Атина Бојаџи

Атина Бојаџи (13 март 1944 во Охрид - 28 декември 2010 во Скопје) — македонска маратонка во пливање. Уште на 11-годишна возраст успеала да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин итн.

Атина Бојаџи
220px}}
Лични информации
Прекар(и)Охридскиот делфин
Роден на13 март 1944
Роден воОхрид, Македонија
Починал на28 декември 2010(2010-12-28) (возр. 66)
Починал воСкопје, Македонија
Спорт

Таа била светски првак во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Вкупно двапати била светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, но вистински подвиг запиша истата година кога на исклучително опасниот маратон Саида – Бејрут, од 23 натпреварувачи на целта успеала да стигне само таа и еден пливач од Египет. Претседателот на Либан, восхитен од нејзината пливачка моќ, а така млада, тогаш на Атина Бојаџи и доделил орден за храброст. Таа до денес останува најмладиот првак на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година со испливување на патеката Капри - Неапол станала светски првак на солени води.

Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ламанш на 9 септември 1969[1] година, за 13 часа и 20 минути (на истиот ден десет години порано и Нико Нестор го препливува Ламанш) и со тоа станува првата Македонка, а воедно и првата пливачка од Југославија, која го остварила овој успех.

За дочекот во родниот Охрид, Атина Бојаџи изјавила:

„Дочекот беше прекрасен, од селото Косел до плоштадот во центарот на Охрид имаше колони од луѓе. Јас седната во кабриолет во таа гужва го слушав гласот на син ми кој во плач викаше: “Мајко, кои се овие луѓе, што е ова?“. Јас навистина до ден денес нема да го заборавам тој дочек, беа излезени речиси сите охриѓани.“[2]


Во 1977 година во чест на овој подвиг на Атина Бојаџи бил снимен филмот „Исправи се, Делфина[3][4] на Александар Ѓурчинов, со Неда Арнериќ во главната улога. Самата Бојаџи била еден од соработниците на филмот.[5]

Потоа пливачката кариера ја заменила со тренерска, најнапред во белградскиот клуб „Црвена звезда“, а потоа и во спортскиот центар во Лос Анџелес, САД. Кон крајот на 1991 се вратила во Сараево, каде ја затекнала воената опсада на градот. Со помош на пријатели успеала да го напушти својот стан. Заедно со себе ги зела сите освоени пехари, сведоштвото на нејзиниот успех. По враќањето во Македонија била вклучена во организационите тела на Охридскиот пливачки маратон.

Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието „Великан на македонскиот спорт“, а во 2000 година дневниот весникот Утрински весник ја прогласува за спортист на векот. Во нејзина чест, спортскиот комплекс кај Билјанини Извори во Охрид го носи нејзиното име.

Починала во Скопје по кратко боледување на 28 декември 2010 година.

Наводи

Поврзано

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица