Блискоисточен дишен синдром

Блискоисточен дишен синдром (БДС или MERS, од анг. Middle East respiratory syndrome), познат и како камилски грип[1] — вирусна дишна инфекција предизвикана од новооткриениот СРС-коронавирус (MERS-coronavirus, MERS-CoV) [2]. Симптомите можат да се јават во лесни или во тешки форми[3] и истите ги вклучуваат треската, кашлицата, дијарејата и губењето здив.[2] Болеста е потешка кај оние кои имаат други здравствени проблеми.[3]

Блискоисточен дишен синдром
Тридимензионална слика на вирусот на блискоисточниот дишен синдром (СРС-коронавирус)
СпецијалностЗаразна болест Уреди на Википодатоците

СРС-коронавирусот е бетакоронавирус добиен од лилјаци. Покажано е дека камилите имаат антитела за СРС-коронавирус, но не е идентификуван точниот извор на инфекција кај камилите.

СРС-коронавирусот е бетакоронавирус добиен од лилјаци.[2] Покажано е дека камилите имаат антитела за СРС-коронавирус, но не е идентификуван точниот извор на инфекција кај камилите. Се верува дека камилите се инволвирани во ширењето на вирусот на луѓето, но не е јасно како.[3] За пренесување меѓу луѓе вообичаено потребен е близок контакт со инфицираното лице.[2] Ширењето вон болниците е ретко.[3] Заради тоа се смета дека ризикот од заразување на широката популација е релативно мал.[3]

До 2015 година нема вакцина или третман за оваа болест.[2][3] Моментално се проучуваат голем број на антивирални лекови.[3] Светската здравствена организација (СЗО) препорачува луѓето кои доаѓаат во контакт со камили често да ги мијат рацете и да избегнуваат контакт со болни камили.[2] Исто така се препорачува производите од камили добро да се сварат или испечат.[2] На заразените може да им се дава третман кој помага за отстранување/намалување на симптомите[2]

До мај 2015 година евидентирани се нешто над 1.000 случаи на оваа болест.[3] Околу 40% од инфицираните починале од болеста.[3] Првиот идентифициран случај се јавил во 2012 година во Саудиска Арабија и најголем број случаи се јавил на Арабискиот Полуостров.[2][3] СРС-коронавирус познат како HCoV-EMC/2012 пронајден кај првиот инфициран пациент во Лондон во 2012 година имал 100% поклопување со Taphozous perforatus (англ. Egyptian tomb bat). Големо избувнување се случи во 2015 година во Јужна Кореја

Знаци и симптоми

Симптоми на СРС

Првичните извештаи[4] го споредуваа вирусот со сериозниот акутен респираторен синдром (САРС), на англиски severe acute respiratory syndrome (SARS), и бил референциран како вирус сличен на саудискиот вирус.[5] Првиот пациент, во јуни 2012 година, имал „историја на седумдневна треска, кашлица, искашлување и останување без здив“.[4] Еден преглед на 47 лабораториско потврдени случаи во Саудиска Арабија ги даде најчестите симптоми: треска кај 98%, кашлица кај 83%, останување без здив кај 72% и мијалгија кај 32% од пациентите. Исто така чести биле гастроинтестиналните симптоми: дијареја кај 26%, повраќање кај 21%, стомачна болка кај 17% од пациентите. На 72% од пациентите им била потребна механичка вентилација. Мажите биле побројни пациенти, на секоја жена доаѓале 3,3 мажи.[6] Една студија на СРС во болница проценува дека инкубацискиот период е 5,5 дена (95% интервал на доверливост – 1,9 до 14,7 дена).[7] СРС може да се вброи од асимптоматска болест до сериозна пневмонија која може да доведе до синдром на акутно респираторно нарушување (САРН, англ. acute respiratory distress syndrome, ARDS).[6] Исто така забележани се бубрежна инсуфициенција (kidney failure), дисеминирана интраваскуларна коагулација (ДИК) и перикардитис.[8]

Причина

Вирологија

СРС-коронавирус под електронски микроскоп.

Блискоисточниот респираторен синдром е предизвикан од новооткриениот СРС-коронавирус (MERS-CoV), вид собазен пар РНК кој му припаѓа на родот бетакоронавируси кој е различен од САРС коронавирусот и коронавирусот на настинката.[9]

Пренесување

Камили

Една студија изведена помеѓу 2010 и 2013 година, во која инциденцата на СРС беше проценета кај 310 камили, откри висок титар на неутрализирачки антитела на СРС-коронавирус во крвниот серум на овие животни.[10] Други студии секвенцирале СРС-коронавирус од брисеви од нос од камили во Саудиска Арабија и открија дека имаат секвенци идентични со претходно секвенцираните човечки изолати. Кај некои камили, исто така, било пронајдено дека имаат повеќе од една геномска варијанта во назофаринксот.[11] Исто така постои извештај од Саудиска Арабија за човек кој се разболел после седум дена по аплицирањето лекарства на носовите на неколку болни камили, а подоцна било пронајдено дека и тој и една од камилите имаат исти видови на СРС-коронавируси.[12][13] Сè уште е нејасно како вирусот се пренесува од камилите на луѓето. Светската здравствена организација (СЗО) советува избегнување на контакт со камили и да се јаде само добро печено/варено месо од камила, пастеризирано млеко од камила, и да се избегне пиење урина од камила. Урината од камилата се смета за лек за разни болести на Блискиот Исток.[14] Министерството за земјоделство на Саудиска Арабија ги советува луѓето да избегнуваат контакт со камили или да носат маски за дишење кога се околу нив.[15] Како одговор „некои луѓе одбиле да го послушаат советот на владата“[16] и во знак на пркос ги бакнуваат своите камили.

Од лице на лице

Постојат докази за ограничено ширење на СРС од лице на лице, како во рамките на домаќинствата, така и во рамките на здравствените установи како што се болниците.[7][17] Најголемиот број на пренесување на болеста се јавил во „услови на близок контакт со сериозно болни пациенти“, а нема докази за пренесување од асимптоматски случаи.[18]

Дијагноза

Светската здравствена организација (СЗО) публикува лабораториски водич, надзор и испитување, дефиниција на случај и други материјали на нејзиното мрежно место. Нејзината тековна дефиниција на случај е дека потврден случај се идентификува кај лице со позитивни лабораториски тестови со „молекуларна дијагностика вклучувајќи или позитивен ПВР на најмалку два специфични геномски цели или единствена позитивна цел со секвенцирање во една секунда“.[19]

Светска здравствена организација

Според СЗО можен случај е[19]

  • лице со треска, респираторна инфекција и докажана пневмонија или синдром на акутно респираторно нарушување
    и
    не е можно тестирање на СРС или истото е негативно на единствен несоодветен примерок
    и
    лицето имало директен контакт со потврден случај.
  • лице со акутна фебрилна респираторна болест со клинички, радиолошки или хистопатолошки доказ на пулмонарна паренхимална болест (на пр. пневмонија или САРН)
    и
    сомнителен СРС лабораториски тест (позитивен скрининг тест без потврда)
    и
    жител или патник во блискоисточните земји каде имало СРС вирус во последните 14 дена пред појавата на болеста.
  • лице со акутна фебрилна респираторна болест од кој било степен
    и
    сомнителен СРС лабораториски тест (позитивен скрининг тест без потврда)
    и
    пациентот имал директна епидимиолошка врска со потврден случај на СРС.

Радиологија

Резултатите од рендгенски снимки на градите вообичаено покажуваат нееднакви инфилтранти со вирален пневмонитис и САРН. Долните лобуси имаат тенденција да бидат повеќе вклучени.

Лабораториско тестирање

Според извештаите случаите на СРС имаат низок број на бели крвни зрнца и особено ниски лимфоцити.[17]

За тестирање на полимеразна верижна реакција (ПВР, англ. polymerase chain reaction, PCR), СЗО препорачува земање примероци од долниот респираторен тракт со бронхоалвеоларна лаважа, примерок од плунка или трахеален аспират со оглед дека истите имаат најголеми вирусни оптоварувања. Постојат студии кои користат земање примероци од горниот респираторен тракт преку назофарингеалното стапче.[6]

Превентивни мерки

За тестирање на полимеразна верижна реакција (ПВР, англ. polymerase chain reaction, PCR), СЗО препорачува земање примероци од долниот респираторен тракт со бронхоалвеоларна лаважа, примерок од плунка или трахеален аспират со оглед дека истите имаат најголеми вирусни оптоварувања. Постојат студии кои користат земање примероци од горниот респираторен тракт преку назофарингеалното стапче:

  • да носи медицинска маска
  • да носи заштита за очите (на пр. очила или штит за лице)
  • да носи чиста, нестерилна облека со долги ракави и ракавици
  • да врши хигиена на рацете пред и по контакт со пациент и неговата околина и после вадење на личната заштитна опрема.[20]

За постапките кои носат ризик од аеросолизација, како што е интубацијата, СЗО препорачува дека давателите на здравствени услуги, исто така:

  • да носат заштитна маска и при нејзино ставање, секогаш да се провери печатот
  • да носи заштита за очите (на пр. очила или штит за лице)
  • да носи чиста, нестерилна, облека со долги ракави и ракавици (некои процедури бараат стерилни ракавици)
  • да носи непропустлива престилка за некои процедури каде се очекува голема количина на течности кои можат да навлезат во облеката
  • процедурите да се вршат во соодветно проветрена соба: на пр. минимум 6 до 12 промени на воздухот на час во простории со механичко проветрување и најмалку 60 литри/секунда/пациент во простории со природно проветрување.
  • бројот на лица присутни во просторијата треба да се ограничи на апсолутно минимален број потребен за нега и поддршка на пациентите
  • Да врши хигиена на рацете пред и по контакт со пациент и неговата околина и после вадење на личната заштитна опрема.[20]

Времетраењето на заразноста исто така е непознато, па не е дефинирано колку долго пациентите треба да бидат изолирани. Тековните препораки се дека пациентите треба да се задржат 24 часа по решавањето на симптомите. При избувнувањето на САРС, вирусот не бил востановен кај пациентите после решавање на нивните симптоми.[21]

Се верува дека постојното истражување за САРС може да обезбеди корисен примерок за развивање на вакцини и терапија за СРС-инфекција.[22][23] Можните вакцини моментално ги очекуваат клиничките резултати.[24][25]

Третман

Иако се покажа дека СРС ја антагонизира продукцијата на ендоген интерферон, третман со ИФН ендогенти типови I и III (IFN-α и IFN-λ, соодветно) делотворно ја редуцира виралната репликација ин витро. Кога на резус макаки им бил даден интерферон-α2b и рибавирин и биле изложени на СРС, тие развиле помалку пневмонија отколку контролните животни. На пет критични пациенти со СРС во Саудиска Арабија со САРС и на вентилација им бил дадени интерферон-α2b и рибавирин, но сите умреле од болеста. Третманот бил почнат во доцен период од нивната болест (просечно 19 дена после приемот во болница) и тие веќе биле неуспешно третирани со стероиди, па останува да се види дали би имале подобрување при ваков третман во поран период од болеста.[26][27] Друга предложена терапија е инхибиција на виралните протеазни[28] или киназни ензими.[29] Истражувачите испитуваат бројни начини за борба против коронавирусот на блискоисточниот респираторен синдром, вклучително користење на интерферон, хлороквин, хлорпромазин, лоперамид и лопинавир[30] како и други агенси како микофенолична киселина[31][32] и камостат[33][34].

Епидемиологија

Сите случаи

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица