусии, да споделуваат интересни содржини и, се разбира, да наоѓаат нови работодавци.[2]

Оваа социјална мрежа е основана во декември 2002 г. а лансирана е на 5 мај 2003 година. Во април 2014 г. LinkedIn објавил дека имат повеќе од 300 милиони регистрирани корисници од повеќе од 200 земји ширум светот, од кои 100 милиони регистрирани корисници се од САД.[3]

Веб-страницата е достапна на 22 странски јазици[4], вклучувајќи англиски, кинески, чешки, дански, холандски, француски, германски, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, норвешки, полски, португалски, романски, руски, шпански, шведски, тагалски јазик, тајландски и турски. Сајтот Quantcast објавил извештај дека LinkedIn во периодот од 2. април до 1 мај 2014 година имал 71,9 милиони уникатни посетители од САД и 200,6 милиони единствени глобални посетители.[5]

Историја

Седиштето на LinkedIn во Санивејл, САД

Извршен директор на LinkedIn е Џеф Вајнер[6], претходно извршен директор на Yahoo! Inc. Компанијата е основана од Рид Хофман и основачките членови на тимот од PayPal и Socialnet.com (Ален Блу, Ерик Ли, Жан-Лук Вајлан, Ли Хауер, Константин Герике, Стивен Бајцел, Дејвид Ивс, Иан Мекниш, Јан Пуџанте и Крис Сакери)

Основачот Рид Хофман, претходно директор на LinkedIn, сега е претседател на Одборот на директори.[7] LinkedIn е компанија со седиште во Маунтин Вју, Калифорнија, со канцеларии во Омаха, Чикаго, Њујорк, Лондон и Даблин. LinkedIn достигнала профитабилност во март 2006 година.[8] Во текот на јануари 2011 г компанијата заработила вкупно 103 милиони долари од инвестиции.[9]

Во јуни 2008 г Секвоја капитал (анг: Sequoia Capital), Грјлок партнерс (анг: Greylock Partners) и други фирми за ризичен капитал купиле 5% од акциите во компанијата за 53 милиони долари.[10]

Компанија LinkedIn со меѓународно седиште во Даблин, Ирска, во 2010 година, добила инвестиција од 20 милиони долари од Тајгер глобал менаџмент (анг: Tiger Global Management LLC) по проценка од околу 2 милијарди американски долари[11] и ја објавила својата прва аквизиција.[12] Во октомври истата година, организацијата Силикоун вали инсајдер (анг: Silicon Valley Insider) ја рангираше компанијата LinkedIn на 10-тото место на нејзината Топ 100 листа на највредни старт-ап компании.[13] До декември, компанијата била проценета на 1,575 милијарди долари на приватните пазари.[14]

Членство

Од 2013 г LinkedIn има повеќе од 259 милиони членови во над 200 земји.[15] LinkedIn е значително пред своите конкуренти Вијадео (анг:Viadeo) (50 милиони)[16] и Ксинг (анг: XING) (10 милиони).[17] Членството расте за околу два нови члена секоја секунда.[18] Со 20 милиони корисници, Индија има најбрзо растечка корисничка мрежа од 2013 година.

Во мај 2014 г , земјите со најмногу корисници на LinkedIn беа:[19]

ЗемјаКориснициПроценти
САД101 милион32,06%
Индија26 милиони2,06%
Бразил17 милиони8,56%
Обединето Кралство15 милиони24,49%
Канада9 милиони27,67%
Франција7 милиони11,46%
Шпанија6 милиони12,98%
Италија6 милиони11,12%
Мексико5 милиони5,11%
Австралија5 милиони25,08%

Процентите се прикажани во однос на вкупниот број на жители на дадените земји.

Како да користите LinkedIn

За разлика од Facebook, Twitter, My Space и слични сајтови, LinkedIn е деловна социјална мрежа. Главната цел на LinkedIn е да се поврзе со други колеги од индустријата на корисникот и потенцијалните работодавци. По отворањето на профилот, корисникот има можност да ја прикачи својата работна биографија, може да споделува содржина што ја смета за релевантна и интересна, може да се приклучува на различни групи и страници, да следи огласи за работа.Да се направи сметка е многу едноставно - исто како на повеќето други социјални мрежи. Потоа, корисникот станува видлив за работодавците и за сите оние кои го внесуваат името на корисникот во некој од пребарувачите.[20]

Типови на LinkedIn и нивните корелации

Поврзано

  • Виадео
  • КСИНГ
  • Социјална мрежа
  • Мобилни апликации

Наводи

Надворешни врски