Адемола Лукман

Адемола Лукман (роден на 20 октомври 1997 година, во Вандсворт) — нигериски фудбалер со англиско потекло, напаѓач на Аталанта и на нигериската репрезентација.

Адемола Лукман
Лични податоци
Полно имеАдемола Лукман Олаџаде Аладе
Ајола Лукман[1]
Роден на20 октомври 1997(1997-10-20)(26 г.)
Роден воВандсворт, Англија
ДржаваАнглија Англија
Нигерија Нигерија (од 2022)
Висина&100000000000001740000001,74 м[2]
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубАталанта Аталанта
Број11
Младинска кариера
2013-2015Чарлтон Чарлтон
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2015-2017Чарлтон Чарлтон45(10)
2017-2019Евертон Евертон36(1)
2018РБ Лајпциг РБ Лајпциг11(5)
2019-2022РБ Лајпциг РБ Лајпциг11(0)
2020-2021Фулам Фулам34(4)
2021-2022Лестер Сити Лестер Сити26(6)
2022-Аталанта Аталанта49(20)
Репрезентација
2016Англија Англија 195(0)
2016-2017Англија Англија 2015(4)
2017-2019Англија Англија 2111(1)
2022-Нигерија Нигерија17(6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 април 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 23 април 2021

Технички карактеристики

Крило, втор напаѓач или офанзивен играч за врска, Лукман е играч со одлични физички предиспозиции и добри технички вештини. Се издвојува по брзината и дриблингот, како и по добрата завршница.

Кариера

Лукман играјќи за Чарлтон Атлетик во 2016

Чарлтон Атлетик

Лукман израснал во академијата на Чарлтон Атлетик.[3] Своето деби за првиот тим го направил на 3 ноември 2015 во натпревар од Чемпионшип против Милтон Кинс Донс,[4] а првиот гол го постигнал на 5 декември истата година во поразот со 3-2 на гостувањето кај Брајтон енд Хоув Албион.[5] Десет дена подоцна, тој постигнал два гола во ремито 2-2 на домашен терен против Болтон Вондерерс.[6] Првата сезона како професионален фудбалер ја завршил со одлична статистика од 24 настапи и 5 гола, но сепак не успеал да му помогне на клубот да избегне испаѓање во понизок ранг на крајот од сезоната.

Во сезоната 2016-2017 во Лига Еден, Лукман го потврдил своето место во стартната постава на клубот и продолжил со добрата форма, постигнувајќи 7 гола во 25 настапи во првите четири и пол месеци од сезоната. Младата возраст и добрите игри набргу го прават интересен за поголемите клубови поради што тој во јануари 2017 година се разделил со Чарлтон.

Евертон

На 5 јануари 2017, Лукман потпишал четири и пол годишен договор со Евертон за непозната сума.[7][8] Тој го направил своето деби за клубот десет дена подоцна во победата со 4-0 над Манчестер Сити, заменувајќи го Рос Баркли во 90-тата минута и постигнувајќи го четвртиот гол на тимот.[9]

На 27 јули 2017, Лукман го направи својот прв настап во европските натпреварувања, играјќи во победата на Евертон со 1–0 над словачкиот клуб МФК Ружомберок во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лига Европа.[10] На 7 декември 2017, во рамките на последниот натпревар од групата фаза во истото натпреварување, Лукман постигнал два гола во победата со 3-0 на гостувањето кај кипарскиот претставник Аполон Лимасон, што биле негови први голови во евро-турнирите. Во меѓувреме, тој имал проблем да се избори за поголема минутажа за Евертон во натпреварите од Премиер лигата, излегувајќи на теренот само 7 пати во првиот дел од сезоната и сите освен еднаш појавувајќи се од клупата за резерви, што довело до тоа во јануари 2018 да замине на позајмица до крајот на сезоната во германскиот РБ Лајпциг.[11] На своето деби во Бундеслигата, Лукман го постигнал својот прв гол за Лајпциг за победата со 1-0 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, само десеттина минути подоцна откако се појавил во игра од клупата за резерви.[12] Тој уживал во славен престој во Лајпциг каде на 11 натпревари во Бундеслигата постигнал 5 гола и имал особено силен крај на сезоната постигнувајќи три гола во последните два натпревари, победите над Волфсбург и Херта.

По успешниот период во Германија, Лукман се вратил во Евертон каде добил повеќе шанса во текот на сезоната 2018-2019. Тој одиграл вкупно 24 натпревари за карамелите (21 во Премиер лигата) и постигнал еден гол во победата со 2-1 на домашен терен над Линколн Сити во третото коло од ФА Купот.

РБ Лајпциг

Лукман во дресот на РБ Лајпциг во 2019.

На 25 јули 2019 година, Лукман се вратил во РБ Лајпциг, овојпат трајно во трансфер кој чинел 18 милиони евра.[13] Сепак, за разлика од претходниот престој во клубот, овојпат Лукман не можел да се наметне кај новиот тренер Јулијан Нагелсман играјќи само 13 натпревари. На 23 октомври 2019, дебитирал во Лигата на шампионите во победата со 2-1 над рускиот Зенит.

На 30 септември 2020, Лукман бил позајмен до крајот на сезоната на Фулам.[14] Одиграл 34 натпревари во Премиер лигата и постигнал 4 гола.

На 31 август 2021 година, Лукман бил позајмен на Лестер Сити.[15] На 11 септември 2021 година, го направил своето деби за Лестер влегувајќи како замена во 73-тата минута во поразот од Манчестер Сити со 1-0.[16] На 28 декември 2021 година, Лукман го постигнал единствениот гол во победата на Лестер со 1–0 над Ливерпул.[17]

Аталанта

На 4 август 2022 година, Лукман потпишал четиригодишен договор со клубот од италијанската Серија А, Аталанта, во трансфер кој чинел 15 милиони евра.[18][19] Тој го имал своето деби за клубот од Бергамо на 13 август, во натпреварот со кој било отворено првенството Серија А 2022-2023 одигран на гости против Сампдорија, постигнувајќи го притоа вториот гол во победата со 0-2.[20][21] На 15 јануари 2023, тој постигнал гол и забележал асистенција во победата со 8-2 на домашен терен против Салернитана. Тој, исто така, бил прецизен и на своето деби во Купот на Италија, постигнувајќи два гола против во осминафиналето против Специја, одиграно на 19 јануари 2023 година, кое Аталанта го добила со 5-2.[22] На 22 јануари, тој постигнал уште два гола и имал уште една асистенција во ремито 3-3 на гостувањето кај Јувентус. Првата сезона во Аталанта ја завршил со 13 гола и 6 асистенции, иако последниот гол го постигнал уште на 1 април 2023.

Својот прв гол за сезоната 2023-2024, Лукман го постигнал на 17 септември 2023, во поразот со 3-2 на гостувањето кај Фјорентина во првенството. На 9 декември, тој постигнал два гола во победата со 3-2 на домашен терен над Милан.[23] На 24 април 2024, Лукман постигнал гол во петтата минута од судиското продолжение во реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Италија против Фјорентина, со кој ја одвел Аталанта во финалето.

Репрезентативна кариера

Роден во Англија од нигериски родители, Лукман бил подобен да игра и за двете земји.[24]

На 16 мај 2016 година, тој бил повикан во англиската репрезентација под 19 години за натпреварот против Мексико.[25] За истата репрезентација во 2016 година, тој бил повикан да учествува на Европското првенство под 19 години[26], a една година подоцна бил повикан во репрезентацијата под 20 години за Светското првенство 2017 во Јужна Кореја; на второто првенство, тој постигнал три гола на патот на Гордиот Албион до титулата,[27] што било прво славје за Англичаните на некое фудбалско првенство уште од Светското првенство 1966.[28] Тој, исто така, има одиграно и 11 натпревари и еден гол за англиската репрезентацијата под 21 година.

Во јануари 2020 година, тој го изразил интерес на сениорско ниво да игра за репрезентацијата на Нигерија,[29] која неколку пати претходно ја одбивал надевајќи се дека ќе добие повик да игра за Англија. Дури откако поднел барање за промена на репрезентативното државјанство тој дал изјава во која вели: „Не го сменив мислењето дека сакам да ја претставувам Англија“.[30] Сепак, откако во февруари 2022 година неговото барање било прифатено од ФИФА, тој дефинитивно се одлучил да ја претставува Нигерија,[31] правејќи го своето деби на 25 март истата година во ремито 0-0 на гостувањето кај Гана во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022.[32] На 13 јуни 2022 година, тој го постигнал својот прв гол за Нигерија во победата со 0-10 над Сао Томе и Принсипе.[33]

Во јануари 2024, бил повикан во составот на Нигерија за Африканскиот куп на нации 2023. На 27 јануари 2024 година, во осминафиналето против Камерун (2-0), тој ги постигнал двата гола за Нигерија со кои и помогнал на репрезентацијата да се пласира во четвртфиналето,[34] каде пак одново бил одлучувачки постигнувајќи го единствниот погодок во успехот со 1-0 над Ангола.[35]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Нигерија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
25-3-2022КумасиГана 0 – 0  НигеријаКвал. за СП 2022-  74'
29-3-2022АбуџаНигерија 1 – 1  ГанаКвал. за СП 2022-  61'
9-6-2022АбуџаНигерија 2 – 1  Сиера ЛеонеКвал. за АФКОН 2023-  82'
13-6-2022АгадирСао Томе и Принсипе 0 – 10  НигеријаКвал. за АФКОН 20231  71'
27-9-2022Бир Ел ЏирАлжир 2 – 1  НигеријаПријателска-  65'
17-11-2022ЛисабонПортугалија 4 – 0  НигеријаПријателска-  46'
24-3-2023АбуџаНигерија 0 – 1  Гвинеја-БисаоКвал. за АФКОН 2023-  46'
10-9-2023УјоНигерија 6 – 0  Сао Томе и ПринсипеКвал. за АФКОН 20231
13-10-2023ПортимаоЈужна Африка 2 – 2  НигеријаПријателска-  66'
16-10-2023АлбуфеираМозамбик 2 – 3  НигеријаПријателска-  61'
16-11-2023УјоНигерија 1 – 1  ЛесотоКвал. за СП 2026-  59'
8-1-2024Абу ДабиГвинеја 2 – 0  НигеријаПријателска-  83'
14-1-2024АбиџанНигерија 1 – 1  Екваторска ГвинејаАФКОН 2023 - Прва фаза-
18-1-2024АбиџанБрег на Слоновата Коска 0 – 1  НигеријаАФКОН 2023 - Прва фаза-  79'
22-1-2024АбиџанГвинеја-Бисао 0 – 1  НигеријаАФКОН 2023 - Прва фаза-  80'
27-1-2024АбиџанНигерија 2 – 0  КамерунАФКОН 2023 - Осминафинале2
2-2-2024АбиџанНигерија 1 – 0  АнголаАФКОН 2023 - Чевтртфинале1  90+5'
ВкупноНастапи17Голови5

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 4 февруари 2024.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2015-2016 ЧарлтонФЛЧ245ФАКуп+ЛК00------245
2016-јан. 2017ФЛ1215ФАКуп+ЛК3+12+0------257
Вкупно Чарлтон Атлетик451042----4912
јан.-јун. 2017 ЕвертонПЛ81ФАКуп+ЛК00------81
2017-јан. 2018ПЛ70ФАКуп+ЛК1+20ЛЕ6[36]2---162
јан.-јун. 2018 РБ ЛајпцигБЛ115КГ--------115
2018-2019 ЕвертонПЛ210ФАКуп+ЛК2+11+0------241
Вкупно Евертон3616162--484
2019-2020 РБ ЛајпцигБЛ110КГ10ЛШ10---130
2020-2021 ФуламПЛ344ФАКуп+ЛК0+10------354
2021-2022 Лестер СитиПЛ266ФАКуп+ЛК2+20+2ЛЕ+ЛК4+80---428
2022-2023 АталантаА3113КИ22------3315
2023-2024А187КИ00ЛЕ50---237
Вкупно Аталанта49202250--5622
Вкупно во кариерата21246187242--25455

Репрезентативна статистика

Обновено на 2 февруари 2024[37]
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
 Нигерија202261
202351
202463
Вкупно175

Титули

  • Светско првенство за играчи под 20 години : 1
Јужна Кореја 2017

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица