Андромеда (галаксија)

галаксија во Месната група

Андромеда (макед. народно име: Гумно[11], Месје 31, M31, или NGC 224; во постари текстови „маглина Андромеда“) — џиновска спирална галаксија оддалечена приближно 2,5 милиони светлосни години во соѕвездието Андромеда, што лежи во северната полутопка на небото. Таа е доста слична на нашата галаксија.

Андромеда
Галаксијата Андромеда
Податоци од набљудување (епоха J2000)
СоѕвездиеАндромеда
Ректасцензија00ч 42м &1000000000000044300000044,3с[1]
Деклинација+41° 16′ &100000000000000090000009″[1]
Црв. помест.z = -0,001001
(знакот минус
означува сино поместување)[1]
Радиј. брзина на ореолот−301 ± 1 км/с[2]
Оддалеченост2,54 ± 0,11 мсг
(778 ± 33 кпс)[2][3][4][5][6][б 1]
ВидSA(s)b[1]
Маса~1×1012[2][7] M
големина (сг)~100 исг
Бр. на ѕвезди1 билион (1012)[8]
Прив. димензии (V)190′ × 60′[1]
Прив. величина (V)3,44[9][10]
Апс. величина (V)−21,5[б 2][4]
Други ознаки
M31, NGC 224, UGC 454, PGC 2557, 2C 56 (јадро),[1] LEDA 2557
Поврзано: Галаксија, Список на галаксии

Првпат е забележана во 905 од арапскиот астроном Абдурахман ел-Суфи, кој ја опишал како „мал облак“. Првиот опис на галаксијата со помош на телескоп е направен од Симон Мариус во 1612 (на него често му се припишува дека ја открил галаксијата).

За Андромеда се сметало дека е најголемата галаксија од Месната Група на галаксии што се состои од Андромеда, Млечниот Пат и галаксијата Триаголник, како и 30 други помали галаксии. Според најновите истражувања засновани на подобрени мерења и податоци, научниците сметаат дека Млечниот Пат содржи повеќе темна материја, и дека можеби е помасивна во групата. Сепак, скорешните опсервации од вселенскиот телескоп Спицер открија дека Андромеда содржи еден билион (1012), многу поголем од бројот на ѕвезди во нашата галаксија.

Андромеда се состои од:

  • спирални краци - млади ѕвезди кои се наоѓаат на средината на својот еволуционен пат
  • јадро - кое се состои од суперџинови и џиновски ѕвезди, т.е. ѕвезди на крајот од својот еволуционен пат.

Галаксијата Андромеда е лесно видлива со голо око во умерено темно небо, иако такво небо постои само во помалите градови и изолираните области што се наоѓаат доволно далеку од големите градови и изворите на светлосно загадување. Всушност Андромеда е единствената галаксија во северната полутопка која е видлива со голо око без некои посебни атмосферски погодности (на јужната полутопка тоа се Малиот Магеланов Облак и Големиот Магеланов Облак). Изгледа доста мала без телескоп бидејќи само средишниот дел е доволно светол да биде видлив.

Народни верувања во Македонија

Во астрономијата е познато дека оваа галаксија е единствената друга галаксија која се гледа со голо око, а е надвор од нашата галаксија Млечен Пат. Галаксијата Андромеда се гледа како мала белузлава маглина со облик на диск, и кај нашиот народ е позната под името „Гумно“.

Поврзано

Белешки

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица