Антон Дрекслер

Антон Дрекслер (герм. Anton Drexler; 13 јуни 1884 - 24 февруари 1942) бил германски нацистички политички водач од дваесеттите години на XX век.

Антон Дрекслер
Претседател на ДАП
На должноста
1919–1921
ПретходникКарл Харер
НаследникАдолф Хитлер
Лични податоци
Роден(а)13 јуни 1884(1884-06-13)
Кралство Баварија Минхен, Кралство Баварија
Починал(а)24 февруари 1942(1942-02-24) (возр. 57)
Трет Рајх Германија
НационалностГерманец
ПартијаДАП
Занимањеполитичар

Животопис

Роден во Минхен, Дрекслер работел како механичар во берлинската железница од 1902. Се приклучил на Татковинската партија за време на Првата светска војна. Бил поет и член на народните агитатори, кој, заедно со новинарот Карл Харер, ја основал Германската работничка партија (ДАП) во Минхен со Готфрид Федер и Дитрих Екарт во 1919 година.

На партиски собир во септември 1919, во Минхен, говорел Готфрид Федер. Кога завршил со говорот, некој од публиката, непознат за историјата, предложил Баварија да се одвои од Прусија и заедно со Австрија да формира посебна нација. Адолф Хитлер се кренал од публиката за да возврати. Потоа Дрекслер му пришол и му подал книгичка насловена „Моето политичко будење“. Според Хитлеровите записи во „Мојата борба“ (Mein Kampf), во книгичката пишувало многу од неговите погледи. Подоцна истиот ден примил поштенска картичка на којашто пишувало дека бил примен за член во тогашната Германска работничка партија. По некое размислување, одлучил да прифати.

По наредба на Адолф Хитлер, Дрекслер го сменил името на партијата во Националсоцијалистичка германска работничка партија (Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei, NSDAP; НСДАП) во почетокот 1920 година.

Во 1921, Хитлер, чии организациски и говорнички способности биле без конкуренција, бргу станал единствениот неприкосновен водач на партијата. Летото таа година отпатувал до Берлин за да организира собир на германските националисти од северна Германија. Додека бил на пат, другите членови од партискиот комитет, водени од Дрекслер, одлучиле да го обвинат Хитлер за барање моќ само за себе без обѕир за другите. Хитлер интервенирал и го натерал Дрекслер да се откаже од неговата позиција на еден партиски состанок. Потоа бил преместен на чисто симболичката позиција почесен претседател, и ја напуштил партијата во 1923.

Поврзано

Претходник
Карл Харер
Претседател на ДАП
19191921
Наследник
Адолф Хитлер
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица