Јунона

Јунона (лат. Iuno) — римска божица на небото и заштитничка на жените,[1] најценета божица во римскиот пантеон, поистоветена со грчката божица Хера. Подоцна, Римјаните и картагинската божица Танит ја поистоветувале со Јунона.[2] Ја сметаат за ќерка на Сатурн и жена на врховниот римски бог Јупитер. Владеела покрај него како Regina („кралица“) и била ценета како покровителка и заштитничка на Рим. Во тоа својство, заедно со Минерва, таа била дел од т.н. капитолски тријади, и затоа имале посебна соба во Јупитеровиот храм. Претставувана е со дијадема на главата, со скиптар и гром во рацете.

Јунона

Митологија

  • Под имињата Iuono iuga, Iugdis, Pronuba и Domiduca (со значење: „која води во домот“), таа била почитувана како заштитничка на бракот.[2]
  • Под името Iuno Populona почитувана е како божица која го умножува народот, го заштитува градот и помага на римската војска во војна.[3]
  • Како Iuno Moneta, славена е и на Аркс (Arx Capitolina), во северниот дел на Капитолскиот брег. Овој атрибут moneta („онаа која опоменува“, од monere — предупредува, опоменува), доделен е бидејќи нејзините свети гуски со гракање ги предупредиле римските војници при ноќен напад на Галите на Рим (390 п.н.е.) и со тоа го спасиле Капитол. Нешто подоцна во овој храм, во знак на благодарност на Јунона поради помош при одбрана од епирскиот освојувач Пир (275 п.н.е.), започнало ковање на римски пари, кои во чест на божицата биле нарекувани монети (moneta).[3]

Месецот јуни по неа го добил името (Iunius), Римјани нејзе ѝ го посветиле првиот ден во месецот, наречен „календи“ (Kalendae), со што е доведена во врска со Јанус (Ianus), богот на сите почетоци. Се претпоставува дека овие две божества првобитно биле поцврсто поврзани, на шта укажуваат и заедничките ритуални постапки: Јунона на почетокот на секој месец (regina sacrorum) жртвувала јагне во „кралската куќа“ на Форумот (Regia), додека нејзиниот маж (rex sacrorum) на првиот ден од годината принесувал жртва на Јанус и го објавувал денот на кој се паѓаат „Ноните“ (Nonae). Дури со подигање на Капитолскиот храм, Јунона се доведува во културна врска со Јупитер, стануваќи дел од „капитолските тријади“, заедно со Минерва.[4]

Почитувана е како заштитничка на жените, божица на бракот и породувањето. Во Стариот Рим го славеле празникот Matronalia (1 март), кога добивале поклони од своите мажи, домашни и роднини. Се сметало дека на тој ден е роден синот на Јунона, богот Марс, по кој овој месец и го добил името, а исто така се сметало и дека бил склучен мирот меѓу Латините и Сабињаните, со кој е овозможено соединување на населба на околните брегови и создавање на првобитни римски држави. Според преданието, спогодбата на форумот (в. Vulcanal) склучиле Ромул и Тит Тациј, легендарен основач на сабијското племе Тити.[2]

Според древните верувања на Римјаните, како што секој маж има свој „гениј“ (genius), чувар на личниот дух, така и секоја жена имала своја „јунона“. Од таму се смета дека ликот на Јунона настал со постепено дивинизирање на бројните гении на жени (јунони), односно со нивното соединување во една божествена личност. Така таа постепено од заштитничка на жените и божица на бракот и породувањето, станала божица на семејството, покровителка на Рим и заштитничка на целите римски држави, а со тоа и пандан на „генијот на римскиот народ“ (genius populi Romani).[4]

Римјаните верувале дека Јунона, како божица на породувањето (Iuno Lucina), донесува деца на светлината на денот (ad lucem), па во атриумот на римските куќи овој среќен настан се прославувал со поставување на свечена трпеза во нијзина чест. Во подножјето на Целија, еден од врвовите на Есквинила, подигнат ѝ е храм (375 п.н.е) во кој родителите на новородените деца биле обврзани да приложат соодветен паричен износ, бидејќи на тоа ги обврзала наредбата на Сервиј Тулиј. Ова плаќање, заедно со паричниот прилог за божицата Јувенти (Iuventas) со стекнување полнолетство, и на божицата Либитини (Libitina) после погребот, овозможуавало увид во бројната состојба на римските жители.[4]

Јунона добила и други бројни атрибути:

  • во функција на заштитничка на девојки ја викале Virginiensis (Девствена),
  • а како божица на омажени жени Matrona,
  • како заштитничка на невести Pronuba (која води невеста за рака),
  • како заштитничка на бракот Iugalis (која во текот на склопување на брак ги составувала рацете на сопружниците),
  • потоа Domiduca (онаа која ја одведува невестата во куќата на младоженецот),
  • Unixa (именувана така по ритуалното мачкање на довратникот кога младата влегува во неговата куќа),
  • Cinixa (која ја приближува невестата кон брачната постела).

Јунона е славена и како божица на плодноста во широка смисла, и тогаш е наречена Caprotina, бидејќи јарец (caper) бил нејзино свето животно и честопати ѝ била принесувана жртва. Во тоа својство ѝ бил посветен празник, кој секоја година се празнувал на јулските Нони (7 јули), не само во градот Рим, туку и во цел Лацијум.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица