Амхарски јазик

јазик во Етиопија

Амхарскиот (አማርኛ, /amarɨɲːa/) е семитски јазик, дел од подгрупата на етиопски јужносемитски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Амхарите, „лингва франка“ во Етиопија и службен јазик на федерално ниво во државата.

Амхарски јазик
አማርኛ (Amarəñña)
Изговор/amarɨɲːa/
Застапен воЕтиопија
НародАмхари
Јазично семејство
афроазиско
Писмоетиопско писмо
Статус
Службен во Етиопија
Регулативен органИмперијална академија (порано)
Јазични кодови
ISO 639-1am
ISO 639-2amh
ISO 639-3amh

Амхарскиот најверојатно првично се развил како резултат на мешање на различни кушитски и семитски говори (супстратуми) за да се олесни комуникацијата помеѓу народите кои зборувале мешавини од различни јазици.[1] Оваа јазична форма им овозможила на војската (па и народот) да комуницираат и да развијат комуникативно средство кое било различно и независно од етиопската црква и нејзиниот етопски јазик.

Денес амхарскиот е работен (службен) јазик на Етиопија на федерално ниво, како и работен јазик на неколку сојузни држави во Етиопија.[2] Со вкупно 21,811,600 говорници според податоците од 2007, вклучувајќи и 4,000,000 жители кои го говорат како втор јазик, амхарскиот е вториот најзборуван семитски јазик во светот, веднаш зад арапскиот.[3]

Амхарскиот се пишува од лево кон десно користејќи го етиопското писмо. Писмото е абугида.[4] Нема универзално прифатлив систем за транслитерација на амхарскиот. Системот за транслитерација кој се користи тука е често користен систем на академско ниво.[5]

Статус

Уште од 12 век амхарскиот бил службен јазик на судовите, кралските дворови, трговски јазик, јазик на војската и јазик за секојдневна комуникација. Денес останува како службен јазик на Етиопија.[6][7] Според податоците од 2007 година, амхарскиот го зборувале 21.6 милиони луѓе во Етиопија[8] а има и дополнителни 4 милиони луѓе кои го зборуваат како втор јазик.[9] Дополнително, надвор од Етиопија јазикот го зборуваат околу 3 милиони . Етиопските Евреи во Етиопија и Израел исто така зборуваат на амхарски.[10] Во Вашингтон јазикот станал еден од шестте јазици, различни од англискиот, дел од Актот за јазична пристапност од 2004 година, со што се овозможува владини услуги и образование на амхарски.[11] Исто така, амхарскиот се смета за свет јазик на Растафарите и често се користи од следбениците на Растафаријанското движење. Амхарскиот е најзборуваниот јазик на Африканскиот Рог.[12]

Писмо

Амхарскиот се пишува со етиопското писмо, кое е абугида.[13] Секој карактер од писмото се состои од согласка и самогласка, но основниот облик на карактерот е зададен од согласката. Писмото има повеќе различни карактери за, денес, исто гласови, но тоа се должи на фактот што во минатото сите тие имале различни гласновни вредности. Со текот на времето фонетскиот систем на јазикот се променил, но не и писмото.[13] Карактерите на амхарски се именуваат како „фидели“.

„Фидели“

Етиопско писмо[14]
 ä/e
[ə]
uiaēə
[ɨ],
oʷä/ue
[ʷə]
ʷi/uiʷa/uaʷē/uēʷə
[ʷɨ/ū]
h 
l  
  
m  
ś  
r  
s  
ʃ  
q
b  
β  
t  
  
χ
n  
ɲ  
ʔ  
k
x
w 
ʕ 
z  
ʒ  
j 
d  
  
g
  
tʃʼ  
  
  
ṣ́  
f  
p  
 ä/e
[ə]
uiaēə
[ɨ],
oʷ/ue
[ʷə/ū]
ʷi/uiʷa/uaʷē/uēʷə
[ʷɨ/ū]

Правописни знаци

знак за почеток на параграф
одделување на зборови
точка
запирка
точка-запирка
две точки
вовед за текст од описна претставка
прашалник
одделувач на параграфи

Гласови

Самогласки
ПредниЦентралниЗадни
Високиiɨ (ə)u
Средниeə (ä)o
Нискиa

Согласки
БилабијалниДенталниПалато-алвеоларни
непчани
МеконепчаниГлотални
ЕксплозивниБезвучниptkʔ (ʾ)
Звучниbdg
Ејективни (p', p̣) (t', ) (q, )
АфрикативниБезвучниʧ (č)
Звучниʤ (ǧ)
Ејективниʦ' (s')ʧʼ (č', č̣)
ФрикативниБезвучниfsʃ (š)h
Звучниzʒ (ž)
Носниmnɲ (ñ)
Ликвидниwlj (y)
Вевниr

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица