Чешки јазик

Чешкиот јазик (čeština или český jazyk) е западнословенски јазик кој е службен и доминантен јазик во Чешката Република. Јазикот го зборуваат околу 12 милиони луѓе во Чешка и чешката дијаспора. Чешкиот јазик е сроден и тесно поврзан со словачкиот јазик, но и со останатите западнословенски јазици.

Чешки јазик
čeština, český jazyk
Застапен воЧешка, Словачка, Романија, Хрватска, Германија, Полска
ПодрачјеСредна Европа
Говорници12 милиони  
Јазично семејство
Писмочешка азбука
Статус
Службен воЧешка Чешка
Европска Унија Европска Унија
Регулативен органЧешки јазичен институт
Јазични кодови
ISO 639-1cs
ISO 639-2cze (B)
ces (T)
ISO 639-3ces
Linguasphere53-AAA-da < 53-AAA-b...-d
(варијации: 53-AAA-daa to 53-AAA-dam)

Потекло на поимот

Името на чешкиот јазик (čeština) потекнува од името на словенскиот народ Чеси (Češi). Чесите ја населуваат територијата на централна Бохемија и според словенската митологија името потекнува од основачот на чешката нација Чех.

Статус

Чешкиот јазик го зборуваат најголемиот број од граѓаните на Чешката Република, каде е и службен јазик. Јазикот се користи на сите нива во чешкото општество, почнувајќи од владините установи па сè до трговијата. Во Словачката Република, чешкиот јазик е признат за малцински јазик и се користи на локално ниво во областите со чешко население. Покрај тоа, чешкиот јазик е еден од 23 службени јазици на Европската Унија, која како таков бил признат во мај 2004 година.

Дијалекти

Дијалектна карта на чешкиот јазик.

Чешкиот јазик е составен од повеќе дијалекти кои се меѓу себе разбирливи, а поради влијанието на медиумите разликите меѓу нив се намалуваат. Чешките дијалекти се поделени на 4 групи[1]:

  • група чешки наречја - интердијалект
  • средноморавски дијалекти
  • источноморавски дијалекти
  • шлески дијалекти

Пограничните предели со Германија имаат хетерогени говори.

Сродност со словачкиот

Чешки јазик
Писмолатиница
ПримерПрв член од „Декларацијата за човекови права“
ТекстVšichni lidé rodí se svobodní a sobě rovní co do důstojnosti a práv. Jsou nadáni rozumem a svědomím a mají spolu jednat v duchu bratrství.
МакедонскиСите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Говорниците на чешкиот јазик можат лесно да разберат пишан и зборуван словачки и обратно. Сепак, постојат некои дијалекти кои не можат да се разберат така лесно, па така некои источни словачки дијалекти се потешки за разбирање за Чесите. Луѓето кои се родиле по распадот на Чехословачка, имаат одредени проблеми со одредени изрази и зборови, како и со зборови кои се исти по форма, а различни по значење. Како лингвистичка споредба, во прилог следува извадок од Декларацијата за човекови права на двата јазика:

чешки: Všichni lidé se rodí svobodní a sobě rovní co do důstojnosti a práv. Jsou nadáni rozumem a svědomím a mají spolu jednat v duchu bratrství.
словачки: Všetci ľudia sa rodia slobodní a sebe rovní, čo sa týka ich dôstojnosti a práv. Sú obdarení rozumom a svedomím a majú navzájom konať v bratskom duchu.
македонски: Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општочовечкaтa припaдност.

Примери

Основни зборови
македонскичешки
земјаzemě
небо-nebe
водаvoda
оганoheň
мажmuž
женаžena
јадеjíst
пиеpít
големvelký
малmalý
ноќnoc
денden
добар денdobrý den
добра вечерdobrý večer
добра ноќdobrou noc
благодарамděkuji
здравоAhoj

Месеци

Чешкиот јазик ги користи старите називи за месеците, за разлика од македонскиот кој ги користи новите.

македонскичешки
ЈануариLeden
ФевруариÚnor
МартBřezen
АприлDuben
МајKvěten
ЈуниČerven
ЈулиČervenec
АвгустSrpen
СептемвриZáří
ОктомвриŘíjen
НоемвриListopad
ДекемвриProsinec

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица