Вељуса

село во Општина Струмица

Вељуса — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Вељуса

Поглед на Вељуса

Вељуса во рамките на Македонија
Вељуса
Местоположба на Вељуса во Македонија
Вељуса на карта

Карта

Координати 41°28′33″N 22°34′2″E / 41.47583° СГШ; 22.56722° ИГД / 41.47583; 22.56722
РегионСтрумичко Поле
ОпштинаСтрумица
Население890 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2414
Шифра на КО27013, 27513
Надм. вис.330 м
СлаваМала Богородица
Вељуса на општинската карта

Атарот на Вељуса во рамките на општината
Вељуса на Ризницата

Географија и местоположба

ОУ „Гоце Делчев“
Пошта
Евангелско-методистичка црква

Селото Вељуса се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Поточно, тоа се наоѓа во северозападниот дел на Општина Струмица[2]. Ова населено место во Струмичката Котлина сместено во подножјето на планината Еленица, односно на допирот на подножјето со рамничарскиот дел на Струмичкото Поле веднаш по долот на реката Водочница кој претставува преслап меѓу планините Еленица односно Плавуш и Смрдеш. Од најблискиот град Струмица е оддалечена 11 километри[2]. Вељуса претставува развиен рурален центар со свој урбанистички план[2] и со добра инфраструктурна уреденост и поврзаност, како асфалтирана патна мрежа, водовод, електрична мрежа, телекомуникациски врски[3]. Населбата е ридска на надморската височина од 330 до 360[2] метри. Има голем атар кој се издигнува на југоисточната падина на планината Смрдеш, каде се допира со просторот на Општина Василево[2]. Површината на атарот на Вељуса изнесува 29,6 км2 на кој преовладуваат шумите на површина од 1615,5 ха. обработливото земјиште зазема 909,6 ха, а на пасиштата 101,9 ха[2].

Селото се граничи со Водоча, Белотино, Рич, Седларци, Ангелци, Варварица, Горни Липовиќ.

Историја

Селото Вељуса има многу долга и богата историска традиција уште од најраните древни времиња, а особено со изградбата на познатиот Вељушки манастир посветен на Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) во раниот среден век во 1080 година (XI век) од каде селото го добило и своето денешно име. Постоењето на овој голем, значаени и знаменит манастир, влијаело Вељуса да се развива и опстојува како многу голема и значајна населба со бројно население и разни значајни установи. Доказ за ова, за големината и значењето на Вељуса во минатото, се записите за селото запишано како Велуша во турските пописни дефтери од XVI век, односно од 1570 година кога тоа припаѓало во рамки на Струмичката нахија во Ќустендилскиот санџак, при што тоа се делело на 6 маала од кои 5 маала биле христијански и ги носеле следните имиња: Тоде Пејо (49 семејства), Пејо Ковач (56 семејства), Димитри Продан (56 семејства), Киро Петко (70 семејства) и Киро Михо (70 семејства), а во едно маало живееле и 9 муслимански семејства[4]. Во ова време во селото Вељуса, живееле вкупно 310 семејства од кои 301 биле македонски христијански семејства и 9 муслимански, со 157 неженети и 19 водвоици кои произведувале 115 товари пченица, 126 товари мешано жито, градинарски култури, зелка, праз, свила, уров, овошје, цреши, ореви, бадеми, грозје и вино, се чувале и свињи и пчели во улишта и кошници[4]. Во тоа време во Вељуса имало 12 воденици, грнчарски фурни во кои се печеле глинените садови изработени од грнчарите во селото, а имало и бочвари кои правеле буриња и корита и се плетеле кошници[4]. За сето ова селото Вељуса остварувало годишен приход од 35 430 акчиња[4], на што плаќало најголем износ на данок во цело Струмичко.

Потекло и значење на името

Порано селото се викало Палеокастро, но откако била изградена црквата, посветена на Богородица Елеуса (Милостива), селаните кога доаѓале накај црквата викале: Одиме во Елеуса… Велеуса. Станува збор за народно предание, кое се смета и за најверодостојно.[5] Манастирскиот комплекс во селото датира од 1080 година.Најстарите спомени пишувани за селото Вељуса потекнуваат од втората половина на XI век: 1080 година монахот Мануил, подоцна струмички епископ, во селото Вељуса подигнал манастир „Св. Богородица- Елеуса“. Во првиот историски споменик запишано е дека овој манастирски храм е посветен на св. Богородица- Елеуса. Тоа е грчки збор што во превод значи „милостива“.Вториот историски спомен потекнува од првата половина на XIV век; 1346 година, манастирот во Вељуса, српскиот цар Душан му ги потврдил правата на сопствеост на манастирот Ивер на Атос. Тогаш манастирот ја изгубил својата самостојност. Во турските пописни дефтери од 1570 година селото е запишано како Велуша[4].

Стопанство

Според составот на атарот селото Вељуса има поледелско-шумарска функција[2]. Претежно занимање на населението е земјоделство[3]. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 829 ха[3]. Најразвиени земјоделски гранки со кои се занмиваат жителите на Вељуса, како и во останатите села во поширокиот Струмички крај, се градинарството и поледелството. Од градинарските култури особено многу речиси во секое домаќинство и семејство се одгледува црвена пиперка - ајварка односно сортата куртовска капија на отворено, како и црвен и зелен пипер од сортите бабури, феферони, гамби под пластеници. Други земјоделски култури кои многу се одгледуваат во Вељуса се: бостан односно лубеници и дињи, тутун, патлиџан (домат - френки), зелка (пролетна и есенска), краставици (обични и корнишони), кромид, праз, лук. Вељуса е едно од најголемите производители на тутун меѓу струмичките села. Доста е застапено и лозаро-овоштарството преку бројните лозја и овоштарници на ридовите во непосредната околина. Голем дел од земјоделските производи како пиперките, лубениците, дињите, доматите покрај на домашните пазари и преработувачката прехранбена индустрија се извезуваат и во странство каде завршуваат и се пласираат на пазарите во земјите од поширокиот регион на југоисточна Европа. Во Вељуса има земјоделска задруга[2], а активно работат и 15 правни лица - претпријатија и фирми од земјоделството[3]. Во селото има и неколку продавници и трговски услужни дуќани и ресторани, а дел од населението се занимава и со други дејности како автопревоз. На падините над селото во ридско-планинскиот предел на планините Еленица и Смрдеш во правец на вештачкото Водоча често има бесправна и дива сеча на дабова шума за огревно дрво[6].

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.844—    
19532.044+10.8%
19611.825−10.7%
19711.808−0.9%
19811.720−4.9%
ГодинаНас.±%
19911.684−2.1%
19941.577−6.4%
20021.552−1.6%
2021890−42.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.000 Македонци и 300 Турци.[7]

Според бројот на населението, Вељуса е голема населба, но со опаѓање на бројот на жителите[2]. Сепак, по малиот пад на бројот на жители, во последните два пописи Вељуса бележи стабилизирање на бројноста на своето население, што се должи на доста поволните услови за живот во местото. Во 1961 година селото броело 1825 жители од кои 1718 биле Македонци и 102 биле Турци, а во 1994 година бројот се намалил на 1577 жители, македонско население[2]. Во однос на изјаснувањето по вероисповед, 1523 жители се изјасниле како православни и 29 како останати (методисти).

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.552 жители, од кои 1.548 Македонци и 4 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 890 жители, од кои 802 Македонци и 88 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население9151.1161.8442.0441.8251.8081.7201.6841.5771.552890
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Селото Вељуса денес во целост е населено со Македонци од христијанска во најголем дел православна (98,13 %), а во помал и методистичка протестантска (1,87 %) вероиспвед, додека во подалечното минато во селото живееле и Турци кои постепено целосно се иселиле. Македонски родови и семејства кои живеат во Вељуса се: Гркљанови, Ристоманови, Михајлови, Сапунџивци, Маротци[14], Стојменови, Ѓорѓиеви, Дончеви, Гогови, Пандеви, Милковски.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1761 и 1762 според Државната изборна комисија, сместени во Месна заедница.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.270 гласачи.[16]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.241 гласач.[17]

Културни и природни знаменитости

Манастирот на „Св. Богородица Милостива“ во Вељуса

Редовни настани

Личности

  • Борис Стојменов, македонски економист и политичар, поранешен министер за финансии во Владата на РМ (1998-1999) и пратеник во Собранието на РМ (2008-2011).

Култура и спорт

  • Фудбалски клуб Еленица

Иселеништво

Галерија

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица