Јенс Столтенберг

Јенс Столтенберг (роден на 16 март 1959) — норвешки политичар. Столенберг е 13-тиот Генерален секретар на НАТО, од 1 октомври 2014 година.[1][2][3]

Јенс Столтенберг
13-ти Генерален секретар на НАТО
На должноста
Стапил
1 октомври 2014
ЗаменикАлександер Вершбов
Розе Готемилер
ПретходникАндерс Фог Расмусен
27-ми премиер на Норвешка
На должноста
17 октомври 2005 – 16 октомври 2013
На должноста
3 март 2000 – 19 октомври 2001
Водач на Работничката партија на Норвешка
На должноста
6 април 2002 – 14 јуни 2014
Министер за финансии на Норвешка
На должноста
25 октомври 1996 – 17 октомври 1997
Министер за индустрија и енергија на Норвешка
На должноста
7 октомври 1993 – 24 октомври 1996
Лични податоци
Роден(а)16 март 1959(1959-03-16)(65 г.)
Осло, Норвешка
ПартијаРаботничка партија на Норвешка
СопружникИнгрид Шулеруд (1987–денес)
Деца2
УстановаУниверзитет во Осло
Потпис
ПорталФејсбук страница
Твитер страница

Столтенберг бил премиер на Норвешка од 2000 до 2001 и од 2005 до 2013 година. Ја предводел Работничката партија на Норвешка од 2002 до 2014 година.

Во 2011 година, Столтенберг ја примил наградата на Фондацијата на Обединетите Нации, за неговите извонредни напори во насока на исполнување на Милениумските развојни цели и донесување на свежи идеи за глобалните проблеми.[4]

Животопис

Детство

Столтенберг е роден на 16 март 1959 година во Осло, Норвешка, во семејство чие име е изведено од Штолтенберг во северниот дел на Германија. Семејството се верува дека емигрирало во Норвешка во 17 век. Неговиот татко, Торвалд Столтенберг (роден 1931), бил истакнат политичар на Ламбуршката политичка партија  кој служел како амбасадор, како и министер за одбрана и министер за надворешни работи. Неговата мајка, Карин Столтенберг (моминско презиме: Хеиберг; 1931-2012), била државен секретар во повеќе влади во текот на 1980-тите години.[5] Јенс живеел во Србија од 1960 до 1963 година, додека неговиот татко бил амбасадор во Југославија.[6]

Образование

Столтенберг учел основно и средно училиште во Осло. Задолжителната воена служба ја поминал со воениот тренинг центар во Источен Агдер.

По напуштањето на армијата, Столтенберг се запишал на Универзитетот во Осло, дипломирал во 1987 година со диплома по економија. Насловот на неговата теза бил: "Makroøkonomisk planlegging under usikkerhet. En empirisk analyse " („Макроекономското планирање под неизвесност. Емпириска анализа“).[7]

Политичка дејност

Столтенберг првите чекори во политиката ги направил во неговите рани тинејџерски години, под влијание на неговата сестра Камилија, која во тоа време била член на тогаш Марксистичко–ленинистичката група „Црвена младина“ ("Red Youth"). Спротивставувањето на Виетнамската војна била негов предизвик за мотивација. По тешките операции на бомбардирање на северниот виетнамски пристаништен град Хај Понг на крајот на Виетнамската војна, Столтенберг учествувал во знак на протест на собирите пред амбасадата на САД во Осло, кога прозорците на амбасадата биле скршени од демонстрантите. Неколку од Столтенберговите пријатели биле уапсени од страна на полицијата по овие настани.[8]

Приватен живот

Столтенберг е во брак со Ингрид Шулеруд, и тие имаат две деца: син, Аксел Кемка (роден 1989 година), кој учи кинески јазик во Шангај[9][10] и ќерка Ане Катерина Кемка (родена 1992 година), која учи пеење во Копенхаген.[11]

Тој има една жива сестра, Камила, медицински истражувач и администратор, која е една година постара од него, и Нини, четири години помлада, која починала во 2014 година. Нини била хероински зависник.[12]

Столтенберг претпочита да го помине летниот одмор во неговата семејна куќа на идиличните острови во Ослофјорд.[13] Страствен човек е за активности во природа, вози велосипед, а за време на зимската сезона, тој е активен крос-кантри скијач.[14] Во декември 2011 година, со цел да се одбележи 100 години откако Роалд Амундсен стигнал до Јужниот Пол на скии, Столтенберг патувал по Антарктикот.[15]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица