ФК Аталанта

Аталанта Бергамаска Калчо или само ФК Аталанта е италијански фудбалски клуб од Бергамо, Ломбардија.[1] Моментално се натпреварува во Серија А, највисокото ниво на италијанскиот фудбал.

Аталанта
Целосно имеАталанта Бергамаска Калчо С.п.А.
ПрекарНераѕури (Црно-сини)
Основан1907
ЛокацијаБергамо, Италија
СтадионЏевис
Капацитет24,642
ПретседателИталија Антонио Перкаси
ТренерИталија Џан Пјеро Гасперини
ЛигаСерија А Серија А
2020–21Серија А, 3-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1907 година[2] и во Италија често се нарекува Regina delle provinciali (кралица на провинциските клубови) бидејќи се најуспешен клуб од не-метрополитански град. Аталанта, исто така, е екипата која одиграла најмногу сезони во највисокото ниво на италијанскиот фудбал меѓу клубовите кои никогаш не го освоиле скудетото, а покрај тоа имаат најмногу титули во втората лига на земјата (6 титули, изедначени со Џенова) и се екипата со најмногу промоции во првата лига (вкупно 13).[2][3]

Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Купот на Италија во сезоната 1962-1963, додека во Серија А првенството како најдобар резултат Аталанта го има освоено третото место на крајот од сезоната, пласман остварен трипати по ред во изданијата 2018-2019, 2019-2020 и 2020-2021. Во европските натпреварувања најголемите успеси на Аталанта се полуфиналето во Купот на победниците на куповите во сезоната 1987-1988, додека се натпреварувале во Серија Б, и четвртфиналето во Купот на УЕФА (1990-1991) и во Лигата на шампионите (2019-2020).

Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Џевис. Основни бои на клубот се црната и сината.

Историја

Капитенот на Аталанта, Пјеро Гардони го подигнува пехарот освоен во Купот на Италија во сезоната 1962-1963, а веднаш до него на сликата е Анџело Доменгини, најдобар стрелец на изданието и протагонист на финалето со својот решавачки хет-трик против Торино.

Аталанта Бергамаска Калчо ги влече своите корени од расцепот на "Џоване Оробија", клуб формиран во 1901 година.[4] Првиот фудбалски клуб во Бергамо бил "ФК Бергамо", основан од страна на швајцарски имигранти во 1903 година, земајќи учество во првенствата на Ломбардија до 1910 година.[5]

Основана на 17 октомври 1907 година, од страна на средношколците Еуџенио Урио, Феручо и Џулио Амати, Алесандро Форлини и Џон Роберти како Сочиета Бергамаска ди Џинастика е Спортс Атлетичи Аталанта, Аталанта го добива нејзиното име по истоимената хероина од старогрчката митологија.[6] Веќе во 1907 година, клубот го создава својот фудбалски оддел,[7] кој е официјално признат од FIGC во 1914 година, а набрзо по инаугурацијата дошле и првите натпревари во историјата на клубот:[8] таа година Бергамaските, кои во тоа време настапувале во црно-бели бои, одиграле само неколку пријателски натпревари прво во Пјаца д'Арми, а подоцна и во Кампо ди Марте, нерамен терен кој се наоѓал помеѓу улиците Суарди и Манаки Каироли во центарот на градот.[9] Во сезоната 1914-1915, прва на официјално ниво, клубот учествувал во Промоционе првенството, втората дивизија на земјата во тоа време.

Во 1920 година, клубот се споил со Бергамаска, давајќи живот на денешната структура на бои.[10] Во дваесеттите години, клубот ја одиграл својата прва сезона во најсилната фудбалска лига на земјата (Прима Категорија), за сепак подоцна да испадне во втората дивизија, каде ќе остане од 1928 година,[11] кога го освоиле првенството Прима Дивизионе (со унгарецот Имре Пајер на клупата).[12] По само една сезона во елитната дивизија, Аталанта се вратила во второто ниво на италијанскиот фудбал - сега тоа била новосоздадената Серија Б лига, а во 1933 година ризикува банкрот, спасувајќи се благодарение на група спортисти[13][14] и на продажбата на Карло Чересоли, најрепрезентативниот елемент, во Амброзијана-Интер за 100 000 италијански лири.[13]

По неколку сезони кои клубот ги затворил завршувајќи во средината на табелата во Серија Б,[15] во 1937 година Аталанта изборила промоција во Серија А на крајот на сезона 1936-1937,[16] но веднаш испаднала.[17] По две сезони се вратила пак во првата лига и како ново промовирана екипа го освојува шесттото место во поредокот за сезоната 1940-1941;[18]; во следните години клубот продолжува да се издвојува по одличните настапи против врвни екипи[19] (на пример, го победиле неколку пати Гранде Торино)[20] и исто така го освоил петтото место на табелата во сезоната 1947-1948. Клубот останал непрекинато во најсилната лига до крајот на сезоната 1958-1959, играјќи вкупно 17 последователни сезони (клупски рекорд за последователни учества во првата лига).

На почетокот на шеесеттите години, Бергамаските почнуваат да учествуваат во европските натпреварувања, со добри перформанси во Митропа купот (полуфинале во 1962), во Копа дел Амичизија и во Купот на Алпите (во последното загубиле финале во 1963 година од Јувентус). На крајот на сезоната 1962-1963, Аталанта го освоила својот прв позначаен трофеј во клупската историја - Купот на Италија[21]; проследено со нивното деби во Купот на победниците на куповите[22] Во 1969 година, доаѓа ново испаѓање во Серија Б, додека седумдесеттите се одликуваат со низа промоции и испаѓања помеѓу првите две национални дивизии. На крајот од сезоната 1980-1981 стигнало единственото испаѓање во третото ниво на италијанскиот фудбал во историјата на клубот од Бергамо, но тие се вратиле брзо во Серија Б по освојувањето на титулата во Серија Ц1 1981-1982.

Во сезоната 1983-1984, Аталанта го завршила своето враќање од третото ниво до Серија А, освојувајќи ја титулата во Серија Б, но сепак три години подоцна уследило ново испаѓање во втората лига. И покрај ова, во истата сезона Аталанта стигнала до финалето на Купот на Италија (биле поразени од Наполи, шампионот на Италија) и добила право на учество во Купот на победниците на куповите следната сезона. И покрај тоа што играла во Серија Б, под водството на тренерот Емилијано Мондонико, Аталанта стигнала до полуфиналето на Купот на победниците на куповите, што е најдобар пласман во натпреварувањата на УЕФА од клуб што не се натпреварувал во највисоката национална дивизија на својата земја. Во следните години, Аталанта се вратила да игра во првата дивизија и изборила пласман во Купот на УЕФА во два последователни наврати (1989-1990 и 1990-1991). Во 1994 година, дошло до ново испаѓање во Серија Б, но со моментално враќање во Серија А по една година. Во сезоната 1996-1997, Филипо Инѕаги постигнувајќи 24 гола во првенство станал првиот играч на Бергамаските кој ја освоил титулата најдобар стрелец во Серија А.

Крајот на деведесеттите и 2000-тите години се одликуваат со движење на Аталанта помеѓу двете најсилни италијански лиги Серија А и Серија Б (три промоции, вклучително и титулата освоена во сезоната 2005-2006 и четири испаѓања во периодот од сезоната 1997-1998 до сезоната 2009-2010). Со освојувањето на титулата во Серија Б 2010-2011 клубот повторно се вратил во Серија А, само за да биде вклучен на крајот на сезоната во скандал за наместени натпревар; сепак, Аталанта останала во првата лига и во следните години и, веќе со доаѓањето на Џан Пјеро Гасперини на клупата го освоила четвртото место во сезоната 2016-2017 кое им гарантира пласман во УЕФА Лига Европа, прво нивно учество во некое конфедерално натпреварување, после дваесет и шест години. Во сезоните 2018-2019, 2019-2020 и 2020-2021, Аталанта дополнително ја подобрува својата позиција во лигата со затворање на трите изданија на третото место, со што остварува пласмани во Лигата на шампионите каде за прват во својата историја, играла во сезоната 2019-2020 и како дебитанти стигнале до четвртфиналето.

Бои и амблеми

Бои

Џанпаоло Белини, поранешниот капитен на клубот, во класичната опрема на Аталанта: дрес во вертикални пруги од црна и сина боја, црни шорцеви и чорапи.

Во 1907 година, годината на нејзиното основање, Аталанта ги усвоила црно-белите дресови со тенки вертикални риги, со обични шорцеви во црна боја; оваа опрема останала до 1920 година, годината на спојување со Бергамаска, кога клупските бои станале црна и сина во Италија познати како нероаѕури: интересно белата, како заедничка боја за двата клуба била елиминирана, а новиот дрес на клубот бил оформен земајќи ја другата соодветна боја на клубовите, црната за Аталанта и сината за Бергамаска. Во првите години од формирањето, Аталанта Бергамаска ди Џинастика е Шерма ќе носи дресови поделени на половина сина и половина црна боја: ригите ќе се појават неколку години подоцна.[23]

Дресот на Аталанта, пред спојувањето
Дресот на Бергамаска, пред спојувањето
Првиот дрес после спојувањето
 
Класичниот дрес на клубот
 

Амблеми

Името на клубот произлегува од митолошката фигура, Аталанта. Клубот од Бергамо го носи прекарот la Dea (во превод Божица), и покрај тоа што хероината од која бил инспириран всушност не била божество, туку ќерка на Јасион, крал од Аркадија. Официјалното лого на екипата се состои од лицето на принцезата, портрет во профил, на црно-сина позадина.[2][24]

Соперници

Најголем соперник на Аталанта и се соседите Бреша, а исто така постои и изразито соперништво со навивачите на Верона, Џенова, Фјорентина, Рома, Лацио, Наполи, Милан, Интер и Торино.

Спортска опрема и спонзори

Спортска опрема

Спортска опрема
  • 1976-1980 Umbro
  • 1980-1981 Le Coq sportif
  • 1981-1984 Puma
  • 1984-1986 NR
  • 1986-1987 N2
  • 1987-1989 Latas
  • 1989-1991 NR
  • 1991-1994 Lotto
  • 1994-2007 Asics
  • 2007-2014 Errea
  • 2014-2017 Nike
  • 2017-денес Joma
Клаудио Каниџа во дресот на Аталанта од 1999 година, спонзориран од Somet.

Главни спонзори на дресовите

Спонзори на дресовите
  • 1982-1989 Sit-In
  • 1989-1995 Tamoil
  • 1995-2000 Somet
  • 2000-2002 Ortobell
  • 2002-2005 Promatech
  • 2005-2010 Sit-In Sport
  • 2010-2014 AXA
  • 2014-2017 SuisseGas
  • 2017 TWS
  • 2017-2018 Veratour
  • 2018-2020 Radici Group
  • 2020-денес Plus500

Играчи

Моментален состав

Обновено на 2 септември 2019[25]
Бр.ПозицијаИграч
1 ГММусо, ХуанХуан Мусо
2 ОДТолои, РафаелРафаел Толои
3 ОДМеле, ЈоакимЈоаким Меле
6 ОДПаломино, Хосе ЛуисХосе Луис Паломино
7 СРКопмеинерс, ТенТен Копмеинерс
9 НПМуриел, ЛуисЛуис Муриел
10 НПБога, ЖеремиЖереми Бога
11 СРФројлер, РемоРемо Фројлер
13 ОДПецела, ЏузепеЏузепе Пецела
15 СРде Рон, МартенМартен де Рон
18 СРМалиновски, РусланРуслан Малиновски
19 ОДЏимсити, БератБерат Џимсити
Бр.ПозицијаИграч
20 СРМихаила, ВалентинВалентин Михаила
28 ОДДемирал, МерихМерих Демирал
31 ГМРоси, ФранческоФранческо Роси
32 СРПесина, МатеоМатео Песина
33 ОДХатебур, ХансХанс Хатебур
42 ОДСкалвини, ЏорџоЏорџо Скалвини
57 ГМСпортиело, МаркоМарко Спортиело
59 СРМиранчук, АлексејАлексеј Миранчук
72 СРИличиќ, ЈосипЈосип Иличиќ
77 ОДЅапакоста, ДавидеДавиде Ѕапакоста
88 СРПашалиќ, МариоМарио Пашалиќ
91 НПСапата, ДуванДуван Сапата

Рекордери

Играчи со најмногу настапи

Последна промена 18 февруари 2022.

#ИмеВо клуботНастапиПозиција
1 Џанпаоло Белини1998–2016435одбрана
2 Валтер Боначина1986-1991; 1994-1999331среден ред
3 Стефано Анџелери1949–1960324среден ред
4 Кристијано Дони1998-2003, 2006-2012323среден ред
5 Ливио Ронколи1949-1963305одбрана
6 Фабрицио Ферон1988-1996294голман
7 Глен Стремберг1984-1992273среден ред
8 Џовани Вавасори1970-1972, 1977-1982270одбрана
9 Северо Коминели1934-1941; 1943-1944; 1947-1949261среден ред
10 Виторио Скијави1935-1944; 1945-1948256среден ред

Играчи со најмногу постигнати голови

Последна промена 18 февруари 2022.

#ИмеВо клуботГоловиПозиција
1 Кристијано Дони1998-2003, 2006-2012112среден ред
2 Дуван Сапата2018-202382напаѓач
3 Луис Муриел2019-68напаѓач
4 Северо Коминели1934-1941; 1943-1944; 1947-194965среден ред
5 Јосип Иличиќ2017-202260среден ред
6 Алехандро Гомес2014-202159среден ред
7 Адријано Басето1953-195757напаѓач
8 Херман Денис2011-201656напаѓач
9 Пул Расмусен1952-195654среден ред
10 Јорген Соренсен1949-195352напаѓач

Тренери

Џан Пјеро Гасперини, тренер на Аталанта во моментов, на оваа функција е од летото 2016 година.
Тренери на Аталанта

  • 1913-1924: Техничка комисија
  • 1924-1927: Чезаре Ловати
  • 1927-1928: Имре Пајер
  • 1928-1929: Енрико Тирабаси
  • 1929-1930: Алдо Чевенини
  • 1930-1933: Јожеф Виола
  • 1933: Имре Пајер
  • 1933-1935: Анџело Матеа
  • 1935-1936: Имре Пајер
  • 1936-1938: Отавио Барбиери
  • 1938-1939: Геза Кертес
  • 1939-1941: Иво Фјорентини
  • 1941-1945: Јанош Нехадома
  • 1945-1946: Џузепе Меаца
  • 1946: Луис Монти
  • 1946-1949: Иво Фјорентини
  • 1949: Алберто Читерио
  • 1949: Карло Каркано

  • 1949-1950: Џовани Варљиен
  • 1950-1951: Денис Невил
  • 1951-1952: Карло Чересоли
  • 1952-1954: Лујџи Фереро
  • 1954-1957: Лујџи Боницони
  • 1957: Карло Риготи
  • 1957: Џузепе Бономи
  • 1957-1959: Карл Адамек
  • 1959-1962: Феручо Валкареџи
  • 1962-1963: Паоло Табанели
  • 1963-1964: Карло Алберто Кварио
  • 1964: Карло Чересоли
  • 1964-1965: Феручо Валкареџи
  • 1965: Ектор Пуричели
  • 1965-1967: Стефано Анџелери
  • 1967-1968: Паоло Табанели
  • 1968–1969: Стефано Анџелери
  • 1969: Силвано Моро

  • 1969: Карло Чересоли
  • 1969: Корадо Вичиани
  • 1969–1970: Ренато Геи
  • 1970: Батиста Рота
  • 1970–1973: Џулио Корсини
  • 1973–1974: Ериберто Ерера
  • 1974–1975: Анџело Пиколи
  • 1975–1976: Џанкарло Каде
  • 1976: Џанфранко Леончини
  • 1976-1980: Батиста Рота
  • 1980-1981: Бруно Болки
  • 1981: Џулио Корсини
  • 1981-1983: Отавио Бјанки
  • 1983-1987: Недо Сонети
  • 1987-1990: Емилијано Мондонико
  • 1990-1991: Пјерлујџи Фрозио
  • 1991-1992: Бруно Џорџи
  • 1992-1993: Марчело Липи

  • 1993: Франческо Гвидолин
  • 1993-1994: Валдиочи и Прандели
  • 1994-1998: Емилијано Мондонико
  • 1998-1999: Бортоло Мути
  • 1999-2003: Џовани Вавасори
  • 2003: Џанкарло Финарди
  • 2003-2004: Андреја Мандорлини
  • 2004-2005: Делио Роси
  • 2005-2007: Стефано Колантуоно
  • 2007-2009: Лујџи Делнери
  • 2009: Анџело Грегучи
  • 2009-2010: Антонио Конте
  • 2010: Валтер Боначина
  • 2010: Бортоло Мути
  • 2010-2015: Стефано Колантуоно
  • 2015-2016: Едоардо Реја
  • 2016-: Џан Пјеро Гасперини

Титули

Домашни натпреварувања

1962-63
1927–1928, 1939-1940, 1958-1959, 1983-1984, 2005-2006, 2010-2011
  • Серија Ц1 : 1
1981-1982

Младински натпреварувања

  • Кампионато Примавера : 2
1992-1993, 1997-1998
  • Куп на Италија Примавера : 3
1999-2000, 2000-2001, 2002-2003

Статистика

Учество во првенства

НивоКатегоријаУчестваДебиПоследна сезонаВкупно
Дивизионе Национале21928-19291945-194663
Серија А611937-19382021-2022
Секонда Дивизионе41922-19231925-192634
Прима Дивизионе21926-19271927-1928
Серија Б281929-19302010-2011
Серија Ц111981-19821

Наводи

Надворешни врски

Портал „Фудбал“
Портал „Италија“
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица